Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.693
Поени од реакции
25.093
„Шалтер-бој“, шо не ти е јасно?
1. СЈО ги користи прислушкуваните разговори како основ за покревање кривична истрага. Таа твоја таканаречена НЕСПОСОБНОСТ на СЈО е правопропорционална на можностите за институционална опструкција на нивната работа од страна на паторските метастази низ институциите. Најмногу е изразена моментално во МВР, а посебно многу во судовите, на чело со Уставен суд. Во други, поинакви околности Уставен ќе ја прогласеше самостојно ништовноста на аболицијата и ќе беше отворен пат за водење нормални истраги. Моментално сите окупирани институции мафтаат со тој испосран тоалет-папир со потпис на фикусот и ја опструираат работата на СЈО.
2. Заев може не настапил со добри барања, а може и настапил - тоа ниту ти, ниту јас не го знаеме. Факт е дека преговараше сам против сите. Дури и Хан од позиција на бивш директор на фирми на Мијалков стоеше контра него. Сепак пресудна е одлуката на УСА и Германија дека оваа тортура од 10-20 обични г***а од луѓе врз цела држава дека мора да престане. Уште поголема е веројатноста дека нивната идеја за тргање на ова ѓубре од фотеља е тоа да биде без примена на насилство и сила. Истите биле свесни колку се атрофирани, искорумпирани институциите на државата, ама сигурен сум дека се изненадени од понизноста и безкичменоста на некои луѓе (фикусот како најекстремен пример).
3. Тебе ТИ прави разлика, пошо очигледно опасно лажеш - ти реков дека и од друг форум те познавам, а се покажа дека и овде цепаш неколку профили. Да имаше стварно ти холдинг у Кина ко што лажеш овде и да беше „банкар“ (што не знам што си мислиш дека е), ќе те заболеше стојко тебе за паторот и неговите патолошко-клептомански страсти.
4. Лажгите за комбињата, странските служби и сите други инфантилни лаги кои немаат допирна точка со реалноста на прислушкувањето потекнуваат од кујната на паторот - не пробувај да протуриш дезинформации наменети за проста маса.

1. Неспособноста на СЈО се гледа по тоа што освен разговорите не излегоа со некој друг цврст доказ. Дури ни со уцени и награди не успеаа да најдат ништо. Може имаат нешто повеќе и чуваат за суд тоа ќе видиме, ама сега за сега факт е дека слабо иде.

2. Најнебитно е со какви барања настапил и со кого се борел. Битни се резултатите. Благодарение на тоа што он испреговори сега ова се случува. УСА и Германија може ќе притиснат и дојдат до некаков резултата али имај на ум они секогаш ќе се борат за својте а не твојте интереси. Тоа е тоа, избор чорба.

3. Не ми прави разлика, ти објаснив што и како. Ниту имам овде неколку профили ниту сум на други форуми. Ама тоа е, немаш што да кажеш па сега ќе правиш филмови овде. Да сакав да се кријам или користам повеќе профили немаше под Кано да ми стои Фаранг - стариот ник.Слободно нека потврдат и админите, и онака редовно се активни и бришат на темата. Ич не ми е гајле мене за Грујо, дали он или некој трет ќе биде не ми прави разлика, ниту сум гласал некогаш во МКД ниту ќе гласам. Сфати дека има луге што се водат и од тоа што стварно мислат кој може и би можел да ја издигне државата. Јас во Заев и СДС не го гледам тоа, напротив гледам некој што е спремен и да ја уништи државата само да дојде на власт.

4. Што кажа Заев од каде му се разговорите?
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Сеа и на овој кога ќе му најдат дека имал шестка во индекс
Според познавачите на работите, бркал услов во септемвриска сесија за да ја заврши трета година на време. Понављач ќе да е бил.:P[DOUBLEPOST=1464170932][/DOUBLEPOST]
Сороспијо,

1. Неспособноста на СЈО се гледа по тоа што освен разговорите не излегоа со некој друг цврст доказ.
Каде да излезат? Во јавноста? Доказите се за на суд. Судот не може да процесира случај за лице кое е "аболицирано". Во принцип не може ни да отпочне таков случај против истотот лице. Толку ли ти е тешко ова да го разбереш?
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.693
Поени од реакции
25.093
Според познавачите на работите, бркал услов во септемвриска сесија за да ја заврши трета година на време. Понављач ќе да е бил.:P[DOUBLEPOST=1464170932][/DOUBLEPOST]
Каде да излезат? Во јавноста? Доказите се за на суд. Судот не може да процесира случај за лице кое е "аболицирано". Во принцип не може ни да отпочне таков случај против истотот лице. Толку ли ти е тешко ова да го разбереш?

Dokolku gi imaat tie dokazi. Rabotava e sto na sud site gi oslobodija znaci prasanje e kolku ima dokazi a kolku e ustvari samo politicka igra i ocrnivanje.
 
G

Goldie

Гостин
Сороспијо,

1. Неспособноста на СЈО се гледа по тоа што освен разговорите не излегоа со некој друг цврст доказ. Дури ни со уцени и награди не успеаа да најдат ништо. Може имаат нешто повеќе и чуваат за суд тоа ќе видиме, ама сега за сега факт е дека слабо иде.
И за она со Талевски ли нема докази ? Плус многу ме интересира од каде знаеш ТИ дека нема цврсти докази, што очекуваш од СЈО да испаднат и на прес да ги презентираат доказите наместо во суд ? Плус гледам се залагаш за праведно судење за сите а нигде не спомнуваш дека судовите, полицијата се под директна контрола на власта па затоа и неможеш да очекуваш правдина.

И тоа е главниот проблем кај нас, што овие тргнаа одлично во 2006 и немаше шанси опозицијата како СДСМ да ги симне од власт ама тоа е видоа моќ и почнаа премногу да ја злоупотребуваат
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.693
Поени од реакции
25.093
И за она со Талевски ли нема докази ? Плус многу ме интересира од каде знаеш ТИ дека нема цврсти докази, што очекуваш од СЈО да испаднат и на прес да ги презентираат доказите наместо во суд ? Плус гледам се залагаш за праведно судење за сите а нигде не спомнуваш дека судовите, полицијата се под директна контрола на власта па затоа и неможеш да очекуваш правдина.
Ako imaa ke gi prezentiraa na sud na prvicnite rocista koga site im gi oslobodija. Kaj i da e ke se trgne abolicijata pa ke vidime
 
G

Goldie

Гостин
Ako imaa ke gi prezentiraa na sud na prvicnite rocista koga site im gi oslobodija. Kaj i da e ke se trgne abolicijata pa ke vidime
Судиите се под директна контрола на фамилијата, поставени се од нив и ќе играат за нив. Какви сакаш докази презентирај тие нема да им дадат притвор на осомничените за милионски злоупотреби а од друга страна на некој што протестирал фрлил боја или искршил некој излог на канцеларијата на претседателот ќе седи во домашен притвор со месеци.

Јас сум сега за ЕУ да излезе со заеднички став-предлог за специјален суд, па ако треба и со странски неутрални судии па нека судат они.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.693
Поени од реакции
25.093
Судиите се под директна контрола на фамилијата, поставени се од нив и ќе играат за нив. Какви сакаш докази презентирај тие нема да им дадат притвор на осомничените за милионски злоупотреби а од друга страна на некој што протестирал фрлил боја или искршил некој излог на канцеларијата на претседателот ќе седи во домашен притвор со месеци.

Јас сум сега за ЕУ да излезе со заеднички став-предлог за специјален суд, па ако треба и со странски неутрални судии па нека судат они.

Znaci se vrakame na ona pogore napisanoto deka zaev ne bil sposoben da se iscenka vo przino za specijalno sudstvo.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
1. Неспособноста на СЈО се гледа по тоа што освен разговорите не излегоа со некој друг цврст доказ. Дури ни со уцени и награди не успеаа да најдат ништо. Може имаат нешто повеќе и чуваат за суд тоа ќе видиме, ама сега за сега факт е дека слабо иде.

2. Најнебитно е со какви барања настапил и со кого се борел. Битни се резултатите. Благодарение на тоа што он испреговори сега ова се случува. УСА и Германија може ќе притиснат и дојдат до некаков резултата али имај на ум они секогаш ќе се борат за својте а не твојте интереси. Тоа е тоа, избор чорба.

3. Не ми прави разлика, ти објаснив што и како. Ниту имам овде неколку профили ниту сум на други форуми. Ама тоа е, немаш што да кажеш па сега ќе правиш филмови овде. Да сакав да се кријам или користам повеќе профили немаше под Кано да ми стои Фаранг - стариот ник.Слободно нека потврдат и админите, и онака редовно се активни и бришат на темата. Ич не ми е гајле мене за Грујо, дали он или некој трет ќе биде не ми прави разлика, ниту сум гласал некогаш во МКД ниту ќе гласам. Сфати дека има луге што се водат и од тоа што стварно мислат кој може и би можел да ја издигне државата. Јас во Заев и СДС не го гледам тоа, напротив гледам некој што е спремен и да ја уништи државата само да дојде на власт.

4. Што кажа Заев од каде му се разговорите?

1. Да си ја искомпромитираат работата и да откријат докази за ти да имаш по шо да пљукаш по форуми? Мали деца знаат дека не иде така нивната работа. Дека имаат докази најголем и непобивлив доказ е самото признание на кривицата со аболицијата на фикусот. Си ги откри глупото чоече од прв до последен кој е укакан и им напраи и (само привремено) добра и лоша услуга. Доволен доказ е тоа, ама као и со другиве работи глумиш овде магаре на мост. А и кој те е** што ти мислиш, битно е објективен судија што ќе мисли за тоа.

2. Битни се резултатите, да. Паторот ги прогута сите г***а до сега, ниеден датум за (местени) избори не му е прифатен до сега и без тоа колку ги „бетонираше“ со тоа гипс-картоните негови. Со мали детски инфантилни финти опструира преку институции и тоа дополнително им ги омрсува сметките на тоа чавките што треба да го бранат. Вработува синови на членови во ДИК, истите тие што му купија 6 месеци од предзатворскиот дел од кариерата. Паторот ништо нема изборено, само купува време и си мисли баба-рога сама од себе дека ќе си отиде. Интересите на УСА и Германија се и мои интереси - паторот не е во нивниот план, а не е ни во мојот. Лопови не се во мој план, криминалци, убијци, манипулатори, распродавачи на држава не се во мој план - секој непријател на паторот е мој пријател.

3. Можеш да негираш колку сакаш. Ваква слепа заинтересираност за нешто што наводно „не те тангира многу у животот“ е очигледна лага. Мене лично ме засега ситуацијава, во професијата, во животот. Секој што не ги купува провидниве лаги е за вас предавник, кодош. Пишуваш таму сороспија, соросоид (што и да ви значат овие малоумни кованици од Мирко хермафродитот и латас четникот), а жолчно се бориш за нешто за што си рамнодушен - многу провидно и малоумно, ако мислиш дека некој ти верува.

4. Заев јасно и гласно кажа дека целокупната документација му е предадена од страна на вработени во МВР, кои покажале совест, чест и чесност и се одважиле на командите на партиски инсталираните началници и директори во министерството, кои наместо да се грижат за државна безбедност во време на општа светска тешка политичка состојба, бегалци, исил-и исл. прислушкувале опозициони политичари до осми ешалон.

Ништо не си поразличен од просечен партиски пион, само мислиш дека ќе го омекнеш гневот со некакво си измислено портфолио, па уште како креативно си го смислил - ко оние дотерани цигани шо шетаат по Скопје - живее у ќумез, ама битно му се чисти италјанските кондури, коа ќе отвори уста знаеш со кого си имаш работа.
Тенк ју енд фак ју!
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.693
Поени од реакции
25.093
Ти дефинитивно спаѓаш во група на многу прост народ. Кој суд бе? Тој кај шо ебачиците од мијалков беа судијки? Кај шо ги бираше како тикви ?
Pa ako e taka ZOSTO ne baraa specijalno sudstvo? Neli se ovaa znaese zaev. Znaci ili e glup pa ne baral, ili i na nego ne mu odgovara specijalen sud. Jas mislam vtoroto e.
 
G

Goldie

Гостин
Znaci se vrakame na ona pogore napisanoto deka zaev ne bil sposoben da se iscenka vo przino za specijalno sudstvo.
Се согласуваме со тоа дека голема грешка е што не се договори во Пржино и за специјално судство ама реално што испадна од тој договор од Пржино ? Па ниту тие 4 услови владеачката партија не сакаше да ги исполни а не пак да си потпишат капитулација со специјален суд. Они се решени иднината на државата да ја ризикуваат само да се спасат од одење во затвор
Како и да е, еве да речеме неспособна е опозицијата што е решение според тебе ? Да чекаме од судовите дека ќе проработи правдата ?

Pa ako e taka ZOSTO ne baraa specijalno sudstvo? Neli se ovaa znaese zaev. Znaci ili e glup pa ne baral, ili i na nego ne mu odgovara specijalen sud. Jas mislam vtoroto e.
Да да сигурно оти и него не му одговарало, исто така и поради Заев нашиот претседател Хорхе ги аболицираше сите :icon_lol:
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Dokolku gi imaat tie dokazi. Rabotava e sto na sud site gi oslobodija znaci prasanje e kolku ima dokazi a kolku e ustvari samo politicka igra i ocrnivanje.
Каде ти виде некој да е ослободен? Постапките почнаа, па беа замрзнати бидејќи некој донесе одреден акт.*wink* *wink* Досадно ми е ова да го објаснувам, не е толку тешко да се разбере.

Да не мислеше на мерките кои се донесоа после распитите на осомничените? Интересно е како истите се "донесоа". Судијата пред кој даваше исказ екс-министерката Јанкуловска месец и пол дена не може да се оправи, камо ли одлука да донесе во врска со патните исправи на осомничената. Гарант се има шлогирано човекот сред распит.
Да не правиме муабет за другите. Има лица кои може да ги повторат делата, ама не оди работата бидејќи... е јеби га досадно ми е и мене да пишувам една иста работа нон-стоп.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
625
Поени од реакции
606
Znaci se vrakame na ona pogore napisanoto deka zaev ne bil sposoben da se iscenka vo przino za specijalno sudstvo.
Полека, ќе се повлечи аболцијата СЈО ќе згази цврсто врз криминалните бубашваби и ќе се формира специјален оддел.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.693
Поени од реакции
25.093
Се согласуваме со тоа дека голема грешка е што не се договори во Пржино и за специјално судство ама реално што испадна од тој договор од Пржино ? Па ниту тие 4 услови владеачката партија не сакаше да ги исполни а не пак да си потпишат капитулација со специјален суд. Они се решени иднината на државата да ја ризикуваат само да се спасат од одење во затвор
Како и да е, еве да речеме неспособна е опозицијата што е решение според тебе ? Да чекаме од судовите дека ќе проработи правдата ?



Да да сигурно оти и него не му одговарало, исто така и поради Заев нашиот претседател Хорхе ги аболицираше сите :icon_lol:

ОК, значи за Пржино се разбравме, грешен договор од страна на Заев, требаше да бара специјално судство. Реално сите знаевме дека судиите се проблем зошто не побара тоа еден ден ваљда некој ќе го праша и ќе ја каже вистината. Не е само тоа, и анкетната парламернтарна комисија испадна грешка, и таму требаше да се бара јавно да бидат сослушувањата ама и таму не побараа. Таа точка си пропадна ради СДС баш кога требаше Заев да биде сослушан. Повторно аматерски изиграно.

За избирачкиот список што да се каже и таму СДС избега, мислам дека нема човек во мкд кој не познава барем 3-4 фантоми. На крај и тоа го потпишаа сите сосе независните експерти освен СДС и претседателот на ДИК кој е нивен човек. Независно, еве сега има пак време нека се договорат и нека се направи уште едно чешлање на списокот ама да нема пак бегање од одговорност.

За медиумите се крева нон стоп врева а види ги во УСА, Британија или на ред други места. Се зима за пример холандскиот модел, ок може е најбалансиран и најпосакуван ама таму тоа си е така со векови. Овде прво и основно нема таква култура, кој и да е одма напаѓа и не гарантира медиумска слобода. Реално Заев не ни бара медиумска слобода, он сака медиумска контрола преку разни нон владини, при тоа не ни прашувајќи ги газдите или новинарите. Да не се лажеме 90% од медиата порано беше под задркила на СДС. Од Дневник, Нова Македонија, Сител, Латас и ред други се беа тоа сдсмовски гласила. Сите сменија страна зашто копитава кој ја водат опозицијата цело време плукаат по нив па нормално и овие враќаат. Како и да е за ова претпоставувам нема да се согласиме никогаш, затоа кај нас тој холандски модел нема да помине. Не гледам како.

Одвојување на партијата од државата, ова треба да се направи. За жал ова е речиси невозможно. Не гледам како и кој би го спровел тоа. Најдобро на што може да се надеваме е дека буквално се ќе приватизираат или дадат под концесија и со тоа освен основните сервиси се ќе се води од приватнаци па ќе нема толкава армија администрација/гласачи. Дури и тоа незнам колку е добра опција зашто мислам пак ќе најдат начин како да се набутаат али бар ќе има многу помалку паразити.

Правда во сегашните судови ќе нема. Судот ќе ја штити власта СЈО ќе ја штити опозицијата. Решение е Заев да седне и да преговара. Овојпат мора да се договори како треба. Не смее да бега како пред некоја недела кога беа викнати во Виена. Политика е, луге треба да сфатат дека тоа подразбира правење тешки компромиси. Јас да бев ќе се согласев на избори под услов да добијам специјално судство, аболицијата да се повлече и да нема веќе имунитет, помилувања итн за сите кој ќе бидат осудени. Немаше да дојде СДС на власт одма ама бар ќе имаше осудени и сигурно повторно предвремени избори, нормално ако СЈО е способно во такви услови да ги добие случаите.

Аболицијата на Хорхе е само билдање позиција за финалните преговори. Секако дека ќе се тргне.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.693
Поени од реакции
25.093
Каде ти виде некој да е ослободен? Постапките почнаа, па беа замрзнати бидејќи некој донесе одреден акт.*wink* *wink* Досадно ми е ова да го објаснувам, не е толку тешко да се разбере.

Да не мислеше на мерките кои се донесоа после распитите на осомничените? Интересно е како истите се "донесоа". Судијата пред кој даваше исказ екс-министерката Јанкуловска месец и пол дена не може да се оправи, камо ли одлука да донесе во врска со патните исправи на осомничената. Гарант се има шлогирано човекот сред распит.
Да не правиме муабет за другите. Има лица кои може да ги повторат делата, ама не оди работата бидејќи... е јеби га досадно ми е и мене да пишувам една иста работа нон-стоп.
Да мислев на распитите. Така беше, судот ги бранеше и ќе ги брани, исто ко и свадбата на Катица па и нејзиното преземање на случаевите на Заев. Се вртиме во круг. Сега за сега се слободни, ќе видиме понатака.

Сега за сега СЈО нема некаков успех, тој дел се согласуваме?[DOUBLEPOST=1464187448][/DOUBLEPOST]
Полека, ќе се повлечи аболцијата СЈО ќе згази цврсто врз криминалните бубашваби и ќе се формира специјален оддел.
Во ред е тоа де, немам ништо против, ова требаше уште од почеток, џабе изгубивме година и сите нервози.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom