Телма Телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата Lincoln Burrows
  • Време на започнување Време на започнување
Ох, за ХРТ зборат.
Хрватска има бољи јавен ртв сервис, не само од нас, туку и од сите други бивши сојузни републики, вклучувајќи ја и Словенија. Ова важи и за нивните приватни телевизии. Така било секогаш. Хрватите имаа најдобри електронски медиуми, Србите - печатени. Ништо не е сменето.
 
Малку ја отеравме темава у некој друг правец,. Знам јас почнав и би замолил некој од одговорините да ги премести овие последниве моабети кај што се збори за HRT во темата Општи дискусии за македонските тв канали кој јас ја отворив.

Некако како соодветни се за таму.
 
Јас ја закував целата работа со медиумите во Хрватска :)
Слободно ако е можно и ако сметате дека така треба моите коментари префрлете кај мислите дека треба.
 
Чудно како никој не го искоментира враќањето на редизајнираните К-15 на ТВ екраните под името Фчерашни новости

Чудно како никој не го искоментира враќањето на редизајнираните К-15 на ТВ екраните под името Фчерашни новости

Ќе го гледам утре, дефинитивно. Прснав од смеење на она со фудбалот. :pos:

Патем, нели имаа една слична сатирична емисија, како и` беше името?
 
Ова Фчерашни новости е слично како она Контфа вести што се емитуваше исто на Телма и колку што имам читано тоа беше проект на Коза Ностра и брзо заврши а ова сега е на Бранко Огњановски-Миле Паника.

Го нема тука Бубо Каров- Цацко. Тука во емисијава ќе работаат и доста твитерџии.
 
Контравести беше интересно, зошто го укинаа не знам. Ова дефинитивно ќе го гледам, луд е Бранко денеска го гледав кај Жаре, во врска со туризмот у Охрид кога кажа некоја заебанција се згазив од смеење.
 
Кој може за хумор да се спореди со ликовите од к-15? Не заебавајте ќе било исто како Контравести...Не привлече внимание тоа. Квалитетот и хуморот го препознаваме.
 
Кој може за хумор да се спореди со ликовите од к-15? Не заебавајте ќе било исто како Контравести...Не привлече внимание тоа. Квалитетот и хуморот го препознаваме.
Исто ќе е до некаде содржински како Контра вести што беа само бидејќи тука е Бранко и Васко од К15 ќе биде на малку подобро ниво.

Иначе Кнотра Вести колку што имам разбрано се емитувале само 6 епизоди како пилот за почеток но бидејќи многу немало интерес и гледаност тоа не се снимани уште епизоди.
 
Контравести беше интересно, зошто го укинаа не знам. Ова дефинитивно ќе го гледам, луд е Бранко денеска го гледав кај Жаре, во врска со туризмот у Охрид кога кажа некоја заебанција се згазив од смеење.
Изгледаа ептен вештачки Контравести. Можеби некои обиди беа интересни ама 90% од емисијата изгледаше awkward и неинтересна.
И затоа ваљда била прекината :D
 
Отворив веќе тема за Фчерашни Новости
http://forum.kajgana.com/threads/Фчерашни-новости-хумористично-сатирична-емисија.81103/

Одговорни за форумов последните неколку постови префрлете ги во темата што ја отворив бидејќи таму и им е местото.
Да, ама си ја отворил пред два часа, а другите мислења се уште од вчера. Ќе се направи така каша попара. Твојот воведен пост ќе биде 5-6 пост, бидејќи при спојување, мислењата се редат хронолошки. Нека седат тие тука, а ако по твојот и мојот пост има нови мислења за таа тема, тогаш тие ќе бидат префрлени.
 
Кога ќе почне новата Утринска програма на Телма, знае ли некој? Ја рекламираат од Понеделник до Петок а уште си иде старата.
 
Добро бе што е работа со ова сецкањево на линковите во живот на Телма? Значи стварно ненормална работа за една национална телевизија. Страшно!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom