- Член од
- 6 април 2009
- Мислења
- 6.148
- Поени од реакции
- 2.991
- Возраст
- 31
Малку е голем тој примат топ5 земјаш за Тием моментално. Напредна доста минатата сезона, не е она момче кое се појави и знаеше често да се губи во натпреварите, да прави доста дупли, да прави ептен неизнудени грешки, едноставно беше премногу темпераментен во играта. Тием доста се смени во играта, а и во понашањето. Видете му го само бекхендот, милина е за гледање, не е како порано кога знаеше 5 од 5 да ги промаши од форсирање. Многу е смирен сега во играта, не форсира премногу како порано, го подобри сервисот, не се нервира како порано и да крши рекети, останува смирен. Во онакви дуели порано како против Ноле и Надал кога имаше безброј неискористени брејк топки, Тием ќе побудалеше скрос и ќе акнеше некој рекет и ќе се распаднеше тотално во мечот.
Мене ми се допаѓа како напреднува, покажува засега дека земјената подлога највеќе му лежи, најдобри партии и резултати покажа таму. Јас искрено кога се појави на терените мислев дека ќе тргне по стапките на Димитров, со оглед како потсеќаше на некои работи во однесувањето. А, видете го сега Димитров сеуште крши рекети и се губи тотално, а Тием тотално се смени и го искорени тоа. Мое мислење е дека ќе биде топ10 играч, а како што напредува вака добро ништо чудно и топ5, сепак времето ќе покаже.