Јас Никола, немам Пастир, не сум криминалец, не сум зависник од партија... мојот живот не и’ го „должам“ на партија. Имам професија која ја работам долго време, заработувам, не сум (бил) никогаш никаков функционер, ни најситен. Немам никаква причина да се држам до некоја страна за некаков интерес. Ти веројатно си таков, па мислиш дека мора секој така да опстанува.
Ти може да се жестиш овде, ама тоа не значи дека си во право. Тоа нема да го направи СЈО уставно. СЈО работи целосно на незаконска основа. Прислушуваните разговори се тежок криминал. Тоа е огромен систем на прислушување. Тие снимки мора да се отфрлат како тотално нерелевантни, тоа го напишале законопишувачите. Уште поважно и пострашно е што никој не се занимава со потеклото на овие материјали. Мора прво да се објави од каде се. Ако се од МВР (или сл.) нека се каже, ама тешко е да се поверува во тоа. Како и да е. Мора тоа прво да се објави. Но, се молчи... не е тоа туку-така.
СЈО отвори постапки, повторно... на крајно непрофесионален начин. Се гледа дека нив не им е целта правда да тераат туку налози за дискредитација на власта. На прес конференциите останува уште пресуда да изречат. Јас не велам дека обвинетите не се виновни, но тоа треба прво постапка да го докаже. А изјавите на Катица се „скандалозни“, човек да се запраша да не и’ недостига нешто на женава (во главата) или па така е инструирана да изјавува. Тотална самодевалвација. Просекот од 6,24 иако не е законска пречка за неа, ама морална е секако. Па таа се провлекла на факултет, веројатно многу пати и 6-ка и ставале колку да не падне.
Претседателот има законско право да помилува и слично. Кажи ти кој член од закон е прекршен со неговата постапка. Реков еднаш, друго е прашање дали е ОК да помилува, дали треба... Но, јас го проширувам ова прашање со тоа што уставниот суд треба да ја преиспита уставноста на СЈО, да го укине како институција.. па со тоа и без аболиција овие случаи ќе „паднат“. Ако се постапува поинаку, тоа би значело незаконитост. Ти пак пишувај си според твоите партиски желби, можеби инструкции... ама јас ќе продолжам да инсистирам на закон и ред. Зошто? Затоа што не сме сите зависни од партија или слепи следбеници на лидерот. Исто така, немаме сите вжештени глави и со „ладни“ глави можеме да реагираме разумно, да не се случува анархија и линч.