анчо, за народ се алкохол и жени а не аргатување по пустелии
Вака ко ќе замисли чоек убо изгледа, мало куќарче, наоколу твоја земја полна со родно класје и бавчи со расцутени овошки, седиш под орев, мезиш домашно сиренце и домати и пиперки од бавчата зад куќа, пијуцкаш домашна ракија, жуборка поточе во близина, а во претсобјето урамена слика од премијеро а наоколу весело се играат децата додека од џамот иди миризба на запечено турлитавче в шпоре на дрва и се слуша подпевнување на домаќинката в кујна...
али реално, кој бе ќе појде и овие шо се веќе на село и работаат земјоделие одвај врзваат крај со крај, ни откупи има ни преработки има и то шо се навикнати на работа од 6 сабајле па дур се стемне и на +40 и по дожд и по снег
Денешните “граѓани“ не может ни да си најдат запуштената куќа на дедоим в село од кај дојдоа а камоли да работаат земја и чуваат добиток. Не функционираат без 3 нескафиња од сабајле кое им почнува во 10, и се шо е подалеку од 250 метри им е ризик за кардиовскуларен систем.
Село е работа 24/7 365 дена во годината, немаш таму годишен одмор боледување празници и работно време 9-16.
Ќе ти дат 6000 евра да кренеш куќа, 15000 месецо за годинаипол и 3 хектари. А ти израчунај колку треба да кренеш или реновираш куќа, да засадиш земја набавиш стока и се шо треба за неа набавиш ѓубрива, пестициди, и некое тракторче.
Јас само имам да напишам неколку работи.
1. И многумина забораваат дека тоа семејство нема вечно да има физичка сила да работи земјоделие, и ќе треба да одвојуваат барем 100 евра секој месец да уплаќаат за барем еден член на тоа семејство утре да се стекне со пензија, и тоа ќе ја стекне пензијата кога ќе има старосна граница исполнето. И никој нема да го прашува земјоделецот што пример на 62 години не може веќе да работи, а пензија мора да чека уште некоја година.
А нормално полицајците идат порано во пензија бидејќи тие ниту самите си уплаќаат за стажот ниту пак мораат да работат секој ден или во ниви или да чистат измет на говеда.
Земјоделска и сточарска работа е најзахтевна работа, никогаш нема одмор.
А лесно може да се случи да падне град и да отиде во неповрат маката и трудот вложен на нивите. Или да има суша или некоја болест да го преполови родот.
2. Денешниве села во Македонија, пола немаат канализација.
Нема каде да оди таа вода отпадна од купатила па се прават септички јами.
Но нема каде да оди отпадната вода од говедата од кравите, па сум гледал или земјоделците прават во двор бушотина каде ја држат мочта од стоката едно време па после плаќаат цистерни да ја земат мочта и да ја однесат од дворовите.
Дури сум видел некои земјоделци им здосадило да плаќаат цистерни за мочта од говедата, па земале ископале преку нивни дворови мочта да излегува по селските патишта или да оди преку селски потоци било каде само да не е во дворовите.
Па тоа корне од смрад по селските патишта и потоци од мочта.
И кој би одел да се нафати на ваков проект да оди да живее во смрадови од селски средини, каде нема канализација ниту за отпадна вода од купатила.
3. Јас веќе на една тема сум пишал, земјоделец кој се занимава со земјоделство и сточарство нема време ниту да оди на лекар ако се разболи, ама тоа секако многумина не го разбираат.
Тапа проект е ова, само колку да се перат пари.[/quote]