Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
СЈО треба само да ја забрзаат работата, многу се влечат, никакви резултати немаат досега покажано.
кога ќе видиме некого од тие криминалците од дпмне во судница, на обвинителна клупа, тогаш ќе се докаже дека нешто работеле.
изгледа дека само пари трошат, а ништо не работат. исто како и владата.
или нека покажат резултати или нека се распушти СЈО.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.579
Поени од реакции
16.782
Како доказ можеби нема да важат али како основа за истрага - може.
Ако ти слушнеш неовласено или снимиш дека некој направил криминал со таа информација може да се покрене истрага иако не може тѕаа снимка да се употреби на суд како доказ.
Мислам замисли одиш в полиција и велиш “Имам снимка каде се спремаат да убијат чоек“ и тие велат “кој ти дозволи то да го снимаш?“
Така и сега власта сака да ги замачка работите, па речиси сите истраги и апсења се плод на некоја информација добиена без судски налог, некој кажал, некој слушнал.
јасно е дека обвинителство, па и специјалното може да отвара предистрага, но не е законски оправдано ниту ЈО ниту СЈО да бара притвор само на база на дојавен глас или сведок, а без матерјален доказ и правна основа..ако е така и зајко требаше досега да биде притворен, од сведок за поткуп, јавни изјави за јадење живи луге, снимка во која самиот признава соработка со странски служби... Дури и за новиот медиски експонираниот случај во Битола ( не сум запознает со детали), но мислам дека СЈО се уште немаат откриено класична корупција, туку само наводно поскапо платено од тендерот...тоа е противзаконски, но не мора да е корупција, т.е. пари во приватен џеб...[DOUBLEPOST=1463426491][/DOUBLEPOST]
СЈО треба само да ја забрзаат работата, многу се влечат, никакви резултати немаат досега покажано.
кога ќе видиме некого од тие криминалците од дпмне во судница, на обвинителна клупа, тогаш ќе се докаже дека нешто работеле.
изгледа дека само пари трошат, а ништо не работат. исто како и владата.
или нека покажат резултати или нека се распушти СЈО.
по мене погрешно е што се ограничи СЈО на прислушкувани разговори .... зошто не работи конкретно, по цврсти докази...Ама по се изгледа нема такви работи туку само лажни петарди се фрлаат од жолти медиуми...
Зошто СЈО или ЈО не го притегнат новинарот од ФОКУС кој не сака да каже кој му ги дал 105-те лажни ЛИЧНИ карти, а можеа СЈО да го притегнат Крпач ??
 
Последно уредено:
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.415
Поени од реакции
4.320

Мешате баби и жаби. Никој не бара притвор ниту покренува обвинение или води постапка врз основа на снимките. Снимките се само индиции за сторен криминал, показател дека некаде има криминал, сомневање за криминал. СЈО по снимките само покренува предистражни постапки што значи по нив повикува сведоци, бара информации од државни органи, фирми, проверува сметки, трансакции и слично... Ако врз основа на изјавите на сведоците и другите прибавени докази се покаже дека некаде има криминал тогаш поведуваат истрага и можат во таа постапка да бараат притвор. Значи, кога судот одлучува за притвор како и за вината тој нема да суди според снимките туку според другите докази кои ке се обезбедат и утврдат во постапката. Не ширете само магла и смрдеа дека некој се гони со снимките.... На пример, снимките за провизијата од израелците се само сигнал, индиција за СЈО дека нешто таму не е чиста работата и треба да се истражи. СЈО ке си повика на распит луѓе кои ја спроведувале постапката за набавка на таа опрема, ке си побара од МВР документација за набавката, ке испита како и колку се платило за таа опрема, ке побара преку дипломатски пат документација од израелците за тоа како и преку кого одела продажбата, на кои сметки, каде и колку пари се платени за таа опрема, ке ги повика сите лица за кои смета дека можат да дадат корисни информации и потоа врз основа на сите тие прибавени докази ке реши дали има основи за покренување на постапка. Ако има основи случајот ке се изнесе пред суд кој врз основа на приложените докази од СЈО ке реши дали ке изрече притвори ако тоа го бара СЈО и врз основа на сите докази кои ке се изведат во постапката ке утврди дали кај некого постои вина.... Значи сватете еднаш една едноставна работа дека врз основа на снимките на никого ниту може да се изрече притвор ниту да се прогласи за виновен...
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
СЈО треба само да ја забрзаат работата, многу се влечат, никакви резултати немаат досега покажано.
кога ќе видиме некого од тие криминалците од дпмне во судница, на обвинителна клупа, тогаш ќе се докаже дека нешто работеле.
изгледа дека само пари трошат, а ништо не работат. исто како и владата.
или нека покажат резултати или нека се распушти СЈО.
Може да е така како што викаш, ама да немаше резултати навистина, немаше фикусот да помилува и немаше да дојде до овој општ повик за тревога во криминалнава банда. Штом можел да дознае фикусот имиња, сигурно знаат и која од истрагите до каде е. Деновиве ќе заврши оваа бламажа со изборите, па откако комплетно ќе им биде оневозможен пристап за притисок врз судот ќе се отвори можност за посебно одделение кое ќе ги вади од тоа глувчешките дупки од кои се кријат. Најбитно во моментов е техничка влада со тотално расчинување на инсталациите на дпмне низ институциите што ќе отвори можност за непречено апсење, одредување притвор и објективно спроведување правда. Од некои пријатели од судски кругови имам информации дека веќе и се знаат судиите и судскиот кадар кои би биле вклучени и дека во тотален аут се гмизавците "вечно благодарни на см" од тефтерот - така да шансите некој со по 13, 16 предистражни постапки да си лади муда по дома и да се брани од слобода ќе бидат неверојатни.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.579
Поени од реакции
16.782
Ако врз основа на изјавите на сведоците и другите прибавени докази се покаже дека некаде има криминал тогаш поведуваат истрага и можат во таа постапка да бараат притвор. Значи, кога судот одлучува за притвор како и за вината тој нема да суди според снимките туку според другите докази кои ке се обезбедат и утврдат во постапката. Не ширете само магла и смрдеа дека некој се гони со снимките.... На пример, снимките за провизијата од израелците се само сигнал, индиција за СЈО дека нешто таму не е чиста работата и треба да се истражи. СЈО ке си повика на распит луѓе кои ја спроведувале постапката за набавка на таа опрема, ке си побара од МВР документација за набавката, ке испита како и колку се платило за таа опрема, ке побара преку дипломатски пат документација од израелците за тоа како и преку кого одела продажбата, на кои сметки, каде и колку пари се платени за таа опрема, ке ги повика сите лица за кои смета дека можат да дадат корисни информации и потоа врз основа на сите тие прибавени докази ке реши дали има основи за покренување на постапка. Ако има основи случајот ке се изнесе пред суд кој врз основа на приложените докази од СЈО ке реши дали ке изрече притвори ако тоа го бара СЈО и врз основа на сите докази кои ке се изведат во постапката ке утврди дали кај некого постои вина.... Значи сватете еднаш една едноставна работа дека врз основа на снимките на никого ниту може да се изрече притвор ниту да се прогласи за виновен...
Изјави на сведоци не се сигурна работа, а може да бидат и лажни. Во Хрватска Санадер е држен во притвор неколку години само на база лажна изјава на сведок ... а има и кај нас случка Орешје, сведокот ја смени изјавата...
Башка, може лесно да се случи и притворска војна меѓу ЈО и СЈО, ако се укинат амнестиите кривични имаат многу луѓе и се е можно. Б.Т.В. Лица со Имунитет имаат имунитет за дела за кој се лежи до 5 год. затвор, т.е не може да се притвараат и затвараат додека не се укине имунитет...
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
До толку ли си заминат бе со паметот ?
Зошто така мислиш? Баш се логични прашањата.

Инаку, потполно е точно дека СЈО снимките може да ги користи само како основа за истрага, а истите не може да се докази. Јас само тврдам дека СЈО како институција е формирано на нелегална основа. Се коси со уставните дефиниции на јавното обвинителство. Треба да се најде ново решение, согласно уставот. И суд ако се формира, не смее да е надвор од сегашните, не е дозволено со устав, мора да е во рамките на постојните.

Или да се промени уставот.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
А за што агитира било кој? Само едно 200-300 раководни лица од ВМРО да одат во затвор и после нека има избори. Не знам кој ќе тепа така? Ти што мислиш?
Kje tepa pravdata i normalnosta?
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Зошто луѓево кои немаат аргументиран одговор напаѓаат само со навреди?
Ај бе престани со верглање на овие два збора. Мислиш дека изгледа интелигентно ова што си го научил и само го повторуваш. Те испегла овде кој како стигне и уште памет не ти доаѓа.
Убаво рекол Фројд (парафраза) „Прв симптом што ја покажува глупавоста на еден човек е неговото отсуство на срам“.

Пиши бе ако имаш контра аргумент и кажи ми зошто СЈО е уставно, јас тврдам дека не е. Пиши зошто избори не може со еден кандидат, јас тврдам дека законски може... Ама повикувај се на закон, а не по твое мислење (или не знам чие).
Во своето десетгодишно владеење знаеш колку закони има дпмне донесено што не беа уставни, па додека немаа целосна контрола врз Уставен суд, законите им паѓаа како крушки.
СЈО е формирано како општ консензуален договор меѓу 4 политички чинители со најмногу гласачи во земјава (што би рекло луѓето што ги интересира политика и што гласале). За да не се губи многу време да биде државава во ваква раскурцана состојба како е, машки договор беше да се почитува работата на СЈО, да не се опструира и да не се спори нејзината уставност. Прашање на една комисиска расправа и една собраниска седница беше таа да влезе во Устав. Тоа што таа п***а што ти ја браниш, што треба да иде у затвор ги користи сите средства да не работи СЈО по зададена динамика, неопструирано, не се држи до договорот и стимулира вакви пацови да ја спорат уставноста на оваа институција е приказна за себе. Постојат поими што се вон твојот дофат - џентлменски договор, фер игра, општокорисно добро, добро за државата и сл. А ти сега пак продужи во стилот на боксерот да верглаш за „неуставноста на СЈО“ и нервирај се, ако имаш орган за нервирање воопшто.
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ај бе престани со верглање на овие два збора. Мислиш дека изгледа интелигентно ова што си го научил и само го повторуваш. Те испегла овде кој како стигне и уште памет не ти доаѓа.
Убаво рекол Фројд (парафраза) „Прв симптом што ја покажува глупавоста на еден човек е неговото отсуство на срам“.

Во своето десетгодишно владеење знаеш колку закони има дпмне донесено што не беа уставни, па додека немаа целосна контрола врз Уставен суд, законите им паѓаа како крушки.
СЈО е формирано како општ консензуален договор меѓу 4 политички чинители со најмногу гласачи во земјава (што би рекло луѓето што ги интересира политика и што гласале). За да не се губи многу време да биде државава во ваква раскурцана состојба како е, машки договор беше да се почитува работата на СЈО, да не се опструира и да не се спори нејзината уставност. Прашање на една комисиска расправа и една собраниска седница беше таа да влезе во Устав. Тоа што таа п***а што ти ја браниш, што треба да иде у затвор ги користи сите средства да не работи СЈО по зададена динамика, неопструирано, не се држи до договорот и стимулира вакви пацови да ја спорат уставноста на оваа институција е приказна за себе. Постојат поими што се вон твојот дофат - џентлменски договор, фер игра, општокорисно добро, добро за државата и сл. А ти сега пак продужи во стилот на боксерот да верглаш за „неуставноста на СЈО“ и нервирај се, ако имаш орган за нервирање воопшто.
Ме испегла со навреди и во стилот „немаш поим“. Инаку сте далеку интелектуално зад мене. Знам дека нема да се сложиш, ама кој будала за себе вели дека будала, кој пијан за себе вели дека е пијан, кој дебил за себе си признава...

Еве, пак даваш имбецилни одговори.. и тоа треба да е „пеглање“. На пример... „СЈО е формирано како општ консензуален договор меѓу 4 политички чинители со најмногу гласачи во земјава“. Ова е добар одговор? Не верувам дека самиот веруваш во исправноста на ова. Како може 4 партии да одлучат на ниво на „улица“? Прво, мора да е според позитивните законски решенија. СЈО е спротивно на уставот... значи, мора да се укине. Пак ми даваш слаб одговор.
Те прашувам, според која законска (уставна) можност е креирано СЈО?
Ти пишуваш овде своја партиска колумна. Не ме интересира ништо друго, дали законот е прекршен или НЕ. Уште да ти кажам дека пацов е српски збор. Јас го бранам законот, ако тоа е женски полов орган, твој проблем. Велам јас дека немаш аргументи.
Во затвор треба да оди оној за кого има докажана вина, институционално, од легални органи. Дали некој треба или не треба не можеме ние да кажеме. Ниту ти. Јас мислам дека ти треба да одиш в затвор, релевантно ли е? Секако дека не. Едно се нечии желби, а друго е постапка. Линчовите се опасна работа, тука многу невини гинат. Ама кога нам ќе ни се случи нешто такво, лично, тогаш почнува да боли, а за другите не ни е гајле.
Остај ги партиските колумни и пиши според кој член од Уставот е формирано СЈО. Според кој член од устав или закон не може да има избори ако е само еден кандидат?
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Остај ги партиските колумни и пиши според кој член од Уставот е формирано СЈО. Според кој член од устав или закон не може да има избори ако е само еден кандидат?
Имав еден соученик ваков ко тебе во основно. Сите го тепаа пошо се праеше вака „паметен“ како тебе. Во секоја дискусија учествуваше со промашена суштина, ама се бавеше со некои тотално небитни детаљи со убедување дека поентирал...ништо не напраи у животот, ене го глеам низ населба се ашка као вол.
Јас убаво ти објаснив, а и погоре ти кажаа зошто СЈО е во таква форма како што е. Тој е последниот џокер кој може да ги спаси од гниење во затвор таа банда што те праќа да замараш овде, затоа што изборите се веќе пропадната работа.
Ај кога си таков тупаџија, седни и објасни како е уставен самоволниот проглас за аболицијата од страна на фикусот, да идеме со иста мерка.
И не ми кажувај како се зборува во Скопје, добро си знам.
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Те прашувам, според која законска (уставна) можност е креирано СЈО?
Законска (уставна) можност? :rolleyes:

Кој црни закон, кој црни устав бе пријателе? Сваровски судиите од тефтерчето на Брколина? За нив дискутираш?
Анонимен адвокат од Охрид дава предлог до Уставен за измена на законот за аболиција, и следниот ден Уставниот суд носи одлука да му даде право на Фикусот да помилува изборен грабеж и педофили. ЗА ТОЈ УСТАВ прајме муабет?
Кој судии гласаа за него? Тие шо во периодот од 2010 до 2012 ги ставија таму ко загарчиња да следат наредби од штаб. За тие креатори на Уставот ми збориш?
Абе НАД 10 главни начела од уставот се прекршени. Да не го заборајме најбитното - СИТЕ се еднакви пред правдата.
Овај Фикусов наш не помилува ЗАТВОРЕНИЦИ. (демек добро се понашале, па дај сега да им ја олесниме околноста). ФИКУСОВ помилува криминалци кои АКО Се појавеа на СУД, ќе ја отвореа пандорината кутија на врхушката. А тие што потајно се обидеа како Крпач... видовме шо се деси.
И сега ти ми прајш овде муабет за законска или уставна можност? Да владееше закон и устав во државава, никогаш немаше да дојди до ова.

Во врска со СЈО, неколку пати сум кажал, и ќе повторам. СЈО не е само обвинителство кое се занимава со прислушуваните материјали... ТОА Е ЕДИНСТВЕНОТО обвинителство кое ужива доверба од народот и СВЕТОТ.

Шо мислиш, кога ќе ја завршат работата со бомбите на заев во целост, после тоа ќе се укини СЈО како институција? :) А и да се укини, кај би ошле Катица и нејзиниот тим? Дома?

Шо мислиш, Марко Зврлевски шо 5 години ги чуват во фиока предметите, ќе остане на функција Јавен Обвинител? Или тие судиите шо Мијалков ги бираше со ЕЦИ ПЕЦИ ПЕЦ, тие мислиш ќе судат? хеехеххехехехех

Дечко, ова што сега се случува е несопирлив процес. Само треба да имаш капацитет да го сватиш нештото. Грујо веќе не се бори за власт, се бори исклучиво за својата кожа.

Од него ниту ќе бидит политичар, ниту економист, ниту ништо. Get over it.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Анонимен адвокат од Охрид дава предлог до Уставен за измена на законот за аболиција, и следниот ден Уставниот суд носи одлука да му даде право на Фикусот да помилува изборен грабеж и педофили. ЗА ТОЈ УСТАВ прајме муабет?
Не е анонимен адвокатот. Со бркоњата делел канцеларија пред да дојде дпмне на власт. „Загрижен“ бил човекот, ко Џоле овде :D
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.878
Поени од реакции
36.927
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Законска (уставна) можност? :rolleyes:

Кој црни закон, кој црни устав бе пријателе? Сваровски судиите од тефтерчето на Брколина? За нив дискутираш?
Анонимен адвокат од Охрид дава предлог до Уставен за измена на законот за аболиција, и следниот ден Уставниот суд носи одлука да му даде право на Фикусот да помилува изборен грабеж и педофили. ЗА ТОЈ УСТАВ прајме муабет?
Кој судии гласаа за него? Тие шо во периодот од 2010 до 2012 ги ставија таму ко загарчиња да следат наредби од штаб. За тие креатори на Уставот ми збориш?
Абе НАД 10 главни начела од уставот се прекршени. Да не го заборајме најбитното - СИТЕ се еднакви пред правдата.
Овај Фикусов наш не помилува ЗАТВОРЕНИЦИ. (демек добро се понашале, па дај сега да им ја олесниме околноста). ФИКУСОВ помилува криминалци кои АКО Се појавеа на СУД, ќе ја отвореа пандорината кутија на врхушката. А тие што потајно се обидеа како Крпач... видовме шо се деси.
И сега ти ми прајш овде муабет за законска или уставна можност? Да владееше закон и устав во државава, никогаш немаше да дојди до ова.

Во врска со СЈО, неколку пати сум кажал, и ќе повторам. СЈО не е само обвинителство кое се занимава со прислушуваните материјали... ТОА Е ЕДИНСТВЕНОТО обвинителство кое ужива доверба од народот и СВЕТОТ.

Шо мислиш, кога ќе ја завршат работата со бомбите на заев во целост, после тоа ќе се укини СЈО како институција? :) А и да се укини, кај би ошле Катица и нејзиниот тим? Дома?

Шо мислиш, Марко Зврлевски шо 5 години ги чуват во фиока предметите, ќе остане на функција Јавен Обвинител? Или тие судиите шо Мијалков ги бираше со ЕЦИ ПЕЦИ ПЕЦ, тие мислиш ќе судат? хеехеххехехехех

Дечко, ова што сега се случува е несопирлив процес. Само треба да имаш капацитет да го сватиш нештото. Грујо веќе не се бори за власт, се бори исклучиво за својата кожа.

Од него ниту ќе бидит политичар, ниту економист, ниту ништо. Get over it.
Еве, не ми одговараш на прашањето, иако си напишал доста. Те прашав, според кој дел, член... од Уставот е формирано СЈО. Никаде немаш одговор на тоа. Јас конкретно ќе ти цитирам:

Член 106

Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела и врши и други работи утврдени со закон. Јавното обвинителство ги врши своите функции врз основа и во рамките на Уставот и закон. Јавниот обвинител го именува и разрешува Собранието за време од шест години.

Еве според мене зошто мислам така како што сум напишал. Можеш ли ти така да направиш? Ова што ти го кажуваш нема врска со уставноста на СЈО. Нема да пишувам за довербата, за нивната партиска наклонетост, итн, итн... сепак се тоа субјективни гледишта. Да се задржиме на законот, тоа е дефинирана работа.
Охриѓанецот што поднел преставка до Уставниот суд не сторил ништо невообичаено. Секој може да поднесе. Би требало да дискутираме дали судот донел законски правилна одлука, според Уставот. СДСМ претходно се изјасни(л) дека укинатите одредби од законот се неуставни. Ако мислиш дека судот не донел добра одлука, напиши заради кои членови и ставови од Уставот е тоа така.
Имаш ли ти капацитет ова да го сватиш? Грујо не го мешам воопшто.
Помилувањето е направено според законските права на претседателот. Дали има прекршување на Уставот? Ако има, наведи ги. Друго е прашањето дали е добро или не. Ако сакаш за тоа може посебно да дискутираме, подолга е темата, некаде ќе се согласиме во тој разговор.
Сите се еднакви пред правдата, ако некаде тоа не се почитува (а сигурно е така), наведи точно на што мислиш. Би те замолил да наведеш примери на различни партиски членови.[DOUBLEPOST=1463482331][/DOUBLEPOST]
Дпмне 10 години е на власт и уставот за нив претставува тоалетна хартија, погазија се што им застана на патот, ти пишиш за уставноста на СЈО.[DOUBLEPOST=1463477832][/DOUBLEPOST]
Во кој случај го погазија Уставот? А и башка од тоа... што има врска ВМРО ДПМНЕ што јас пишувам за (не)уставноста на СЈО. Јас воопшто не пишувам за партиите, или мнооогу малку.
 
Види друже.. Мене ми е јасно дека глумиш слеп а имаш очи.
Ја следиш пропагандната машинерија која ги занемарила сите основни начела на Уставот, и со "спонтана" модификација на членот 11 му дала право на практично непризнатиот претседател да помилува НАЈТЕЖОК вид на криминал што некогаш го видела македонската јавност.
Затоа е народот на нозе. Затоа е ЦЕЛ свет против вас. Вакви сценарија се веќе видени, и јасно е како ќе завршат.

И вас ве разбирам. Нема друго разумно или логично објаснување, освен базирање на некаква си Уставна пречка која произлегла од институциите каде што метастазирал Груевизмот.

СЈО е институција што се појавила како продукт од 10 годишната правна криза.
Се затворале крадци на марули, кебапи, се криеле убијци, се краделе народни пари.. и оп наеднаш се појавуваш ТИ со прашање за уставноста на СЈО, како божем се друго да било совршено.

Ама ево, јас пак ќе се потрудам да ти дадам одговор на твоето прашање за СЈО:
1. Каде првично беа поднесени пријавите за криминал на власта? Во ОЈО.
2. Каде беа доставени доказите од бомбите? Во ОЈО.
3. Каде бараше СДСМ правда? Низ сите државни институции.

И што направија тие? Тоалетна хартија? Чекавме чекавме и чекална отвори народот. На сите ни е јасно зошто тие предмети не видоа бел дел.

Па како е можно бе човек, само 3-4 месеци после тазе отворено СЈО, да се покренат предистражни постапки и обвиненија за 60 криминалци со над 500 кривични дела, а Основното јавно обвинителство за истите работи да си чути 1 година? Како? Попречени беа? Немаа ресурси? Недостатог на муда? Непрофесионалност? Партиско влијание? Дополни по твој избор.

И сега ти пак ќе ме прашаш за уставноста на СЈО, која патем беше "одличен избор" за твојот Пастир.

Или ајде ево вака. WHY ON EARTH се согласил Грујо за креирање на една (според тебе) неуставна институција..? Нели тој ве претставува вас, граѓаните што го гласавте? Ве праша тој вас дали е во ред тоа? Ама не. Ти очигледно не го гледаш тактизирањето, пазарењето, пропагандата која има само една единствена цел - да си ја спасат криминалците сопствената кожа.

Слепо ја следиш пропагандата од која највероватно си егзистенцијално зависен. Те разбирам.

Само слободен ум може да продуцира креативност и логични одговори.
А све друго што е затруено само безрбетно ќе се потпира на конспиративните теории и манипулации произлезени од болните умови кои мислат дека ова ќе помине, народот ќе замижи пак, ќе играме на картата - Ја спашаваме Македонија од федерализација и промена на името, затоа простете ни што ве крадевме, мамевме и омаловажувавме 10 години.

Сега ти слободно цитирај ме, и прашај пак за уставноста на СЈО. Барем ќе знам на колкав процент Варикина си бил изложен.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom