Имаме неспособна и трула опозиција, да се помириме веќе. Дури денес Заев дозна дека е изманипулиран, веќе месеци уназад Дпмне грубо го крши договорот од Пржино, исполнети се обврските само од опозицијата, уште од самото потпишување за нив значеше тоалетна хартија. Стварно не ми е јасно за кој прават толку калкулирање, толкава пасивност не е видена во ниедна земја по обелоденување на крупни криминали и злосторства за власта, ниту еден режим не е срушен на демократски начин. Пастирот ја весла меѓународната заедница како сака, нема да биди премиер само за да не воведат санкции на земјата, ама ќе ги влечи конците исто како да е на функција, се до регуларниот датум за избори.
Друже, кажа ли Заев, се што ни е на располагање ќе искористиме, значи си тера се по своја стратегија, си договорил нешто, почитувај го, и чекај противникот да го почитува, ако развлекува, критикувај го секаде со кого и да се среќаваш дека одолговлекува, дека сака да прескокнува делови од договорено за да оди пак на нелегитимни избори.
Инсистирај да се спроведе СЕ од договорот и чекај си. Со тој став, противникот ќе си прави мајтап со тебе, а всушност си прави со себе, бидејќи светот не е слеп, гледа што се случува и затоа повеќе пати го опоменува да ги одложи избори од 24ти, да ги одложи од 5ти, да укине аболиција, да се остави СЈО да работи.
И ќе го опоменува додека не се укине аболиција и не паднат првите притвори.
Мислиш Заев не знаел како ќе се одвиваат работите, затоа и постапува правилно да ги тестира институциите, судството како ќе реагира, целта е се што тврдеше при презентирање на снимките се да излезе на виделина, па ние тука форумаши скоро секој чекор им го предвидувавме, па велиш Заев денеска дознал дека е манипулиран.
Сами си распуштаа собрание, сдсм се повлече, сами си распишаа избори, сдсм не учествуваше, сами си донесоа аболиција, сдсм се спротивстави и бара поништување на СИТЕ. Е сега велат бега сдсм од одговорност во собрание кога се донесуваат одлуки, па другари сами си засравте сами ќе си сркате, нека ви се смее целата јавност, најубав доказ какви кретени сте. Мислевте дека некого будала ќе правите, а сами се закопавте.
Какви други чекори очекувате од Заев, па самата смиреност и константното повторување на истите реченици ги ништи у поим вмровците, лаеја цело време дека менувал изјави а он веќе две години повторува - избори мора да има фер и легитимни, мора да има техничка влада, мора да има прочистен список, мора медиумите да се реформираат, за криминалот ќе си одговарате, нема бегање, нема нелегитимни избори, сакаме конечно правда.
Дали мислиш ти дека Заев лично сам одлучува за сите чекори, кој знае колкав тим на стручњаци има кои го советуваат што како да прави, како правно да ја тера работава без никакви последици да сноси.
Целта на Заев е да докаже и да ги разоткрие кој ги прави матните работи овдека, кој не почитува ништо кое што е договорено, и секако дека нема страв од обвинителството, нека се укинат аболициите па да видиме тогаш кој што правел а и за Глобал ќе се открие дека е обична хајка.
Инаку, уште нешто, каде се нападите од југ и од север, се посраа со тие украински сценарија, секојдневно гнојовци сереа низ државава ќе не нападнеле на 14,15,16 мај мигранти од југ, те косовари, учки од север, како што рече еден член тука да не беше Оливер, до сега ќе бевме пола држава разрушена убивајќи се меѓусебно брат со брат. Сакаа со разноразни глупости да го заплашат народот и да притискаат врз протестите да не се одржуваат.