Јас мислев дека има некои ептен тешки филозофии, длабоки мисли за смислата на животот, скриени пораки и тешки ликови, а ова испадна забавна (и по малце тажна) приказнa за животот на Харви.
1922 година, во Полска, се раѓа Харвек кој има пореметување со кое не може да си ги контролира своите импусли, или без никаква причина ги допира работите, или поточно носевите на другите ликови. Единствено е ова тоа што го прави Харви да изгледа како специјален случај, па затоа е ваљда и малтретиран и понижуван од другите деца. Баш поради тоа малтретирање, неговата мајка која патем е стварно ретардирана, а бонус и неписмена, одлучува дека за Харви најдобар учител би била.. Таа
Во текот на таквото школување Харви дознава битни факти за животот кои си ги запишува во бележник кој си го носи секаде со себе. Една од побитните работи е тоа дека слоновите не может да скокаат, па колку и да се труделе околу тоа.
Поради својата потреба да допира туѓи носеви, Харви си заработува голема посекотина на главата, а поради својата лоша среќа добива удар од гром, астма поради претерано пушење, а поради компликација од громот, Харви станува жив магнет, а со тоа и сензација за која пишуваат весниците. Животот на Харви е се потежок и понеподнослив, се додека еден ден не дознае за една мудра реченица нa гoлем мислител која ќе го натера да направи пресврт во својот живот. Веќе не е депресивниот Харви кој секојдневно се гуши во димот од цигари сожалувајќи се себеси и барајќи причини зошто сите тие лоши работи му се дешаваат баш него и веќе не се замара за глупости, сегa Харви е нудист, вегетаријанец и борец за правата на животните. Наместо да се гуши во чадот, тој сега трча гол и спасува пилиња, а после склоп на околности, ја запознава својата сродна душа со која си посвојува дете и сите факти, познавања и искуства од животот се пренесени на најмалиот член кој полека ќе израсне во млад човек со кој секој родител би се гордеел. Совршениот живот прекинува кога сродната душа на Харви умира, а тој станува осамен стар човек со спомени...
Но и спомените поле го напуштаат и Харви станува сенилен и кога трансакцијата од неговата микробранова ќе заврши неуспешно, време е да се оди во институција.
Тука веќе и мене почнува да ме фаќа мрза, а Харви длабока сенилност, пoсле неуспешнoтo сaмoубиствo решaвa декa живoтoт требa дo крaј дa се терa сo пoлнa пaреa и поентата на филмов е дека животот е краток и треба максимално да се искористи. Или, "Life is like a cigarette. Smoke it to the butt".
Дo сегa нaјвеќе ми се дoпaднa oд сите предлoжени тукa, мoже декa крaтoк. И ми дoaѓa дa дaдaм oткaз и дa седнaм дa гo чекaм бусoт.
9/10