Ќе ти дат 6000 евра да кренеш куќа, 15000 месецо за годинаипол и 3 хектари. А ти израчунај колку треба да кренеш или реновираш куќа, да засадиш земја набавиш стока и се шо треба за неа набавиш ѓубрива, пестициди, и некое тракторче.
Како што реков, оваа ветување нема логика и нема никогаш да се постигне главната цел, а тоа е да се вратат луѓе по селата.
Каде ќе успее проектот?
Ќе дојде некој од Крива Паланка и ќе рече дека ќе стане селанец, ама селанец во Бардовци, селанец во Сопиште, во Инџиково, во Горно Нерези, Визбегово.
Ќе си земе 6000 евра и ќе му се оствари сонот, да живее во село, ама во Скопско село, кое се наоѓа од центарот поблиску него Ѓорче.
Некој од Демир Хисар ќе изгради куќа во село Горно Оризари што е предградие на Битола.
Некој од Кичево ќе изгради куќа во село Мала Речица тетовско, а ни самите тетовчани не ја знаат границата помеѓу село Мала Речица и Тетово, пошто тие се споени.
Дека ќе се врати некој во Мариово, Дебарца и Ранковце, тоа само во други времиња. Може некој да се врати пред пензионирање, но што од тоа?
Сите досегашни проекти јас ги гледам само како купување социјален мир, ниеден не ја постигнува наводната цел заради која се започнати.
Има села кои имаат над 2000 жители, а сеуште вода пијат од бунари.
Има луѓе кои веќе имаат куќи по селата, имаат земјиште итн... ги оставаат нив, и слегуваат по градовите, тоа покажува дека не е само куќата, туку треба и други услови да се обезбедат, елементарни услови немаат.
И во време кога пишуваме, веќе се прават подготовки за барокизирање на нови згради низ Скопје, а со тие пари можело да се направи некој водовод по селата.
Затоа велам дека овие не се искрени со народот.