Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
B

Bafra

Гостин
Прегледај го приврзокот 146436

Кој сака да чита презентирани факти и докази на долго и широко за тоа како се прави криминал во Македонија нека повели на линков.

http://prizma.birn.eu.com/мк/стории/директорот-на-македонски-телеком-бил-сопственик-на-мистериозната-ексико
Каде виде ти тука криминал, што е тука криминалното ... се е во рамките на дозволеното со закон.
Незнам што работиш ама во приватен сектор провизија и лобирање е легално, дури имаме и закон за лобирање ;)

Нека покажат сметките од Грујо и пријателите е тогаш е друга приказна, бидејќи како носители на јавна функција и примања ц.ц. 30.000 еур годишно од каде милионски суми на сметките или плацеви вредни милиони :D
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Види друже.. Мене ми е јасно дека глумиш слеп а имаш очи.
Ја следиш пропагандната машинерија која ги занемарила сите основни начела на Уставот, и со "спонтана" модификација на членот 11 му дала право на практично непризнатиот претседател да помилува НАЈТЕЖОК вид на криминал што некогаш го видела македонската јавност.
Затоа е народот на нозе. Затоа е ЦЕЛ свет против вас. Вакви сценарија се веќе видени, и јасно е како ќе завршат.

И вас ве разбирам. Нема друго разумно или логично објаснување, освен базирање на некаква си Уставна пречка која произлегла од институциите каде што метастазирал Груевизмот.

СЈО е институција што се појавила како продукт од 10 годишната правна криза.
Се затворале крадци на марули, кебапи, се криеле убијци, се краделе народни пари.. и оп наеднаш се појавуваш ТИ со прашање за уставноста на СЈО, како божем се друго да било совршено.

Ама ево, јас пак ќе се потрудам да ти дадам одговор на твоето прашање за СЈО:
1. Каде првично беа поднесени пријавите за криминал на власта? Во ОЈО.
2. Каде беа доставени доказите од бомбите? Во ОЈО.
3. Каде бараше СДСМ правда? Низ сите државни институции.

И што направија тие? Тоалетна хартија? Чекавме чекавме и чекална отвори народот. На сите ни е јасно зошто тие предмети не видоа бел дел.

Па како е можно бе човек, само 3-4 месеци после тазе отворено СЈО, да се покренат предистражни постапки и обвиненија за 60 криминалци со над 500 кривични дела, а Основното јавно обвинителство за истите работи да си чути 1 година? Како? Попречени беа? Немаа ресурси? Недостатог на муда? Непрофесионалност? Партиско влијание? Дополни по твој избор.

И сега ти пак ќе ме прашаш за уставноста на СЈО, која патем беше "одличен избор" за твојот Пастир.

Или ајде ево вака. WHY ON EARTH се согласил Грујо за креирање на една (според тебе) неуставна институција..? Нели тој ве претставува вас, граѓаните што го гласавте? Ве праша тој вас дали е во ред тоа? Ама не. Ти очигледно не го гледаш тактизирањето, пазарењето, пропагандата која има само една единствена цел - да си ја спасат криминалците сопствената кожа.

Ти само слепо ја следиш пропагандата, од која највероватно си егзистенцијално зависен.

Само слободен ум може да продуцира креативност и логични одговори.
А све друго што е затруено само безрбетно ќе се потпира на конспиративните теории и манипулации произлезени од болните умови кои мислат дека ова ќе помине, народот ќе замижи пак, ќе играме на картата - Ја спашаваме Македонија од федерализација и промена на името, затоа простете ни што ве крадевме, мамевме и омаловажувавме 10 години.

Сега ти слободно цитирај ме, и прашај пак за уставноста на СЈО. Барем ќе знам на колкав процент Варикина си бил изложен.
Јас Никола, немам Пастир, не сум криминалец, не сум зависник од партија... мојот живот не и’ го „должам“ на партија. Имам професија која ја работам долго време, заработувам, не сум (бил) никогаш никаков функционер, ни најситен. Немам никаква причина да се држам до некоја страна за некаков интерес. Ти веројатно си таков, па мислиш дека мора секој така да опстанува.

Ти може да се жестиш овде, ама тоа не значи дека си во право. Тоа нема да го направи СЈО уставно. СЈО работи целосно на незаконска основа. Прислушуваните разговори се тежок криминал. Тоа е огромен систем на прислушување. Тие снимки мора да се отфрлат како тотално нерелевантни, тоа го напишале законопишувачите. Уште поважно и пострашно е што никој не се занимава со потеклото на овие материјали. Мора прво да се објави од каде се. Ако се од МВР (или сл.) нека се каже, ама тешко е да се поверува во тоа. Како и да е. Мора тоа прво да се објави. Но, се молчи... не е тоа туку-така.
СЈО отвори постапки, повторно... на крајно непрофесионален начин. Се гледа дека нив не им е целта правда да тераат туку налози за дискредитација на власта. На прес конференциите останува уште пресуда да изречат. Јас не велам дека обвинетите не се виновни, но тоа треба прво постапка да го докаже. А изјавите на Катица се „скандалозни“, човек да се запраша да не и’ недостига нешто на женава (во главата) или па така е инструирана да изјавува. Тотална самодевалвација. Просекот од 6,24 иако не е законска пречка за неа, ама морална е секако. Па таа се провлекла на факултет, веројатно многу пати и 6-ка и ставале колку да не падне.

Претседателот има законско право да помилува и слично. Кажи ти кој член од закон е прекршен со неговата постапка. Реков еднаш, друго е прашање дали е ОК да помилува, дали треба... Но, јас го проширувам ова прашање со тоа што уставниот суд треба да ја преиспита уставноста на СЈО, да го укине како институција.. па со тоа и без аболиција овие случаи ќе „паднат“. Ако се постапува поинаку, тоа би значело незаконитост. Ти пак пишувај си според твоите партиски желби, можеби инструкции... ама јас ќе продолжам да инсистирам на закон и ред. Зошто? Затоа што не сме сите зависни од партија или слепи следбеници на лидерот. Исто така, немаме сите вжештени глави и со „ладни“ глави можеме да реагираме разумно, да не се случува анархија и линч.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Да, не знам каде е криминалот со Ексико. Пишува ли некаде, пропуштив ли да видам?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.878
Поени од реакции
36.927
Каде виде ти тука криминал, што е тука криминалното ... се е во рамките на дозволеното со закон.
Незнам што работиш ама во приватен сектор провизија и лобирање е легално, дури имаме и закон за лобирање ;)

Нека покажат сметките од Грујо и пријателите е тогаш е друга приказна, бидејќи како носители на јавна функција и примања ц.ц. 30.000 еур годишно од каде милионски суми на сметките или плацеви вредни милиони :D
Да, приватен сектор со државни испрани пари.

Ти очекуваш да најдеш стотици илјади евра кеш на сметките на Груевски и Мијалков? Не другар, вака се перат пари, преку оф шор фирмички во матна сопственост на луѓе блиски до власта што вртат милиони а никаде нема евиденција од каде им се парите. А баш случајно купуваат таму каде што е заинтересиран Груевски.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Да, приватен сектор со државни испрани пари.

Ти очекуваш да најдеш стотици илјади евра кеш на сметките на Груевски и Мијалков? Не другар, вака се перат пари, преку оф шор фирмички во матна сопственост на луѓе блиски до власта што вртат милиони а никаде нема евиденција од каде им се парите. А баш случајно купуваат таму каде што е заинтересиран Груевски.
ОК, ама за да осудиш треба валиден доказ за тоа. На муабет не може.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Јас Никола, немам Пастир, не сум криминалец, не сум зависник од партија... мојот живот не и’ го „должам“ на партија. Имам професија која ја работам долго време, заработувам, не сум (бил) никогаш никаков функционер, ни најситен. Немам никаква причина да се држам до некоја страна за некаков интерес. Ти веројатно си таков, па мислиш дека мора секој така да опстанува.

Ти може да се жестиш овде, ама тоа не значи дека си во право. Тоа нема да го направи СЈО уставно. СЈО работи целосно на незаконска основа. Прислушуваните разговори се тежок криминал. Тоа е огромен систем на прислушување. Тие снимки мора да се отфрлат како тотално нерелевантни, тоа го напишале законопишувачите. Уште поважно и пострашно е што никој не се занимава со потеклото на овие материјали. Мора прво да се објави од каде се. Ако се од МВР (или сл.) нека се каже, ама тешко е да се поверува во тоа. Како и да е. Мора тоа прво да се објави. Но, се молчи... не е тоа туку-така.
СЈО отвори постапки, повторно... на крајно непрофесионален начин. Се гледа дека нив не им е целта правда да тераат туку налози за дискредитација на власта. На прес конференциите останува уште пресуда да изречат. Јас не велам дека обвинетите не се виновни, но тоа треба прво постапка да го докаже. А изјавите на Катица се „скандалозни“, човек да се запраша да не и’ недостига нешто на женава (во главата) или па така е инструирана да изјавува. Тотална самодевалвација. Просекот од 6,24 иако не е законска пречка за неа, ама морална е секако. Па таа се провлекла на факултет, веројатно многу пати и 6-ка и ставале колку да не падне.

Претседателот има законско право да помилува и слично. Кажи ти кој член од закон е прекршен со неговата постапка. Реков еднаш, друго е прашање дали е ОК да помилува, дали треба... Но, јас го проширувам ова прашање со тоа што уставниот суд треба да ја преиспита уставноста на СЈО, да го укине како институција.. па со тоа и без аболиција овие случаи ќе „паднат“. Ако се постапува поинаку, тоа би значело незаконитост. Ти пак пишувај си според твоите партиски желби, можеби инструкции... ама јас ќе продолжам да инсистирам на закон и ред. Зошто? Затоа што не сме сите зависни од партија или слепи следбеници на лидерот. Исто така, немаме сите вжештени глави и со „ладни“ глави можеме да реагираме разумно, да не се случува анархија и линч.
Фала за репликава друже, се најубо.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.878
Поени од реакции
36.927
ОК, ама за да осудиш треба валиден доказ за тоа. На муабет не може.
Ќе си испливаат и парите каде и да е. Врската е одлично утврдена тука, и е неспорно за што се работи.
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
нема што да се шпекулира, се знае груевски е криминалец, заев е криминалец. сите политичари во македонија се криминалци. сјо или нека почне да работи или нека се распушти, да не троши пари за џабе.
 
B

Bafra

Гостин
Да, приватен сектор со државни испрани пари.

Ти очекуваш да најдеш стотици илјади евра кеш на сметките на Груевски и Мијалков? Не другар, вака се перат пари, преку оф шор фирмички во матна сопственост на луѓе блиски до власта што вртат милиони а никаде нема евиденција од каде им се парите. А баш случајно купуваат таму каде што е заинтересиран Груевски.
НЕ, немаат стотици илјади евра и долари на сметките туку Милиони ама сите ќутат.
Дури и за БЦ имаше судење, Судијата НЕ дозволи да бидат презентирани доказите.
Да не мислиш Грујо и Мијалков ќе ги остават парите некој друг да им ги чува :D

Не се разбравме, сите плукаат по бизнисмените а НИКОЈ по ПОЛИТИЧАРИТЕ од кариера, а тие се ОДГОВОРНИТЕ.

Приватникот не е тој што одлучува како ќе се трошат државните пари ;)
Тој што го правел тендерот, тој што го одобрил тендерот, тој што потпишал дека сите услови во тендерот се исполнети, тој што извршил плаќање без соодветно покритие итн итн сносат одговорност а никој не ги чепка.
Кога АДМИНИСТРАТИВЕЦ завршил во Затвор за економска проневера?

Нема одговорност, нема напредок. Стравот го чува грозјето :D
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Ќе си испливаат и парите каде и да е. Врската е одлично утврдена тука, и е неспорно за што се работи.
Тоа што тапчовците што го бранат режимов не можат да го сконтаат е дека сите држави од типот оф-шор даночен рај се puppet држави, намерно конципирани на тој начин за од една страна претежно американските политички лопови си ги перат нелегално стекнатите пари, а од друга страна вакви уфилмани диктаторчиња на банана-држави да го прават истото, со тоа што за вториве истиот момент кога ќе почнат да полудуваат и да покажуваат рогови, истите креатори на рајот ги имаат сите вредни информации за нив и нивните трансакции. Подготвеноста да ги дадат тие информации за нивно гонење е клучна. Тука и ќе се види главната поддршка од таканаречниот запад - ако ги стават овие доверливи информации на располагање на СЈО единствена опција на нашиве лопови им е да си се обесат сами од прв до последен, затоа што ни нивни тефтер-судии не можат да ги спасат. Ако остане само на декларативна поддршка, тапкање по рамо и таканаречени „политички нагодувања“ земјава е осудена на вечна пропаст со НГ како потписник на тој чин.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Сигурен ли си дека Катица+ нема некое париче таму? Да не сме наивни. „Нема за џабе ни код бабе“. Сигурно Ката Шестица не се нафатила за СЈО за „куроздравје“. И таа има некоја илјадарка... ама поголема.. 6 цифри.. странски...
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Сигурен ли си дека Катица+ нема некое париче таму? Да не сме наивни. „Нема за џабе ни код бабе“. Сигурно Ката Шестица не се нафатила за СЈО за „куроздравје“. И таа има некоја илјадарка... ама поголема.. 6 цифри.. странски...
За НГ се шпекулира дека има со девет цифри...вака изгледа тоа 6 000 000 000, неутрален! Ова ти за Кате од ш******о си го извади на бафтаана.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
За НГ се шпекулира дека има со девет цифри...вака изгледа тоа 6 000 000 000, неутрален! Ова ти за Кате од ш******о си го извади на бафтаана.
Од истите извори од кои ти имаш податоци. Неутрално е бе... Грујо 10-цифрени, а Катица 6-цифрени. Дури и не е неутрално, накај Катица влечам.. (Ката по шестките од секогаш била, нејзин среќен број)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom