Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Немаше фаул глупо е детето, кога виде дека не може да ја стигне падна :) Да паднеше на почеток ќе го излажеше Оливер.
 
Фаул? Јас разбирам дека игра Јунајтед ама малку треба да си објективен некогаш.
Гледај ја успорената зумирана снимка. Ф од фаул нема.
Добро де, човек не смее да згреше... А шо дремете у наш фан клуб, победивте денеска па чекате сеир да фаќате :D
 
Се ќе сфатам сезонава, само не како сеуште Лингард е првотимец.
 
1. Лингард ми е онакво типче што кога ќе даде гол мислиш освоил злато на 100км пеперутка, а кога ќе промаши интересен е одма се фаќа за глава ко демек за милиметар не влегло а уствари поради неговиот ,,талент'' топката најчесто не завршува во гол ....
2. Руни од друга страна ми е ко некој пензионер кој треба да ја плесне бабата но лапа вијагра за да се мотивира. А има слободен удар одма он е првиот што треба да го изведе иако нели од километар се гледа дека е тотално незазинтересиран. Денес ако истрча 1км добро ќе да е ....
3. Фелаини случај сам за себе, кога ќе видам нафрлена топка накај него дали од корна и од друга ситуација ми иде да фрлам цел тросед низ прозор.

Тоа би било сума сумарум за прво полувреме :D
 
Руни оддамна е печен за МЛС или кај кинезите, веќе апла е тоа. Игра на стара слава, а не може да мрдне на терен. Спор е во движењата, обични пасови не може да запре (му се одбива топката по 5м), премногу е тромав. Или да си замине летово, или да прифати улога од клупа и да земаме некој класа напаѓач.[DOUBLEPOST=1462111329][/DOUBLEPOST]
Уште не знам како не може да признаете дека Нани за крилава годинава е измислен

Јас тврдам дека Нани е измислен за Лингард, каков Нани, Зоран Тошиќ и Бебе се подобри од овај. Лингард освен брзина нема ништо друго за крило. Впрочем после Роналдо (додека играше десно крило) сме немале класа десно крило. Нани, Валенсија, Јанг, и кој уште не проба таму, сите беа со само некои повремени блесоци.
 
Не знам што сте навалиле на Руни и Лингард кога 3 гола примаме зашто Рохо си го собира вратчето или воопшто не скока на топки од центаршут. Прво Велбек ни даде таков гол, па Алдервилд, па сега Морган. Сите овие Рохо ги чуваше, т.е требаше да ги чува.

Иде топка од корна, овој гледа каде му е Морган, а не каде иде топката.
 
Дуелот Фелаини-Хут, тегнење за коса, мавање лакти, насилство. Ми се допаѓа што без разлика на позициите играат борбено, се покриваат и одат поагресивно кога треба, го има жарот. Лингард немаше што повеќе да извлече од ова освен да паднеше на почеток, таа е градбата го дувна ветерот. Рохо да знаеше малко повеќе со топка или со десна нога, а не само да ги цепи на слепо ќе беше уште подобро. Уште пенал да свирнеа над Марез, мислам ќе го извадеше на полувреме. Брзите полуконтри со Марсијал се одлични, уште Шо да се види во ова фали.
 
Да, играта е побрза со него но едноставно да се зачудиш колку глупо створење е Лингард.
Нема кој да игра место него. Еве Валенсија пустиот две утакмици по ред вади центаршутеви ала Бекам ама шо кога бил со една нога, не го бива за крило. За таму Лингард е створен оти е без ниту една...
 
Добро кој и дае задолжен да го држи овој Морган некако не му оди човекот си се шета каде сака
 
Не знам што сте навалиле на Руни и Лингард кога 3 гола примаме зашто Рохо си го собира вратчето или воопшто не скока на топки од центаршут. Прво Велбек ни даде таков гол, па Алдервилд, па сега Морган. Сите овие Рохо ги чуваше, т.е требаше да ги чува.

Иде топка од корна, овој гледа каде му е Морган, а не каде иде топката.
Никoј не нaвaлувa, сaмo иритирa фaктoт декa земa oгрoмнa плaтa зa дa стoи нa терен. Бaрем дa изгледaше мaлце зaинтересирaнo нa нaтпревaрoв, мoжеби ќе имaвме и некoјa преднoст.

Sent from my LG-G4
 
Лингард го извади, навистина го извади.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom