Сталкерот
Резидентен космонаут
- Член од
- 5 јуни 2012
- Мислења
- 5.762
- Поени од реакции
- 7.594
"Починатиот Коста Крпач кој вчера беше пронајден мртов во својот стан сведочел во Специјалното обвинителство за отворениот предмет „Тврдина“, дознава НОВА.28.04.2016, 10:56
Што е причина за самоубиството на Коста Крпач?
Кризата во која влегол била поради постојаните напади од страна на СЈО, кои речиси секојдневно го малтретирале и повикувале на информативни разговори на кои го уценувале да даде лажна изјава, во спротивно нешто многу лошо ќе му се случело. Ова не било крајот, имено Оливер Спасовски и СЈО постојано му испраќале полиција во неговиот дом, која упаѓала вооружена до заби, и го малтретирала пред неговата сопруга и дете во доцните ноќни часови. Според кажувањата на најблиските тој постојано бил следен од непознати лица, а била следена и неговата комуникација, пишува Инфомакс и додава дека поради психолошката тортура која СЈО и Спасовски постојано ја вршеле врз Коста Крпач, сега починатиот неколку пати посетил психијатар.
... еден коментатор убаво прашува, ако полицијата го претресувала станот, како не го видела револверот ??
Наместо да го малтретираат нели можеле дискретно да го надзираат ?
Тој доброволно се пријавил во СЈО, а како што дознава НОВА исказот бил во врска со незаконското уништување на два система за прислушување, со што државниот буџет е оштетен за околу 10 милиони евра.
Денеска и СЈО соопшти дека против Крпач не била водена никаква кривична постапка и тој немал својство на осомничено лице, туку на сведок. Оттаму велат дека соработката со него била беспрекорна. "
Јеби га, не знаат ове од СЈО шо прават. Ем им е сведок, ем доброволно се пријавил, ем го лично го убиле.