Девалвација?

Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
se nadevam deka i kamatata na depozitite kje ripne za 0.75% :)[DOUBLEPOST=1462365692][/DOUBLEPOST]
Премонитион дека че го јаваме ежот. Ај ако сака да подобјасни некој шо се разбира, што ова значи, посебно за фирмите и граѓаните.
`Вчера Министерството за финансии не успеа преку државни хартии од вредност да позајми бараните 70,7 милиони евра. На аукцијата домашните банки, пензиските и осигурителните друштва запишаа само 21,7 милиони евра. `
ova najverojatno znaci deka `nevidlivata raka` na bankite povekje ne go miluva falusot na MVRO.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.848
Поени од реакции
12.373
Тоа значи ќе се качуваат и каматите на кредити (потрошувачки, станбени...)? :shook:
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Тоа значи ќе се качуваат и каматите на кредити (потрошувачки, станбени...)? :shook:
Следен круг џандар збира, односно банка збира хипотеки.
 
Т

Триптико

Гостин
СООПШТЕНИЕ НА НБРМ

На редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, одржана на 3 мај 2016 година, беше одлучено каматната стапка на благајничките записи, како основна каматна стапка, да биде зголемена за 0,75 процентни поени, од 3,25% на 4%.
Одлуката за затегнување на монетарната политика е реакција на зголемената побарувачка на девизи и притисоците врз депозитната база на банките, коишто во целост се последица на влошените очекувања на економските субјекти, предизвикани од нестабилната политичка состојба во земјата. Со тоа, промената на каматната стапка е одговор на делувањето на фактори од неекономска природа. Од друга страна, НБРМ и понатаму ги оценува економските фундаменти како здрави, без присуство на поголеми нерамнотежи во економијата. Сите досегашни показатели упатуваат на солиден економски и кредитен раст, без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор. Дефицитот во тековната сметка и натаму е умерен, со позитивни преносни ефекти од структурните промени во извозниот сектор и со доволно финансиски приливи за негово финансирање. Воедно, сите показатели за девизните резерви постојано покажуваат нивно соодветно ниво, што е доволно за справување со шокови.

НБРМ, како и досега, и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата и доколку е потребно, ќе направи дополнителни промени во монетарната политика за целосно стабилизирање на состојбите и на очекувањата на економските субјекти, со цел успешно да се остваруваат целите на монетарната политика.

Кабинет на гувернерот
Ах што нема копче не ми се допаѓа :mad: Ај сега, нека каже некој дека не се поврзани Влада со НБРМ. Не во смисла на соработка, туку буквално поврзани! Министерство за финансии не може да повлече пари преку државни записи, па НБРМ to the rescue :facepalm:
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.092
Поени од реакции
11.497
Тоа значи ќе се качуваат и каматите на кредити (потрошувачки, станбени...)? :shook:
Да, на тие што се со променлива каматна стапка.
Плус ќе се качи затезната камата на 12%, од сегашните 11.25%.
 
Т

Триптико

Гостин
Sto e toa zatezna kamata?
Ако задоцниш со плаќање, дополнителна камата.[DOUBLEPOST=1462368110][/DOUBLEPOST]
Да, на тие што се со променлива каматна стапка.
Плус ќе се качи затезната камата на 12%, од сегашните 11.25%.
Има одлука за затезната камата. Ако одат по ново, ќе треба да ја сменат одлуката.

О Б Ј А В У В А дека референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 1 јануари 2016 година до 30 јуни 2016 година изнесува 3,25%.

Или:
- трговски договори и договори меѓу трговци и лица од јавно право +10% = 13,25% По ново 14%
- договори во кои барем едната страна не е трговец +8% = 11,25% По ново 12%
 
Последно уредено од модератор:
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.417
Поени од реакции
4.326
se nadevam deka i kamatata na depozitite kje ripne za 0.75% :)[DOUBLEPOST=1462365692][/DOUBLEPOST]
`Вчера Министерството за финансии не успеа преку државни хартии од вредност да позајми бараните 70,7 милиони евра. На аукцијата домашните банки, пензиските и осигурителните друштва запишаа само 21,7 милиони евра. `
ova najverojatno znaci deka `nevidlivata raka` na bankite povekje ne go miluva falusot na MVRO.
исто значи и дека невидливата рака на мвро сега тие 50 м кои не ги доби од банките ке си ги земе од девизните резерви.... наредниот месец ке си земе 100 м..... и така натака додека има во камарата а после ке игра мечката...
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.649
Поени од реакции
867
Мислам дека нема опасност од девалвација додека оваа власт има добри економски стручњаци. Им симнувам капа.
Кога ти ги читам коментарите повеќе не се нервирам, се смеам:)
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.650
Поени од реакции
16.853
секоја држава проблемите ги решава на различен начин. Хрватска го качи ДДВ-то, крена старост за пензионирење на 67 а сега се воведува и масовен данок на недвижнини..
Србија со години го девалвираше динарот ...
Најголемиот проблем е што на ЕУ банките им се заканува криза , ние сме пи*кин дим по долговите и економските проблеми, не само во апсолутен износ туку и по глава на жител...
 
Дали покачувањето на старосната граница за пензионирање не е проблем за народот, дали полачувањето на ДДВ не е проблем за народот, дали девалвацијата не е проблем за народот, дали покачувањето на даноците не е проблем за народот? И за што тоа страдање? За бес и прдеш, за стиропор, за популизам и крадење! И нам најмалку треба да ни биде битно дали сме ние пи*кин дим за ЕУ банките, нас ни е проблемот што ЕУ банките за нас не се пи*кин дим.... За Стопанска банка е пи*кин дим што некој Рајко им должи 10.000 евра, за Рајко е проблем што должи 10,000 евра и нема од каде да ги врати а ги потрошил за бес и прдеш, за банката си врти каматата а на Рајко се ке му отиде курбан....[
 
Последно уредено:
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
секоја држава проблемите ги решава на различен начин. Хрватска го качи ДДВ-то, крена старост за пензионирење на 67 а сега се воведува и масовен данок на недвижнини..
Србија со години го девалвираше динарот ...
Најголемиот проблем е што на ЕУ банките им се заканува криза , ние сме пи*кин дим по долговите и економските проблеми, не само во апсолутен износ туку и по глава на жител...
Као демек нека им ја мислат тие у ЕУ, мечката им тропа на нивните врати.
Знаеш што ќе направат во ЕУ за кризата ? Ќе им скратат некои бенефиции на граѓаните, што ние како Македонци ни на сон ги немаме, ќе покачат некои даноци и за неколку години со инвестирање во стопанството ќе бидат и подобри од што се сега.
Кај наш знаеш што ќе се случи ? Ќе ги качат даноците на рекордно ниво, ќе отпуштат администрација и ќе продадат производство на струја и водата. После тоа ние како Македонци, ќе се преселиме во селата (посебно оние што моментално живеат со 300-400Е) и ќе живееме како што живееле нашите предци пред 100 години, садиш нива, чуваш некоја стока и наместо со денари ќе работиме со компензација (стандард пракса и денес во економијата).
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.650
Поени од реакции
16.853
Кај наш знаеш што ќе се случи ? Ќе ги качат даноците на рекордно ниво, ќе отпуштат администрација и ќе продадат производство на струја и водата. После тоа ние како Македонци, ќе се преселиме во селата (посебно оние што моментално живеат со 300-400Е) и ќе живееме како што живееле нашите предци пред 100 години, садиш нива, чуваш некоја стока и наместо со денари ќе работиме со компензација (стандард пракса и денес во економијата).
..кај нас само мал дел од недвижнините се оданочени, не само во руралните средини туку и во малите градови до скоро забушаваа... а на коли воопшто нема данок, а имаше пред 30 години, знам се плаќаше за кола над 1800ццм ... а и треба, паркинзите станаа отпади, се загрозува и безбедноста ..
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.417
Поени од реакции
4.326
..кај нас само мал дел од недвижнините се оданочени, не само во руралните средини туку и во малите градови до скоро забушаваа... а на коли воопшто нема данок, а имаше пред 30 години, знам се плаќаше за кола над 1800ццм ... а и треба, паркинзите станаа отпади, се загрозува и безбедноста ..
Не треба зголемување и измислување давачки туки треба да се почни со штедење и рационализација (читај масовно отпуштање) на администрација и остали арамолебци. Неможе да се задолжуваме за да плаќаме гагавузи. Мора да се исфрлат сите непотребни и нерационални трошења и да се размислува за производство. Треба прво да се заработат пари па после да можеш да наплатиш повеке даноци односно прво треба да ја напасиш кравата а после да молзиш. Пред триесет години можеби имало данок на возила ама тогаш народот не беше на ова дереџе...
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Извозот е дуплиран но се работи за стоки кои се произведуваат кај ,,странските инвеститори,,. Таквата стока се изнесува, извезува од МК но девизите воопшто не доаѓаат во Македонија, не се менуваат за денари, туку во мк се пуштаат онолку девизи колку е потребно да работи дадената фабрика и само тие се менуваат во денари. Од друга страна види за колку е зголемен увозот.
Кинезите влегоа овде со некои инвестиции со надеж дека ке влеземе во ЕУ па тие македонија ќе ја искористат како база од каде ке го преплават европскиот пазар со роба ,,произведена во ЕУ,, ама некако слабо ни оди со тоа влезот во ЕУ....[DOUBLEPOST=1462346658][/DOUBLEPOST]
Кој дел не ти е јасен?
Очигледно немаш поим од економија. Штом е извозникот од Македонија, девизите од извозот се вртат тука, а секако добивката оди кај сопствениците во странство. Швајцарија и Луксембург се борат кој повеќе да привлече мултинационални компании, само колку парите да се вртат низ нивните банки.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom