Дечки, да апдејтирам, го средив ова. Излезе дека е бобината. Ставив друга бобина и си работи беспрекорно
Инаку, нова бобина кошта 10 500 денари. Научив и дека на турбо колите има 4 бобини, по една за секој цилиндар и една кошта 2500. Кај мене е една за сите 4 цилиндри (како на сликата подолу*) и кошта 10 500.
Јас ја најдов на старо, од човек во Бутел кој што растура коли. Му се јавив по телефон и кажа дека во четвртокот му донеле ист модел на Ауди за растурање и дека ќе ми ја чува. Бев вчера и ја видов колата. Нова, донесена од Швајцарија со возење (имаше лепенка дека уште е регистрирана) ја беа размонтирале скроз. Ја зедов бобината за 2700 денари. Успат си зедов и еден зглоб за предното тркало бидејќи стариот ми крцка на полн лев/десен. Него го исценкав за 900 денари.
Гледав што уште може да си земам ко резервни делови, ама не ми се најде ништо. Чисто за споредба, ден пред Нова Година, менував на мојата дискови и плочки и ги платив нови 3800 денари. Човеков ми ги даваше за 600 денари, а беа ептен нови сериозно, ги видов и беа ептен сочувани. Амортизерите ги сменив пред 2 недели, 2500 еден, овој ми ги даваше за 1000 денари еден.
Знам дека не е исто ново и користено, ама од сега нови делови за вака стара кола јас не купувам
*бобина
[DOUBLEPOST=1463327575][/DOUBLEPOST]