Акции на СЈО (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Или нема воопшто да го јаде пошто ЊАМА криминал...
И да нема, лудаците ќе му најдат некоја ситница и ќе го влечкаат по обвинителни клупи, а тој шо украде милијарди ќе шета гордо и ќе продава прикаски дека е пратен од Господ да ја води Македонија.
 
Или нема воопшто да го јаде пошто ЊАМА криминал...

Незнаев дека уцена не е криминал.
Неговиот случај е прелесен, 100% ќе биде осуден (освен ако не е договорено поинаку со Грујо)
 
Незнаев дека уцена не е криминал.
Неговиот случај е прелесен, 100% ќе биде осуден (освен ако не е договорено поинаку со Грујо)
Еве и јас незнаев дека земање на 20 милиони евра провизија не е криминал, сега ми се разјасни.
 
дпмне-овци викат грујо е чист, нема криминал. овие сдсм-овци пак викат заев е чист, нема криминал.
а они и двајцата иста сорта, тешки арамии, длабоко заглибени во криминал. крадат од кај стигнат.
заев нека се сили само, ама лесно ќе биде него да го осудат, што е виновен виновен е. и докази има, по брза постапка ќе го решат. изгледа сето ова местенка е за да го осудат заев. изгледа он прв ќе се всели во новото станче во идиризово.
од овие арамиите преродбеници изгледа никој нема да лежи ќорка. изгледа имаат добро изиграно со американците.
 
Еве и јас незнаев дека земање на 20 милиони евра провизија не е криминал, сега ми се разјасни.

Каде кажав дека НЕ Е, само тие случаи се тешки за докажување, парите сигурно се свртени преку странски банки (оти сум уверен дека земале провизија), ако излезе дека пример вреќа бетон чини 1000 ден, пак ќе се спаси не е он тој што го пресметувал чинењето на автопатите, исто и за другите случаи, немој да мислите дека они спијат една година, досега се живо се испеглале (сведоци, документи итн.)

Додека кај Зајко си имаат судски докази дека он го уценува премиерот на државата (макар бил и најкурумпираниот човек на светот), тука ќе му го додадат и објавувањето на снимките, колку и да се зборува за криминал ти не смееш да објавуваш лични снимки (мислам дека не смееш да објавуваш дури и ти да си едната страна), затоа Зајко на секаков начин се обидува/ше да се одложи судењето, оти и со едно-две рочишта би го осудиле.
 
@Toma што е тоа уцена и кој елемент од тоа дело е клучен за да има противправно/кривично дејствие?

За нас понеупатените објасни...
 
@Toma што е тоа уцена и кој елемент од тоа дело е клучен за да има противправно/кривично дејствие?

За нас понеупатените објасни...

Изнуда Член 258
(1) Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист со сила или со сериозна закана ќе присили друг да стори или да не стори нешто на штета на свој или на туѓ имот, ќе се казни со затвор најмалку една година.
(2) Тој што делото од став 1 ќе го стори во состав на група, банда или друго здружение или со употреба на огнено оружје илн опасно орудие, на особено насилен начин или ако притоа е прибавена значителна имотна корист или настапила значителна имотна штета или на некое лице со умисла му е нанесена тешка телесна повреда ќе се казни со затвор најмалку четири години.
(3) Со казната од став 2 се казнува и тој што делото од став 1 ќе го стори за награда.
(4) Ако при извршувањето на делото од став 1 некое лице со умисла е лишено од живот, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор.

Уцена Член 259
(1) Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист ќе му се закани на друг дека за него или за нему блиско лице ќе открие нешто што би можело да и наштети на неговата или нивната чест или на неговиот или нивниот углед и со тоа го присили да стори или да не стори нешто на штета на својот или на туѓ имот, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години. 106
(2) Тој што делото од став 1 ќе го стори како член иа група, банда иди друго здружение или е прибавена значителна имотна корист или настапила значителна имотна штета, ќе се казни со затвор од една до десет години.
 
Значи на пастирот не му гини доживотен затвор.
 
абе остај уцена, заев е крив за мито, за присвојување имот. пола струмица ја купи. од тежок сељак, дојде до газда да се прави.
 
Овај копуков на секој пост го има со дебилни коментари на сите можни фан пејџови и медиуми било да е на власта или опозицијата. Кога влегувам со некој на форумов во дискусија.бранител на режимот, ми се прави слика дека пишувам со овај. Толку се исти, толку исти зборови користат како да се чипирани сите исто.
 
Владејачкото мнозинство ги забрани „бомбите“
Следно шо ќе биди ? Укинување на повеќе партискиот систем во државата ? Некако после посетата на овие "помагачите", Грујо бајаги е охрабрен и одлуките ги спроведува во дела, или грешам ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom