Значи не реков дека е слаб,и статистиката е курва за мене..јас го гледам на теренот и знам колку е квалитетен,барем Интер го пратам од љубов спрема клубот а не спрема парите ..
Икарди реално не е квалитет на напаѓач како што ни беа Ибрахимович,Адриано,Милито,Ето и Виери...ете ајде спореди ги овие со Икарди на истите години па ќе добиеш заклучок колку е добар Икарди..ние од него очекуваме одлични игри и голови на секој можен натпревар а не 2 натпревари да спие и да зависи од останатите од тимот..мислам за Интер навиваме а не за Рома или Лацио па да се задоволуваме со просечни играчи кои не се константни..кај нас треба да играат нинџи во нападот што ќе бидат напаст за противникот а не статичниот Икарди да ми го спомнуваш како имал 50 голови во 100 натпревари.
Хари Кејн ти е типичен англиски напаѓач кој си е вклопен во тој фудбал што се игра во Англија,хипотетички тој во Италија би бил слаб играч според мене и тешко дека ќе се вклопи во овој фудбал ,Икарди реално нема квалитет да игра во посериозна екипа како што се стреми да биди Интер..еве стави го во било која јака Англиска екипа реално ќе грее клупа,,не знам кај би можел да игра?..па и дури 50 милиони?..ви се молам прекинете со глупостите
Џони дај бе иди негде на планина излуфтирај го мозокот малце, не знаеш кај тераш.
Ај да ги споредам, Икарди е подобар и поефикасен од сите тие што си ги набројал кога имале 23 години. Чао.
Дечко, Икарди во ваков мртов и некреативен Интер и лани и годинава има дадено повеќе до 15 гола, лани најдобар стрелец беше у Италија и ти ми викаш немал квалитет да игра во шампионски Интер со напаѓачки амбиции а не ваков статичен ко сезонава.
Статичен бил Икарди, ова доста говори за твоето познавање и пратење на Интер сезонава, баш оваа сезона Икарди е далеку од статичен играч и чекач ко што беше лани и сезоната кога дојде, па и во Сампдорија ама ок не ти замеравам немаш баш време секој викенд да пратиш по 2-30 утакмици.
Уживај дека нема квалитет да игра во посериозна екипа, У-ЖИ-ВАЈ Џони експертизо, затоа Нолито и Орељала имаат, апсолутно.
Затоа летоска го бараа ПСЖ, Арсенал, Реал, пошто не може да игра во посериозна екипа.
Пример, Икарди да игра во Арсенал, со таа напаѓачка филозофија и со тој креативен ред позади него по 30 гола ќе дава. Зицер играч е Икарди, финишер пар екселанс.
Ама ок чим ти викаш дека нема квалитет тогаш стварно нема, мора да ти се верува на тебе, ти кој што рече дека Нолито и Орељана и цела Селта се подобри од Ливерпул и имаат генијалци за разлика од Реал.