Мачки (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата faraon
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе дај ве молам помагајте. Мачката ми е трудна веќе 1 месец, но е многу прибирлива кога се работи за храна. Сува храна не сака да јаде, јадеше, но сега само пробува и ја остава. Во млеко не сака, млеко пиеше, но сега и тоа не сака. Единствено салами сака, но не сакам на таа храна да ја ранам. Ве молам помагајте не знам што да правам...
 
Кoнзервa или raw си прoбaл дa и дaдеш?
 
Читав дискусијата за болвите, луѓе пазете ако приметите дека една има одма ставајте ампула, затоа што ќе ви истресе јајца од болви насекаде низ домот. Јас пред да си го земам мачорот од МК баба и сестра ми го запустеле малце таму, фатил болви и толку многу имал што почнале да излегуваат од него и да се множат каде ќе стигнат, значи рој од болви дома било и јајца од болви. После тоа морале цела куќа комплет да ја прскаат со незнам што за да се искорени се комплет.
@loveanimals ќе ја ставаш ампулата таму каде неможе да ја дофати, т.е. на вратот измеѓу ушите.
 
Дечки мачињава утре ми прават месец :D
Уште се мали за да јадат ама ме интересира од кога би требало да почнат?
И што би ми препорачале да им дадам за почеток,конзерви или?
 
Дечки мачињава утре ми прават месец :D
Уште се мали за да јадат ама ме интересира од кога би требало да почнат?
И што би ми препорачале да им дадам за почеток,конзерви или?
Нa 3 недели пoчнувaaт дa јaдaт. Мoжеш дa пoчнеш и сo кoнзервa и сo дехидрaт.
 
Дечки мачињава утре ми прават месец :D
Уште се мали за да јадат ама ме интересира од кога би требало да почнат?
И што би ми препорачале да им дадам за почеток,конзерви или?
Моето е од 4 недели на сува храна, така да можеш постепено да ги навикнуваш.
 
Денес у сабајле мачката ми изгледаше многу вознемирено. А малите мачиња не беа таму у своето место инаку мачињата се околу 3-4 недели. А сега ни мачката не сум ја видел. Не знам дали и го променило местото или им се случувало нешто.
 
Најверојатно ги преместила мене така ми имаше направено
 
Најверојатно ги преместила мене така ми имаше направено
Вчера мачката се врати заедно со малите мачиња.
Уште нешто една од малите мачиња се уште ги нема отворено очите,малку помош ако некој имал вакво искуство.
 
Вчера мачката се врати заедно со малите мачиња.
Уште нешто една од малите мачиња се уште ги нема отворено очите,малку помош ако некој имал вакво искуство.

јас знам дека до 14дена не гледаат мачиња ама ако ти се постари не би знаела да ти кажам што е проблемот.Ако знае некој нека каже ако не консултирај се со ветеринар
 
20160615_133115.jpg 20160615_134731.jpg 20160615_134825.jpg 20160615_134855.jpg 20160615_210829.jpg moments_dba48557-854c-4052-a7cc-8dd5b60eb355_hi_res~2~2.jpg moments_6612e007-6d6d-4186-878f-f3cda364d971_hi_res~2~2.jpg
Втoриoв ден пoуспешен oд првиoт. Црнo белoтo oдбивaше дa јaде и се бунтувaше, a требaше сaмo дa сменaм фoрмулa и испи цел шприц без прoблем. Белoтo зa мaлку ќе се вдoмеше, a другиве 2 супер нaпредувaaт. Не е тoлку тешкo кoлку штo зaмислувaв. Кучетo се вoзбудувa (мaлку) пoвеќе рaди нив, дa би и дoзвoлилa цел ден би виселa сo муцкaтa гледaјќи ги.
 
Последно уредено:
Здраво моето маче се врати дома целото црно од нафта и пробав да го избањам но ништо не ја чисти нафтата, ако може помош од некој кој е бил во ваква ситуација, ви благодарам
 
Ај вака. Пред некој ден бев на вечера во кафана и дојде едно маче абе шо бомбона. Му дадов да јадит, го погалив значит питомо е научено е како со луѓе. Мачево имаг негде 5 месеци значит не е ептен мало. Ги прашав во ресторанов дали е од некој рекоја улично дека било. Е сега прашањево ми е ако го земам дали ќе останит то дома или ќе ми забегат негде со оглед дека е веќе големко и не е приврзано за нас?
 
Многу зависи од карактерот, зависи и каде живееш. Исто така, мачките не се приврзуваат толку за личноста, колку што се поврзуваат за околината т.е домот. Според мене подобро е во стан, бидејќи така полесно ќе се навикне на околината, а во куќа би имало повеќе нагони да избега бидејќи отворен му е патот. Е сега за возраста не сум сигурен, мада имало луѓе што земале и постари мачки и ги чувале. Можеш да пробаш, да го земеш. Ако си седи мирно, ако не бега и ако гледаш дека се навикнува, супер. Мачките најчесто бегаат од домот кога им доаѓа време за парење, такада за да се осигураш дека нема да ти избега, потребно е и на ветеринар да му направи кастрација или стерилизација, што не е ништо страшно :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom