Зошто СЈО наредиле претрес во домот на Коста Крпач? Дали тоа морало да се случува пред очите на неговото дете, сопругата, соседите? Што нашле за време на претресот? Зошто доколку СЈО немал намера да го гони Коста Крпач би им пречело прекинувањето на постапката од страна на Претседателот Ѓорге Иванов?Ова се суштинските прашања кои за жал се уште немаат одговор.
Од конфузното и контрадикторно соопштение на СЈО, јавноста само беше информирана дека тој доброволно се јавил за сведок и дека имале беспрекорна соработка. Навистина чудно кај ваков соработник да побарате наредба и да му влезете дома и да го малтретирате пред сопственото семејство.
Подеднакво се чудни и сомнителни информациите од соопштението на Катица Јанева во кои велат дека имале докази за притисоци. Ниту министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ниту Јанева не кажаа кога се пријавени овие притисоци, кој ги вршел и што било преземено. Затоа и овој дел од соопштението наликува на уште една лага поголема од претходната.
Според информациите до кои дојдовме, надлежниот јавен обвинител деновиве ќе ги повика одговорните од СЈО за да ги образложат своите постапки и сомнежите за притисоци врз Крпач. Надлежниот ЈО веќе прибавил исказ од неговата сопруга, како и од други лица кои биле во контакт со Крпач.
Коста Крпач не е првиот за кого се говорело дека е жртва на тортура и малтретирање од страна на СЈО. Според досега потврдените информации досега се поднесени над 20- тина кривични пријави за малтретирање во служба против обвинители и истражители од тимот на Катица Јанева.
Како најбрутални беа споменувани Лиле Стефанова, Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи. Дали некој од оваа тројка го водел и случајот на Коста Крпач, засега се крие во СЈО. Според пријавите кои тогаш граѓани ги поднесоа се тврдеше дека обвинителите и истражителите преку закани, па дури и со покажување на оружје се обидувале да изнудат невистинити изјави од повиканите.
Најмаркантен случај беше кога на лице, кое подоцна бесе осомничено, му било нудено да биде сведок на СЈО и за тоа му се предлагал поткуп од 100.000 колку што чинела лажната изјава. Овој кривичен предмет е веќе во суд.
Исто така , маркантен случај беше кога судија од Управен суд до судскиот совет и советот на обвинители пријави дека од обвинител од тимот на Катица Јанева бил повикан во Угостителски објект каде што му биле упатувани закани.