Приемен испит на технички факултети: ЗА или ПРОТИВ?

  • Креатор на темата Креатор на темата NickWallace
  • Време на започнување Време на започнување
Епа токму заради ова. Нека се примет по 15-20 годишно на смер и за нив да имат озбилен приемен испит каде што ќе се одберет најдобрите. Не е убо да гледаш таксист кој е магистер по економија...
Toa kje bidat najdobrite srednoskolci a ne najdobrite ekonomisti:)
 
Епа токму заради ова. Нека се примет по 15-20 годишно на смер и за нив да имат озбилен приемен испит каде што ќе се одберет најдобрите. Не е убо да гледаш таксист кој е магистер по економија...
Еден испит не може да биде меродавен и дефинитивен за капацитетот на една индивидуа. Тоа особено важи за технички науки, за што можам да кажувам од лично искуство. Математиката, физиката и хемијата не можат да се сведат на еден испит, во каква и да е форма. Од друга страна, тука е и човекчата природа, човекот не е машина и може од разни објективни и субјективни причини, да потфрли на еден тест.

Последните неколку години, конкретно на техничките факултети при УКИМ пошто и темата е со наслов за технички факултети, праксата е да има три испитни рокови за предмет од еден семестар (при самиот семестар, летна сесија и зимска сесија), по што го презапишуваш предметот доколку не го положиш.
Мојата замисла е, доколку на крај на прва година не успееш да ги комплетираш предметите од двата семестри во тие рокови, да нема презапишување на предмети и продолжување на студирањето. Таа една студиска година и тие рокови за полагање на испит се сосема доволни за да се види моментална способност и потенцијал на еден студент.
Доколку не си кадарен за првата година, нема што да бараш понатаму. Мачење е за сите вклучени во образовниот и научниот процес, вклучително и за самиот студент. Подобро е да проба да се пронајде во друга наука или да работи нешто, отколку да се измачува со нешто што очигледно не оди.
 
Теоретски, одлично би било да има приемен, и да влијае на тоа кој ќе биде во државна, кој во приватна, а кој нема ни да биде примен.

Сепак, ситуацијата е таква да, факултетите зависат од парите од партиципации и пријавувања испити, презапишувања и слично, и заради тоа спуштени се и критериуми и запишување ниско до земја. Жално е, а најлошото е што нема надеж дека ситуацијата ќе се подобри. Со сите достапни стипендии и грантови денес, и во голем дел европски земји, студирање без никаква партиципација, најквалитетните матуранти заминуваат настрана.
 
Треба да има приемен за сите факултети не само техничките.

Можеби некој нема соодветно средно завршено (пример сака да учи историја на факс, ама бил у АСУЦ средно па имал само 2 години како предмет), али тоа не го спречува да научи...Факултет не е заебанција (мада денес е и токму од овие причини), и за да студираш одредена струка ти мора да ја знаеш барем основата. Не може историја да студира некој што никад не чул за втора светска војна, или доктор да биде некој што не знае што е бел мантил.

Е после ќе се бунат оние со добри оценки во средно! Нека носат и оценките одредени бодови, ама бато не може бе ти од средно економско да се запишеш медицина затоа што бизнис и статистика си имал 5ка и да фатиш место на некој од медицина што имал 4ки по анатомија и физиологија!
 
Краток одговор ЗА.

Долг одговор.
Имам искуство со неколку засегнати страни околу македонското образование па да си се олеснам.

Од аспект на на фирмите. Факултетите произведуваат кадар ама како поминва времето така се се полоши и полоши генерациите. Ништо лично кон младинава ама сериозно имаме проблем со квалитетот на образование. Секоја чест на исклучоците но сметам дека ретките бисери се повеќе резултат на индивидуална работа.
Од аспект на факултет. Во последните неколку години има преголем наплив на студенти од секаков профил и сметам дека повеќето само прават гужва. Знам колку се заинтересирани за учење и сметам дека само сметаат за исправно да се насочи енергијата. Има деца кои во основно и средно одговорно работеле и сметам дека заслужуваат квалитетно образование.
Бонус фактор. Добар дел од факултетите особено техничките бараат здрава основа и приемен е и тоа како потребен.

Е сега да не се залагам за некаков „елитизам“ и да не им расипвам право на образование на остататите. Сведок сум на доста луѓе кои касно се зафатиле за работа и на доста луѓе кои сфатиле дека факултетот им е за џабе и кренале раце од него. И тука лежи зајакот. Мислам дека имаме дефектен систем.
Многу луѓе не се заинтересирани за целата програма. 4 години да слушаат разни предмети. Она што треба да го имаме според мене треба да се специјализации.
Ако некој сака да учи еве да речиме Графички дизајн или Макроекономија на 35 години тоа не треба да е проблем. И не треба да се учи цела програма. Едноствно треба си се запишува човек на тој предмет што го сака. Ако предметот е доволно захтевен можи да се разбие на помали предмети со зависности. Е таму можи да се бара завршен X за упис на Y.
Ваков пристап сметам дека ќе придонеси за динамика, брзо репрофилирање, и ќе биди фокусирано на потребите на бизнисот. НЕмора некој да заврши цел факултет за да се занимава со некоја дејност. Нормално широчина во познавањата е добра работа но во денешни услови треба динамика.

Е сега некои дејности бараат дебело познавање на областа и сеуште има потреба од цел факултет ама сметам дека ова е чекор кон подобрување на работите.
 
Приемен треба да има, доколку факултетот обезбеди соодветна подготовка претходно. Пр. на архитектонски постои летна школа која почнува некаде мај и трае месец и пол, два. Се учи цртање основни конструкции и сл. Летната школа би требало да има некоја симболична цена од 50 евра (сепак треба да се плати кадарот кој ќе ги одржува часовите, а ова е пристојна цена). После тоа се полага приемен испит за она што е поминато на школата (треба да има вклучено и материјали, препорачани линкови и сл.). Избраните кандидати имаат можност да станат студенти.
Без подготовка и поддршка на идните студенти која би ја нудел и самиот факултет, би било неправедно директно да се оневозможи изборот на идните студенти. Не сите имаат среќа да донеле добри одлуки на време (на 14 год се бира средно училиште, прерано) или пак да имале добри професори (5ка по математика во средно не е репер дека ученикот го стекнал потребното знаење за факултет). Проблемите со кои се соочуваат основното и средното образование се рефлектираат на високото образование (без оглед дали сакаме да признаеме или не). Затоа велам дека самиот факултет мора да понуди поддршка и подготовки уште пред да се направи финален избор. Нас ни треба суштинска и систематска измена за да профункционираат работите онака како што би требало, меѓутоа треба да почнеме од некаде.
 
Треба да има приемен за сите факултети не само техничките.

Можеби некој нема соодветно средно завршено (пример сака да учи историја на факс, ама бил у АСУЦ средно па имал само 2 години како предмет), али тоа не го спречува да научи...Факултет не е заебанција (мада денес е и токму од овие причини), и за да студираш одредена струка ти мора да ја знаеш барем основата. Не може историја да студира некој што никад не чул за втора светска војна, или доктор да биде некој што не знае што е бел мантил.

Е после ќе се бунат оние со добри оценки во средно! Нека носат и оценките одредени бодови, ама бато не може бе ти од средно економско да се запишеш медицина затоа што бизнис и статистика си имал 5ка и да фатиш место на некој од медицина што имал 4ки по анатомија и физиологија!

Не се согласувам воопшто. Не за друго туку ретко кој 14 годишник кога се запишува средно знае точно што сака и размислува правилно на тие години па на пример ако згрешил и се запишал средно економско не значи дека треба да му биде отежната можноста да проба и да студира медицина каде што повеќе се пронаоѓа за негова идна професија

Приемен испит е глупост, исто како и екстерниве кај средношколците и наместо вакви работи нека се фокусираат на вметнување повеќе пракса во наставата - не е се во оценките треба и практична работа во текот на учењето/студирањето за да имаме квалитетен кадар
 
Далеку од тоа дека треба да му биде ускратена можноста...за тоа си во право.
Али не може студент на медицина прва година, да не знае што е клетка па да мора да учи се од почеток...Доколку тој подоцна ја добил желбата за да студира медицина мора да е добро поткован и да се интересира за тоа. Тоа знаење ќе го покаже само на приемен испит.
Иначе во право си и за проблемот со средно образование али тоа е сосема друга тема[DOUBLEPOST=1463387090][/DOUBLEPOST]
Не се согласувам воопшто. Не за друго туку ретко кој 14 годишник кога се запишува средно знае точно што сака и размислува правилно на тие години па на пример ако згрешил и се запишал средно економско не значи дека треба да му биде отежната можноста да проба и да студира медицина каде што повеќе се пронаоѓа за негова идна професија

Приемен испит е глупост, исто како и екстерниве кај средношколците и наместо вакви работи нека се фокусираат на вметнување повеќе пракса во наставата - не е се во оценките треба и практична работа во текот на учењето/студирањето за да имаме квалитетен кадар
Далеку од тоа дека треба да му биде ускратена можноста...за тоа си во право.
Али не може студент на медицина прва година, да не знае што е клетка па да мора да учи се од почеток...Доколку тој подоцна ја добил желбата за да студира медицина мора да е добро поткован и да се интересира за тоа. Тоа знаење ќе го покаже само на приемен испит.
Иначе во право си и за проблемот со средно образование али тоа е сосема друга тема
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom