Game of Thrones

Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Не викам дека Трпе е крив, но стварно се глупи преводите, не треба воопшто да ги има, ни на македонски, ни на хрватски ни никакво, баш се губи автентичноста.

Во стриповите и филмовите за суперхероите никој не ги преведува нивните имиња.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.223
Поени од реакции
37.872
Не знам што сте се фатиле за @Trpe Grozni отворете Википедија и видете ги написите за Game of Thrones. Во секоја земја се преведени поимите. И на српски и на хрватски и на германски. Сите си користат свои преводи за тие поими. Ама не, тука кај нас секогаш има по некој паметен да праша Зошто? или да рече дека било глупо.
Инаку за серијата 6та сезона почна интересно. Ај уште арја да прогледа, она детето да прооди и нед старк да оживее и може да заврши.
Што има врска тоа дали сите ги преведувале топонимите и личните имиња? Во македонскиот јазик не се преведуваат, колку што знам (па дури и ако се измислени). Да се преведуваа, Куала Лумпур ќе ја викавме Калливиот Влив. Си постојат правила за транскрипција на туѓите имиња во правописот.

А и ако преведувате веќе, оти тоа го правите селективно? Што не го преведете Џон Сноу во Јован Снешкото?
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967

Сеа ќе се сјебе и ќе ти каже „па Џон Сноу е име...“
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
На српски е Џон Снежни. :) А се сеќавате кога бевме мали кога ги гледавме Багз Бани, Гуфи, Доналд Дак и останатите?:)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.223
Поени од реакции
37.872
На српски е Џон Снежни. :)
Јас зборувам за Македонија и преведувањето на топонимите и личните имиња кај нас, што е погрешно, а не за Србија и српски. Тие како сакаат нека си прават, кај нас си имаме наши правила кои во случајов не се почитуваат. ;)
 
Јас не ти викам само за Србија туку за цел свет. И тоа со топонимите не е точно затоа што го викаме БеЛград а не БеОград како што всушност се вика.[DOUBLEPOST=1462359251][/DOUBLEPOST]Најдов интересен текст во врска со темата https://stranskijazicifon.wordpress.com/2014/01/20/кога-преведувањето-на-личните-имиња-е/
Се сведува на личен избор на тој што преведува. Ова е уметничко дело па затоа преводот се остава на имагинацијата на преведувачот (се разбира во одредени граници). На кого му звучи нормално му звучи на кого не нема врска затоа што сепак аудиото е на англиски па не знам зошто некој би се нервирал што преводот е таков. Или за книгите правиме муабет?
 
nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.748
Не викам дека Трпе е крив, но стварно се глупи преводите, не треба воопшто да ги има, ни на македонски, ни на хрватски ни никакво, баш се губи автентичноста.

Во стриповите и филмовите за суперхероите никој не ги преведува нивните имиња.
Целта на преводот и преведувачот е да го прилагоди текстот според карактеристиките на поднебјето за кое се преведува. Ако името на човекот или името на некое место е карактеристично на некој начин и има значење, нормално дека треба да се преведе.
Убав пример даде Брутус. На детето што го гледа Багс Бани ништо нема да му значи ако преведувачот го лупне така како што е во оригинал, ама ако е преведено како што е преведено Душко (машко име карактеристично за ова поднебје) Долгоушко (долгите уши како карактеристика на зајакот како животно) тоа полесно ќе разбере за што станува збор.
Имајте на ум дека не сите луѓе знаат англиски (во конкретниов случај) или кој бил друг јазик.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.223
Поени од реакции
37.872
Јас не ти викам само за Србија туку за цел свет. И тоа со топонимите не е точно затоа што го викаме БеЛград а не БеОград како што всушност се вика.[DOUBLEPOST=1462359251][/DOUBLEPOST]Најдов интересен текст во врска со темата https://stranskijazicifon.wordpress.com/2014/01/20/кога-преведувањето-на-личните-имиња-е/
Се сведува на личен избор на тој што преведува. Ова е уметничко дело па затоа преводот се остава на имагинацијата на преведувачот (се разбира во одредени граници). На кого му звучи нормално му звучи на кого не нема врска затоа што сепак аудиото е на англиски па не знам зошто некој би се нервирал што преводот е таков. Или за книгите правиме муабет?
Белград не е превод на Београд, туку наследено историско име. Исто како што Рим не е преведен од оригиналот Рома, туку наследен назив. Тоа се имиња на градови кои често се употребувале на овие простори и затоа се задржале како такви и во стандардниот македонски. Дури пронајдов и објаснување за етимологијата на топонимот, и од каде всушност доаѓа тоа бел- , и според истото објаснување, кај Србите е изменето во бео-, а не кај нас преведено.
Мошне интересно е објаснувањето на Благоја Корубин за патот по кој е дојдено името Белград. Тој објаснува, како што знаеме, од историјата е познато, оти, пред да се појави со некое словенско име, се викал СИНГИДУНУМ. Сега тоа не не интересира. А со словенско име (според Корубин) тој се среќава во еден документ од 878 година како седиште на епископат. И тоа со “бел” како прва компонента а не “бео” како што е сега во српскиот јазик. Во тој документ било напишано: ЕПИСКОПАТУС БЕЛОГРАДЕНЗИС (а не Београдензис). Формата со “бео”, како почетна компонента, се развила подоцна во српскиот јазик. А кај нас, како што вели Корубин, можело да се знае и се знаело за него уште пред да стане “бео”, па така си останал и до денеска како “бел” (Белград). Како наследено историско име. А не дека му текнало некому да го преправа и да го помакедончува.
.
Истото е и со Велика Британија. Придавката „велик“ повеќе звучи како српска придавка и ние во стандардниот јазик не ја употребуваме воопшто, туку употребуваме „голем“. А сепак е правилно Велика Британија, а не Голема Британија, затоа што Велика Британија е наследено историско име што како такво останало како скаменет израз во стандардниот јазик.

А дали ја прочита реченицава од текстот кој си го нашол: „Правописот на македонскиот јазик, наложува правило (воедно и едно од основните правила кое го познаваат сите лингвисти) дека – личните имиња не се преведуваат, туку само се транскрибираат на кирилица, соодветно на фонетскиот принцип на македноскиот јазик и се предаваат во оригинал како што звучат на изворниот јазик.

Не било точно, my ass. Може не сум лингвист, но барем поседувам некои основни предзнаења за нашиот јазик. Ни еден професор на факултет од македонистите никогаш ни немаше речено дека треба да се преведуваат лични имиња и топоними. Ни-ко-гаш![DOUBLEPOST=1462360461][/DOUBLEPOST]
Целта на преводот и преведувачот е да го прилагоди текстот според карактеристиките на поднебјето за кое се преведува. Ако името на човекот или името на некое место е карактеристично на некој начин и има значење, нормално дека треба да се преведе.
Убав пример даде Брутус. На детето што го гледа Багс Бани ништо нема да му значи ако преведувачот го лупне така како што е во оригинал, ама ако е преведено како што е преведено Душко (машко име карактеристично за ова поднебје) Долгоушко (долгите уши како карактеристика на зајакот како животно) тоа полесно ќе разбере за што станува збор.
Имајте на ум дека не сите луѓе знаат англиски (во конкретниов случај) или кој бил друг јазик.
Ха ха ха. Дали тоа значи дека ако јас заминам да живеам во Америка, на пример, на нив името Златко ништо нема да им значи па затоа ќе ме преведат во „Goldie“? Зборувате на памет.
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Белград не е превод на Београд, туку наследено историско име. Исто како што Рим не е преведен од оригиналот Рома, туку наследен назив. Тоа се имиња на градови кои често се употребувале на овие простори и затоа се задржале како такви и во стандардниот македонски. Дури пронајдов и објаснување за етимологијата на топонимот, и од каде всушност доаѓа тоа бел- , и според истото објаснување, кај Србите е изменето во бео-, а не кај нас преведено.
.
Истото е и со Велика Британија. Придавката „велик“ повеќе звучи како српска придавка и ние во стандардниот јазик не ја употребуваме воопшто, туку употребуваме „голем“. А сепак е правилно Велика Британија, а не Голема Британија, затоа што Велика Британија е наследено историско име што како такво останало како скаменет израз во стандардниот јазик.

А дали ја прочита реченицава од текстот кој си го нашол: „Правописот на македонскиот јазик, наложува правило (воедно и едно од основните правила кое го познаваат сите лингвисти) дека – личните имиња не се преведуваат, туку само се транскрибираат на кирилица, соодветно на фонетскиот принцип на македноскиот јазик и се предаваат во оригинал како што звучат на изворниот јазик.

Не било точно, my ass. Може не сум лингвист, но барем поседувам некои основни предзнаења за нашиот јазик. Ни еден професор на факултет од македонистите никогаш ни немаше речено дека треба да се преведуваат лични имиња и топоними. Ни-ко-гаш!
Да, ја прочитав но целиот текст е за исклучоците и овде не зборуваме за лични имиња. Факт е дека нема правило и не треба да има правило. Одлично знам англиски јазик и некои од тие поими кои се употребуваа во Game of Thrones односно Игра на Тронови прв пат ги слушнав. Со помош на преводот разбрав и што значат. Како и да е мислам дека превод буквален или уметнички како сакаш наречи го не е никаков проблем и фактот дека во речиси секоја земја во светов се преведуваат (ако не и во сите) зборува во прилог на тоа дека е логично да се преведуваат.
Баш ми текна и на филмот Кршенгрб Планина т.е. Brokeback Mountain. Во овој случај само кај нас е така преведен на повеќето јазици е оригиналот вклучувајчи ги и и соседните. Само на руски е преведен.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.223
Поени од реакции
37.872
Што па јас се замарам да удирам со глава в ѕид кога општопознато е дека државава ни е полна со експерти на сите полиња. Штом Брутус стана и јазичар, македонист... готово, немам зборови.
Факт е дека нема правило и не треба да има правило.
:popce:[DOUBLEPOST=1462361254][/DOUBLEPOST]А, и btw, благодарам што ме просветливте дека на Робин името било Кур Сивсин. :bravobe:
 
Последно уредено:

nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.748
Белград не е превод на Београд, туку наследено историско име. Исто како што Рим не е преведен од оригиналот Рома, туку наследен назив. Тоа се имиња на градови кои често се употребувале на овие простори и затоа се задржале како такви и во стандардниот македонски. Дури пронајдов и објаснување за етимологијата на топонимот, и од каде всушност доаѓа тоа бел- , и според истото објаснување, кај Србите е изменето во бео-, а не кај нас преведено.
.
Истото е и со Велика Британија. Придавката „велик“ повеќе звучи како српска придавка и ние во стандардниот јазик не ја употребуваме воопшто, туку употребуваме „голем“. А сепак е правилно Велика Британија, а не Голема Британија, затоа што Велика Британија е наследено историско име што како такво останало како скаменет израз во стандардниот јазик.

А дали ја прочита реченицава од текстот кој си го нашол: „Правописот на македонскиот јазик, наложува правило (воедно и едно од основните правила кое го познаваат сите лингвисти) дека – личните имиња не се преведуваат, туку само се транскрибираат на кирилица, соодветно на фонетскиот принцип на македноскиот јазик и се предаваат во оригинал како што звучат на изворниот јазик.

Не било точно, my ass. Може не сум лингвист, но барем поседувам некои основни предзнаења за нашиот јазик. Ни еден професор на факултет од македонистите никогаш ни немаше речено дека треба да се преведуваат лични имиња и топоними. Ни-ко-гаш![DOUBLEPOST=1462360461][/DOUBLEPOST]
Ха ха ха. Дали тоа значи дека ако јас заминам да живеам во Америка, на пример, на нив името Златко ништо нема да им значи па затоа ќе ме преведат во „Goldie“? Зборувате на памет.
Не зборувам на памет. Јас студирав за ова и полагав испити. Толку имав да ти кажам. Да не се согласуваш со мене е твое право, а да се мешаш во работата на преведувачите не е твое право.
Секое добро.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.223
Поени од реакции
37.872
Не зборувам на памет. Јас студирав за ова и полагав испити. Толку имав да ти кажам. Да не се согласуваш со мене е твое право, а да се мешаш во работата на преведувачите не е твое право.
Секое добро.
:facepalm:
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Што па јас се замарам да удирам со глава в ѕид кога општопознато е дека државава ни е полна со експерти на сите полиња. Штом Брутус стана и јазичар, македонист... готово, немам зборови.

:popce:[DOUBLEPOST=1462361254][/DOUBLEPOST]А, и btw, благодарам што ме просветливте дека на Робин името било Кур Сивсин. :bravobe:
Не знам зошто си навреден па мора да навредуваш. Реков дека нема ништо лошо во преводите, реков дека насекаде во светот е така и реков дека кога се работи за литература, филмови и други слични форми преведувачите имаат поголема слобода за преводот (тоа беше факт е дека нема правила) и ти дадов примери кога се преведувале лични имиња, топоними и тн. На крајот на краиштата тој превод никого не оштетува напротив им помага на тие што читаат/гледаат. А за експертизата, напротив, реагирав затоа што такви како тебе се претставуваат за експерти и споделуваат мислење (обично полно со навреди и непоткерепно) без да размислат. Јас не сум експерт еве ако има некој лингвист или што и да е потребно за да се разјасни овој феномен, нека објасни. Сепак и тоа ќе биде само негово стручно мислење што значи дека нема дефинитвен одговор што е ПРАВИЛНО а што не. Додека не се најде одговор да се воздржиме од коментари како глупо е, неприродно, лудо, неписмено и тн.
 
1. По професија сум Дипломиран филолог по општа и компаративна книжевност и МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, имав дури 9 испити на факултет од областа на јазикот, положени со висок просек, па пак не се чувствувам компетентен да давам одговори на прашања поврзани со јазикот, а ти немаш никаква допирна точка и стручна подготовка на таа тема, па делуваш ко експерт кој знае сѐ.
2. Не се чувствував навреден, туку се почувствував ко идиот: јас ти викам дека постои правописно правило дека личните имиња не се преведуваат, ти ми викаш „факт е дека нема такво правило и не треба да има“. И ај сега! Со глава в ѕид ли да удирам?
3. Јас мислам дека не те навредив, ама ако сум те навредил, извини.
4. Продолжи си со друга тема, мислам дека овде исцрпивме сѐ. ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom