Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 септември 2014
Мислења
625
Поени од реакции
606
- Какво ли потценување кон сопствениот народ имаат Заев и СЈО кога може со мирна душа да испраќаат соопштенија во кои самите велат дека некој доброволно им се понудил за соработка и одлично соработувал со нив, а од друга страна му вршеле претреси по дома пред неговата сопруга и дете. Кога со оружје упаѓаш во сред ноќ и вознемируваш нечие семејство, кога се закануваш, а тврдиш дека тој бил одличен соработник, се поставува прашањето како се однесуваш кон некој кој не е доброволен сведок или не соработува според очекувањата. Надлежниот Јавен обвинител ќе мора да ги расчисти овие дилеми и секој што си терал сопствена, нарачана правда надвор од законот, да одговора. Јавноста чека одговор, зошто по налог на Катица Јанева во ноќно време биле испраќани АЛФИ да упаѓаат кај Крпач? Зошто доколку имале сознанија дека наводно постоеле притисоци врз Крпач, тоа го криеле, а правеа десетици театрални прес конференции? Дали тоа е навремено пријавено било каде? Одговорот овој пат не се очекува од СЈО. Јавноста виде дека СЈО лаже и манипулира. Овој пат одговорот се очекува од надлежниот Јавен обвинител кој треба да ги утврди околностите за смртта на Коста Крпач. Се зборува дека кога побарал стручна помош , Крпач кажал се што го мачи. Овој пат тие белешки не смеат да исчезнат или да бидат сменети, кој и да е чадорот. Колкава и да е неговата моќ, таа не е поголема и повредна од човечкиот живот, пишува универзитетскиот професор Оливер Андонов во последната колумна.
И кај Чауш полицијата изврши претрес, па не изврши самоубиство(примерот го наведувам бидејќи и како овој е со политичка конотација, има безброј претреси извршени во земјата, ниедно самоубиство). Тука не се работи за самоубиство, туку за убиство нарачано од фамилијата со цел да не се откријат матните зделки околу набавувањето на опремата за прислушкување. Дпмне преку овие режимски дудлачи сака да собери политички поени и да го оцрни СЈО со плукање по нив 24/7 откако е формирано. Народот иако го потценувате и мислите дека паси трева, воопшто не е малоумен туку добро знај кој е виновен за целата настаната ситуација и кој сака да избегни да одговара пред законот.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.428
Поени од реакции
16.641
И кај Чауш полицијата изврши претрес,.
Чауш беше и е обвинет . СЈО и било кој не оспорува самоубиство, туку тврди дека имало од други лица психолошки притисок, имале и докази ама не можеле да ги дадат поради тајност...:confused:.
Работата е друго, небитно од самоубиството, СЈО често го крши законот и не им дозволува адвокати на лицата кој ги испрашува и тероризира... тоа е само знак дека немаат цврсти , матерјални докази да поведат судски спорови, туку сакаат да прават само политички маркетинг ... уште не најдов конкретен одговор во медиумите, израелската опрема за прислушкување дали е израелска донација или кредит?
Досега прво тоа требаше да го истражат, па ако е кредит да проверат дали имало тендер и тн...
А се фатиле за уништувањето за кое има пишани наредби и потписници...
.. а и кокорајко гајле си нема околу кршење на законите..
 
M

macgowan

Гостин
Најјакото е што мислат дека имаат некој план и дека ќе опстојат на крај :icon_lol:
Точно! „Планот“ е да се оди до крај, бидејќи ова е борба за живот. До толку се загазени во гомненици сите во врвот на дрпмне што сега се работи за спасување на кожата. Бранко(кој уште од уста не го вадат) и Љубчо се мали деца за овие багабонти! Овие се толкава багра и расипници што и мајките би си ги продале само да останат на власт.
Заминувањето на баграва е неминовност и никогаш повеќе да не се повтори! Мене ми е жал за овците кои ги манипулираат, али тоа е тоа што ќе им се акни од глава. За десет години наПравија толку срања што назад ни е зимата, допрва че го плаќаме лудилото на баграва.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
http://prizma.birn.eu.com/мк/стории/помилувањата-на-иванов-се-поклопуваат-со-кривичните-пријави-на-сдсм

Извори за БИРН тврдат дека кога претседателот ги носел одлуките за аболиција, првично се раководел од поднесените кривични пријави на опозицијата, а за да го стори тоа, морал да има пристап до предметите во Јавното обвинителство со кое раководи Марко Зврлевски, како и соработка со Кривичниот суд.
Во вчерашниов текст, новинариве (според мене многу касно) ја демонтираа изјавата на фикусот дека „тој како престедател имал начини и методи да дојде до имињата на осомничените во случаите на СЈО“. Зврлевски е кум на Мијалков или обратно - како и да е - оваа врска е сосема нормално да функционира кога се работи за двајца криминалци, ама како може сдс да е толку размонтиран и да не ги зема предвид овие криминални потенцијали на криминалците инсталирани по државните институции. Откако ќе пројде цела оваа лакрдија, прв на ред треба да дојде Марко Зврлевски и целата корумпирана скупина од обвинители околу себе и да одговара прво за не-постапување по сите индикации за криминал од страна на неговите „пријатели“ и второ за нелегално доставување информации до други институции по што како што гледаме дури и направиле прекршок со објавување на име на заштитен сведок.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
израелската опрема за прислушкување дали е израелска донација или кредит?
Досега прво тоа требаше да го истражат, па ако е кредит да проверат дали имало тендер и тн...
А се фатиле за уништувањето за кое има пишани наредби и потписници...
Аман бе држава сме или ѓупци сме па да не се знае чија е и како набавена опремата??
Оп архивата, оп сите договори за набавка на опремата, оп потврда од израелската влада или фирма и готово
Ако се уште не се знае како е набавена опремата - значи има нешто матно тука, фалат папири. Од државна институција па за 20 години уназат ќе најдеш документ кој шо како и каде набавил, таман работа за секоја набавка да мора да се истражува, испитува, сослушува....
Накратко, тој кој е посочен дека направил некаков криминал со набавката може под нос да им потури документите и крај.
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Како совесен граѓанин кој се грижи за благосостојбата на природните богатсва, државата, нацијата, уставниот поредок, владеењето на правото и законите, јас ти предлагам со сликава да идеш во сите обвинителства во Македонија, кај истражен судија, во МВР и за секој случај во агенциите за разузнавање/контразузнавање.

Таму уредно ќе го пријавиш лицето ЗЗ за свесно уништување на природните богатства на РМ со четирициклот. Помини од кај Министерство за Социјала, кај Диме, пријави го за злоупотреба на родителските права, изложувајки го малолетниот син на општа животна опасност, дозволувајќи му да управува моторно возило, притоа без носење заштитна опрема. Можеш да предложиш дека на таков родител најдобро за државата и психофизичкиот развој на малолетното дете, е да му се одземат родителските права, а мајка и татко да му биде татковината.

Откако ќе завршиш во МВР кривичниот оддел, помини и од кај сообраќајна полиција. Да му лепнат глоба на синот, затоа што управува моторно возило без возачка дозвола. Кога си веќе таму, пријави да му пратат вонредна контрола дали овие четирицикли се регистрирани, осигурани и со валиден технички преглед.

После, нека те однесе патот до Управа за Метерологија, затоа што од сликата не се гледа дали моторниве возила се регистрирани и дали имаат хомологациски документи од нив според кој ги исполнуваат еколошките стандарди за пуштање во сообраќај.

За секој случај, помини и од кај царина, да проверат дали се увезени на легален начин. Недај Боже да имаат странски таблички.

Па кога ќе завршиш во овие институции, помини во некоја инспекција. Кажи дека некој со четирицикл уништува јавна површина и зеленило. Па иди пријави во Зонско паркирање, дека некој паркира на јавна површина. Да му пратат пајак.

Гледајќи ја локацијата, пожелно е да се иде до УБК/ДБК/Воено разузнавање. Не дај Боже, таму да се среќава со Странските служби. Да му пратат шпиони да контролираат ситуација.


И... за крај.... Ако по некоја случајност те прогласат за лудак за пријавите во најразличниве институции, иди до локалниот штаб. Таму за пола саат ќе му спремаат контра-четирицикли во боите на татковината, ВМРО, и ќе ја покоруваат планината додека во позадина ги благословува Канго.

Да се знае чија куќа мрсно јаде и кој ѝ мисли добро на Татковината. :)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Да се знае чија куќа мрсно јаде и кој ѝ мисли добро на Татковината. :)
ти се подсмеваш на сериозна работа, за живот и здравје на малолетно дете оставено на милост и немилост на неодговорен татко - слуга на странски служби и ЕУ.
Како пример за родителска грижа е премијерот лично кој децата ги вози во 600.000 евра вреден мерцедес, а не на половни и технички сомнителни возила без основни сигурносни и безбедносни услови.Во мерцедесо на премијеро ни дете ќе му настине ни ќе испоти од горештини, и ги има сите услови внатре, боци со хималајски воздух, резервоар со алпска вода, масажери, тим на лекари и психолози, наставници по математика англиски и музичко, интернет пристап, домашно кино, мини зоолошка градина централна брава и сончев покрив.
Е тоа е родителска грижа за свое чедо!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.428
Поени од реакции
16.641
Аман бе држава сме или ѓупци сме па да не се знае чија е и како набавена опремата??
Накратко, тој кој е посочен дека направил некаков криминал со набавката може под нос да им потури документите и крај.
тој што отвара постапка треба да има правен основ... значи да има документи за што се работи, нагаѓање по прислушкуван тел. разговор не е правен основ...па кокорајко јавно, аудио и видео ЛИВЕ, се закани со јадење живи луѓе па нема постапка...
..зајко треба да докажува дека не бил канибал или тој што сага да го гони треба да докаже дека бил ?
.. тој што е посочен не мора да рчка ако со тоа му праи проблем на донаторот... па сега има во УСА галама против Сорос дека трошел пари на даночните обврзници за портокалови револуции низ светот...Може ли ЈО на основа тоа сега да го бричи Милчин на суво ?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
тој што отвара постапка треба да има правен основ... значи да има документи за што се работи, нагаѓање по прислушкуван тел. разговор не е правен основ...
За обвинител СЕКОЈ податок дека е направено кривично дело е основ за истрага, дури и разговор со него неслужбен, напис во весник, на телевизија... ако обвинителот има сомнеж дека е сторено кривично дело - тој е должен да ја испита работата.
Е сега во овој случај то треба да е лесно, пошто е државна работа со документи, печати потписи заверено заведено архивирано
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Наместо Дпмне да се пеиближува до датумот за фер и регуларни избори, тие стават дополнителни пречки за тие да не се оддржат, и бегаат од такви избори. Се плашат дека народот ке му пресуди, и свесни дека рејтингот му опаѓа со брзина на светлина.

Свесни се дека го јадоја к..., и сега стават дополнителни рампи за да нема фер и регуларни избори. Не сакаат да заврши кризата,затоа што го знаат епилогот после тоа.

Наместо да се приближиме сите до датумот за избори тие СВЕСНо стават дополнителни пречки за тоа да не се случи, во случајов со законот за АБОЛИЦИЈА НА КРИМИНАЛЦИ.

Зошто се плаши вмро дпмне да излези на фер и демократски ИЗБОРИ? од кој се плаши, зошто бега од избори? зошто дпмне ја продлабочува кризата?



Биди паметен, немој да бидеш испран како симпатизер на дпмне.:)
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Зошто мислиш така Mafo1? Со која постапка се бега од изборите? ВМРО ДПМНЕ не сакаше да има избори, но по притисоците, преговорите... сепак се донесе заклучок да се оди на нови избори, да се воведат дополнителни министри, оставка на премиерот... Се тоа се стори.. редно е да има избори. Ако не... да се врати старата состојба на владата, па кога ќе има избори, тогаш пак „јово наново“... Мислам дека е фер така. Иако... постојат рокови според законот во кои мора да се одржат избори, по распуштањето на собранието, па не знам дали е можно нешто друго.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.428
Поени од реакции
16.641
Зошто мислиш така Mafo1? Со која постапка се бега од изборите? ВМРО ДПМНЕ не сакаше да има избори, но по притисоците, преговорите... сепак се донесе заклучок да се оди на нови избори, да се воведат дополнителни министри, оставка на премиерот... Се тоа се стори.. редно е да има избори. Ако не... да се врати старата состојба на владата, па кога ќе има избори, тогаш пак „јово наново“... Мислам дека е фер така. Иако... постојат рокови според законот во кои мора да се одржат избори, по распуштањето на собранието, па не знам дали е можно нешто друго.
ako e soglasna Dui može da se raskine dogovorot vo Pržino , togaš se čekat redovni izbori...protesti sekako ima, rabotata vo pritisokot na diplomatite i EU
Pa po prvoto odlagawe na iyborite na 24 april Jakimovski go predloži toa... poentata e deka i DUI i SDSM igraat valkana dvojna igra, a koja može da završi na šteta na mkd narod vo celina....
Duri i da se svrti sdsm za 180, vujče i Soros nema da go dozvolat toa, osven šareni platenici ima i naoružani islamisti vo Kosovo i instruktori vo Bonstil...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Duri i da se svrti sdsm za 180, vujče i Soros nema da go dozvolat toa, osven šareni platenici ima i naoružani islamisti vo Kosovo i instruktori vo Bonstil...
Нели им ги испотепавме сите инструктори од Бондстил сега последно у Тетово?
Миленко лично кажа дека имало околу стотина мртви терористи од кој голем број инструктори
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom