M
Moon Child
Гостин
Леле ќути ова со Даја, јас пред едно 4 години се жалев, го искина пролив од неа, а исто на брзина при рака ми се најде, еј ама ја јадеше ко луд хахаха. Ја си викам супер му се свиѓа, кога фати после тоа да тртори само трчав по него да го бришам лом се правеше по нозете фуј Оттогаш кога ќе видам Даја бегам ко од ѓаол, и на сите им кажувам да не ја купуваат.Daya е најлоша храна што може да се купи кај нас, јас ја викам брзосмртка. Исто Whiskas, Kitekat, Friskies и останатите супермаркет брендови, во нив има вештачки бои и ароми за да бидат првилечни за животните да ги јадат, затоа и највеќе ги сакаат и се дават во тањирот кога ќе им ставиш. Јас предходната мачка со Whiskas ја хранев и ми ја повраќаше, ама јас мислев повраќа од што беше болна (рак), а таа изгледа имала нетолеранција на некоја од состојките. =/
Royal Canin е скапа но не и најдобра (само попозната како и Hill's и Iams), овие две Leonardo (580ден/1КГ) и Farmina Matisse (360ден/1КГ) се со подобар состав и поквалитетни. Royal Canin е само попозната од нив. Leonardo се продава во СК во пет шоп Парк и пет шоп Животинско Царство а Matisse се продава во пет шоп Гарфилд во СК.
Иначе незнаев дека и Фрискис и Китекат се лоши, мислев се некој стандард. Ние додека бевме во МК, му купував Миљор Гато, исто супермаркет бренд, ама не сме ја трошеле оттогаш мноооогу одамна, а гледам дека и овде ја има.
Оваа Минкас што зборував, не е претерано скапа, а гледам нема обоени зрнца, цела е кафена, не се покажа како лоша, јас 10 кг храна купив за 25 евра. Добро кога купуваш вреќа и поефтино се фаќа. Ама еве 2 години е на неа и супер му е.Килажата е нормална, не се разболувал во последно време од ништо, така што ќе си ја фураме Минкас уште долго време