Пополни го DS-260 колку што можеш побрзо, во зависност од тоа кога го имаш пополнето и испратено и кој ти е редниот број со кој те имаат извлечено ќе го добиеш датумот за интервју. Инаку во него ќе треба да наведеш број на пасош гледај да има рок на траење пасошот за да нема потреба после да го отклучуваш пак DS-260 ако случајно вадиш нов пасош, ќе ти бара датум на раѓање на тебе и твоите родители, што си завршил од образование и датум кога си го завршил истото, листа на вработување ако си работел некаде ќе треба да ги наведеш фирмите и дараат адреси и телефонски броеви од истите и слични работи, не е комплицирано можеш полека да го пополнуваш формуларот и да менуваш ако нешто си згрешил се додека не стигнеш до последната страна и го потпишеш и испратиш во дигитална форма се разбира. На Kentucky Consular Center KCC им треба најмалку 3 месеци за да ги обработат твоите податоци и затоа ако твојот број со кој си извлечен е низок, подобро е да го испратиш овој формулар до крајот на мај за побрзо да ти ги обработат податоците. Инаку пиши кој ти е бројот со кој те имаат извлечено ќе ти кажиме отприлика кога да очекуваш да бидеш повикан на интервју, нормално не го пиши точниот број туку само округло на пример 5000 или 15000@forumdzikaaa
Ова ми е трета апликација, првата да бидам искрен не ни ја проверив, пошто аплицирав задњи ден, и пуштив онака ради реда, не ни ги проверив резултатитеЛани ништо и еве трета среќа
@lujanytown Знам процедура како иде и горе доле кои документи ми се потребни.
Она што ме буни е Form DS-260. Знам дека го пополнувам он лајн и после се праќа тоа до (Kentucky Consular Center KCC). Е сеа што попунувам точно на тој формулар не знам. Дали само општи генералии, кодот кој го добив и слично, или се бараат сите оние документи како Извод од книга на родени, уверенија од школо, факс итн?
Дали тој формулар всушност е мојата апликација за да ме викнат на интервју? И ако е така, дали треба да чекам до 1 Октомври за да аплицирам односно да го испратам тој формулар или можам тоа да го сторам и сега?
Извинете ако малку конфузно ги поставив прашањава, али се надевам дека ме сфативте![]()