„Шалтер-бој“, шо не ти е јасно?
1. СЈО ги користи прислушкуваните разговори како основ за покревање кривична истрага. Таа твоја таканаречена НЕСПОСОБНОСТ на СЈО е правопропорционална на можностите за институционална опструкција на нивната работа од страна на паторските метастази низ институциите. Најмногу е изразена моментално во МВР, а посебно многу во судовите, на чело со Уставен суд. Во други, поинакви околности Уставен ќе ја прогласеше самостојно ништовноста на аболицијата и ќе беше отворен пат за водење нормални истраги. Моментално сите окупирани институции мафтаат со тој испосран тоалет-папир со потпис на фикусот и ја опструираат работата на СЈО.
2. Заев може не настапил со добри барања, а може и настапил - тоа ниту ти, ниту јас не го знаеме. Факт е дека преговараше сам против сите. Дури и Хан од позиција на бивш директор на фирми на Мијалков стоеше контра него. Сепак пресудна е одлуката на УСА и Германија дека оваа тортура од 10-20 обични г***а од луѓе врз цела држава дека мора да престане. Уште поголема е веројатноста дека нивната идеја за тргање на ова ѓубре од фотеља е тоа да биде без примена на насилство и сила. Истите биле свесни колку се атрофирани, искорумпирани институциите на државата, ама сигурен сум дека се изненадени од понизноста и безкичменоста на некои луѓе (фикусот како најекстремен пример).
3. Тебе ТИ прави разлика, пошо очигледно опасно лажеш - ти реков дека и од друг форум те познавам, а се покажа дека и овде цепаш неколку профили. Да имаше стварно ти холдинг у Кина ко што лажеш овде и да беше „банкар“ (што не знам што си мислиш дека е), ќе те заболеше стојко тебе за паторот и неговите патолошко-клептомански страсти.
4. Лажгите за комбињата, странските служби и сите други инфантилни лаги кои немаат допирна точка со реалноста на прислушкувањето потекнуваат од кујната на паторот - не пробувај да протуриш дезинформации наменети за проста маса.
1. Неспособноста на СЈО се гледа по тоа што освен разговорите не излегоа со некој друг цврст доказ. Дури ни со уцени и награди не успеаа да најдат ништо. Може имаат нешто повеќе и чуваат за суд тоа ќе видиме, ама сега за сега факт е дека слабо иде.
2. Најнебитно е со какви барања настапил и со кого се борел. Битни се резултатите. Благодарение на тоа што он испреговори сега ова се случува. УСА и Германија може ќе притиснат и дојдат до некаков резултата али имај на ум они секогаш ќе се борат за својте а не твојте интереси. Тоа е тоа, избор чорба.
3. Не ми прави разлика, ти објаснив што и како. Ниту имам овде неколку профили ниту сум на други форуми. Ама тоа е, немаш што да кажеш па сега ќе правиш филмови овде. Да сакав да се кријам или користам повеќе профили немаше под Кано да ми стои Фаранг - стариот ник.Слободно нека потврдат и админите, и онака редовно се активни и бришат на темата. Ич не ми е гајле мене за Грујо, дали он или некој трет ќе биде не ми прави разлика, ниту сум гласал некогаш во МКД ниту ќе гласам. Сфати дека има луге што се водат и од тоа што стварно мислат кој може и би можел да ја издигне државата. Јас во Заев и СДС не го гледам тоа, напротив гледам некој што е спремен и да ја уништи државата само да дојде на власт.
4. Што кажа Заев од каде му се разговорите?