Од град во село, ќе успее ли ова?

Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Na ova treba da se nadovrze temata za devalvacija, eve jas se kladam deka ako edno 2-3 godini ako ima hiper devalvacija i hiper inflacija ke se tepaat koj poprvo da se vrati na selo posovo gradovite ke nemaat sto da jadat. Mnogu ednostavna rabota.[DOUBLEPOST=1461927833][/DOUBLEPOST]Vo sekoe selo otvorija fakultet i na sekoe kose ima partiski stabovi = diploma+klati vrata zimaj plata. I sega koj e kriv sto se ispraznija selata?
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Na ova treba da se nadovrze temata za devalvacija, eve jas se kladam deka ako edno 2-3 godini ako ima hiper devalvacija i hiper inflacija ke se tepaat koj poprvo da se vrati na selo posovo gradovite ke nemaat sto da jadat. Mnogu ednostavna rabota.[DOUBLEPOST=1461927833][/DOUBLEPOST]Vo sekoe selo otvorija fakultet i na sekoe kose ima partiski stabovi = diploma+klati vrata zimaj plata. I sega koj e kriv sto se ispraznija selata?
Или уште поарно темата Замокот е мој. Ако се изгради замокот по селата сите че отидат да му го земат на Сунгерот Боп. Вин-Вин ситуација.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Ова е само предвесник на следниот план на Груевски - да се преселат најголемите Скопјани од Градски Ѕид назад од каде што дошле. Прво им дава фора и стимулации, после во вагони.
 
G

Goldie

Гостин
Како што реков, оваа ветување нема логика и нема никогаш да се постигне главната цел, а тоа е да се вратат луѓе по селата.

Каде ќе успее проектот?

Ќе дојде некој од Крива Паланка и ќе рече дека ќе стане селанец, ама селанец во Бардовци, селанец во Сопиште, во Инџиково, во Горно Нерези, Визбегово.
Ќе си земе 6000 евра и ќе му се оствари сонот, да живее во село, ама во Скопско село, кое се наоѓа од центарот поблиску него Ѓорче.

Некој од Демир Хисар ќе изгради куќа во село Горно Оризари што е предградие на Битола.

Некој од Кичево ќе изгради куќа во село Мала Речица тетовско, а ни самите тетовчани не ја знаат границата помеѓу село Мала Речица и Тетово, пошто тие се споени.

Дека ќе се врати некој во Мариово, Дебарца и Ранковце, тоа само во други времиња. Може некој да се врати пред пензионирање, но што од тоа?

Сите досегашни проекти јас ги гледам само како купување социјален мир, ниеден не ја постигнува наводната цел заради која се започнати.

Има села кои имаат над 2000 жители, а сеуште вода пијат од бунари.

Има луѓе кои веќе имаат куќи по селата, имаат земјиште итн... ги оставаат нив, и слегуваат по градовите, тоа покажува дека не е само куќата, туку треба и други услови да се обезбедат, елементарни услови немаат.

И во време кога пишуваме, веќе се прават подготовки за барокизирање на нови згради низ Скопје, а со тие пари можело да се направи некој водовод по селата.
Затоа велам дека овие не се искрени со народот.
Проектот важи само за села до 500 жители така да во Мала Речица, Сопиште, Бардовци итн ќе неможеш да живееш со проектов.

Инаку проективе за капка по капка систем, субвенции за бунари и лозови/овошни насади им се одлични и ќе имаат ефект

Ама ова за на село преселбава е тотална утка и ми се чини е избрзана лошо направена програма - за да стигне пред избори а нема да го постигне посакуваниот ефект. 6000е и плата од 15.000 месечно во рок од 18 месеци е смешна сума со која неможеш во никој случај да почнеш сериозно производство доволно за живот на село. Плус и овие 3 хектари површина бесплатно е ептен безвезна бројка, па истата може да ја земе секој индивидуален земјоделец за 200-300 евра годишно рента не му треба никакво обврзување да мора да живее 15 години на село.
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
анчо, за народ се алкохол и жени а не аргатување по пустелии
Вака ко ќе замисли чоек убо изгледа, мало куќарче, наоколу твоја земја полна со родно класје и бавчи со расцутени овошки, седиш под орев, мезиш домашно сиренце и домати и пиперки од бавчата зад куќа, пијуцкаш домашна ракија, жуборка поточе во близина, а во претсобјето урамена слика од премијеро а наоколу весело се играат децата додека од џамот иди миризба на запечено турлитавче в шпоре на дрва и се слуша подпевнување на домаќинката в кујна...
али реално, кој бе ќе појде и овие шо се веќе на село и работаат земјоделие одвај врзваат крај со крај, ни откупи има ни преработки има и то шо се навикнати на работа од 6 сабајле па дур се стемне и на +40 и по дожд и по снег
Денешните “граѓани“ не может ни да си најдат запуштената куќа на дедоим в село од кај дојдоа а камоли да работаат земја и чуваат добиток. Не функционираат без 3 нескафиња од сабајле кое им почнува во 10, и се шо е подалеку од 250 метри им е ризик за кардиовскуларен систем.
Село е работа 24/7 365 дена во годината, немаш таму годишен одмор боледување празници и работно време 9-16.
Ќе ти дат 6000 евра да кренеш куќа, 15000 месецо за годинаипол и 3 хектари. А ти израчунај колку треба да кренеш или реновираш куќа, да засадиш земја набавиш стока и се шо треба за неа набавиш ѓубрива, пестициди, и некое тракторче.

Јас само имам да напишам неколку работи.
1. И многумина забораваат дека тоа семејство нема вечно да има физичка сила да работи земјоделие, и ќе треба да одвојуваат барем 100 евра секој месец да уплаќаат за барем еден член на тоа семејство утре да се стекне со пензија, и тоа ќе ја стекне пензијата кога ќе има старосна граница исполнето. И никој нема да го прашува земјоделецот што пример на 62 години не може веќе да работи, а пензија мора да чека уште некоја година.
А нормално полицајците идат порано во пензија бидејќи тие ниту самите си уплаќаат за стажот ниту пак мораат да работат секој ден или во ниви или да чистат измет на говеда.
Земјоделска и сточарска работа е најзахтевна работа, никогаш нема одмор.
А лесно може да се случи да падне град и да отиде во неповрат маката и трудот вложен на нивите. Или да има суша или некоја болест да го преполови родот.

2. Денешниве села во Македонија, пола немаат канализација.
Нема каде да оди таа вода отпадна од купатила па се прават септички јами.
Но нема каде да оди отпадната вода од говедата од кравите, па сум гледал или земјоделците прават во двор бушотина каде ја држат мочта од стоката едно време па после плаќаат цистерни да ја земат мочта и да ја однесат од дворовите.

Дури сум видел некои земјоделци им здосадило да плаќаат цистерни за мочта од говедата, па земале ископале преку нивни дворови мочта да излегува по селските патишта или да оди преку селски потоци било каде само да не е во дворовите.
Па тоа корне од смрад по селските патишта и потоци од мочта.

И кој би одел да се нафати на ваков проект да оди да живее во смрадови од селски средини, каде нема канализација ниту за отпадна вода од купатила.

3. Јас веќе на една тема сум пишал, земјоделец кој се занимава со земјоделство и сточарство нема време ниту да оди на лекар ако се разболи, ама тоа секако многумина не го разбираат.

Тапа проект е ова, само колку да се перат пари.[/quote]
 
Член од
2 октомври 2015
Мислења
109
Поени од реакции
50
Само ако почне од неговите да дели, инаку буџетот не покрива веќе, долгот вртоглаво расте.
Овие муабети се вртат веќе 10 години но некако чудесно сите плати редовно стигаат и пензии.. Мора ли секоја мерка што ќе се донесе да се плука?
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Овие муабети се вртат веќе 10 години но некако чудесно сите плати редовно стигаат и пензии.. Мора ли секоја мерка што ќе се донесе да се плука?
Стигаат пошто годишно се задолжуваме по 380 милиони евра, односно во последните 7 години задолжени сме за нови 2.667.000.000 евра
http://forum.kajgana.com/threads/Може-ли-Македонија-да-ги-врати-воопшто-кредитите-што-ги-зема.64543/page-110

Ако стварно некому му е гајле за селата, немаше околу седиштето на Дпмне да се барокизираат 4 згради со 1,7 милиони евра, туку тие пари ќе се потрошеа во неколку села за подобрување на условите.

Мора да се плука бидејќи 10 години беа на власт и никако не го подобрија животот во селата, и сега на 1 месец пред избори им текнува проект за селата.
Што не им текна тие 600 милиони евра од Скопје 2014 да ги инвестираат за враќање на животот во селата.

Не можам да прифатам барокизирање на 4 згради да кошта повеќе него рехабилитација на регионален пат Делчево-Голак во должина од 10км и ширина 4,5метри.

4 барони фасади= 1,7 милиони евра
рехабилитација на регионален пад од 10км = 1,3 милиони евра
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
20.433
Поени од реакции
16.644
јас колку што разбрав не станува збор за административците ( мада и тоа не лоша идеја), овде станува збор за невработените, што ќе им фали, куќа, плата 15000 денари и плус други бонуси, па ни Норвешка не дава вакви услови.[DOUBLEPOST=1461919328][/DOUBLEPOST]

па според пишувањава на селаниве од главното село во МКД, добивам впечаток дека се работи за велеград.
пред 12 години носев еден братучед од Канада во неговото село, во егејска Македонија; Грција тогаш им даваше фамилиарна или земјоделска пензија од 600 евра на луѓе над 60 години, а кој никогаш не работеле
( немаат стаж), ама услов беше да останат во селото. А не дека тие ќе ја работаат земјата, плаќаа тогааш албанци да работаат... битно и беше на Грција да се задржи народ по селата, веројатно и некој ЕУ пари лапаа за тоа...[DOUBLEPOST=1461937802][/DOUBLEPOST]
Ова е само предвесник на следниот план на Груевски - да се преселат најголемите Скопјани од Градски Ѕид назад од каде што дошле. Прво им дава фора и стимулации, после во вагони.
има друг проблем околу иселување од селата, сељанчиците избегаа по градови паа мора да носат девојки од странство, најчесто од Албанија ама и од Русија... се сеќавам пред да спука во Украина селските ергени се спремаа со авион да одат таму кај украинките ама војната им ги помрси плаановите..
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Овие муабети се вртат веќе 10 години но некако чудесно сите плати редовно стигаат и пензии.. Мора ли секоја мерка што ќе се донесе да се плука?
nema nisto cudesno vo toa da se zimaat krediti za da se isplakjaat plati.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Мене лично ми се свиѓа проектов. Сите од селата избегаа по градовите, посебно во Скопје, а селата останаа празни со по неколку жители. Македонија има многу убави села и во нив вреди да се живее. Па проектов е баш добар начин за повторно населување на селата како и можност за нивни развој.
:)
 
B

Bafra

Гостин
Не мора од овие „нелегални“ работи. Дозволи легално садење на крупнолистен тутун и легален откуп и ќе видиш како 99% од сите во Пелагонија ќе се вратат кој тутунот. Не ова црно ориентално ѓубре што треба да му се поклонуваш во 3 сабајле 100+ денови во годината....
А зашто па индустрискиот коноп го ставиле нелегален :toe:
Хрватска и Србија е легален. Се што би можело да биде + за нас МКД е или забрането или строго контролирано до граници на неизводливо :yid:

Дпмне комунистичка партија ли беше :P... Државата ова, државата тоа.
Систем во кој владата 24/7 прави популистички мерки кои само на хартија функционираат а притоа приватниот сектор е оптоварен со разни ограничувања и давачки последиците незнам дали ќе бидат розеви :cautious:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Мене лично ми се свиѓа проектов.
Тоа е сигурен знак дека се работи за ортодоксна глупост, испрдок на нечиј ретадиран ум, која веднаш треба да биде заборавена.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom