Девалвација?

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.700
Поени од реакции
288
Za povisok kurs, ne fala.

Sent from my Nexus 6P using Tapatalk
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.700
Поени од реакции
288
Кој е тој повисок курс во банка? 61,35 со 61,8 повисок ли ти е? Тој е курсот уназад 6 месеци!
Епа јас вчера сменив во менувачница по 61,7 , така да да, повисок е.
 
Член од
13 февруари 2014
Мислења
233
Поени од реакции
110
А кога бил исти курсот во банка и менувачница? Имам менувачница што ми купува евра по 61.5 па не ја кажувам како репер, муабетот е дека исти е курсот на еврото уназад 6 месеци само менувачниците малку удрија сега заради зголемената побарувачка поради празниците.
 
Член од
13 февруари 2014
Мислења
233
Поени од реакции
110
Ако не нека ја земе како репер менувачницата на аеродром, не ми се верува како опозицијата се служи со глупости и пумпа паника меѓу народот..
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.700
Поени од реакции
288
Ќе испадне дека купуваш евра по 60 на крај, пазарски муабет.

Пред 1 недела купив по 61,65 - курсот не е ист, за приватните менувачници зборам, банките не ги гледам воопшто.

Не пробувај да убацуваш безвезе политички муабети, не ти држат вода и не им е место.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.691
Поени од реакции
16.900
А кога бил исти курсот во банка и менувачница? Имам менувачница што ми купува евра по 61.5 па не ја кажувам како репер, муабетот е дека исти е курсот на еврото уназад 6 месеци само менувачниците малку удрија сега заради зголемената побарувачка поради празниците.
и ТА одамно се прават на Тошо, ја кажува цената во евра, не може да платиш во евра а еврото го рачуна 62
.. ај тоа не е многу, се сеќавам пред 20 години купував модем, го огласила фирмата 60 уса долари, ама не може со долари никако да платиш, туку го рачунаа доларот 20% над цена по која може да го купиш и се вади демек доларот бил потценет...Јас сакав да го пријавам во инспекција за ИЗМАМА, т.е рекламира цена во долари наместо во денари ... сега барем кај ТА кај сите е исто, еврото го рачунаат сите 62...
 
Член од
13 февруари 2014
Мислења
233
Поени од реакции
110
Поентата на целиов муабет е дека курсот си е исти на нбм и банките само што менувачниците си играат со пазарот како нив им одговара. Заклучок, си мењаш кај што си менувал по иста цена и каде тебе ти одговара, каква девалвација какви глупости ,се е вештачки напумпана ситуација.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
не знам за еврото ама доларот се менува секој ден и тоа е малку зезнато, ама што е тука е. Битно денарот нека остане ист.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
ima finta so kursot
bankite obicno na pocetok na rabotno vreme objavuvaat kursot za toj den. i toj e
ako odis vo menuvacnica se menuva cel den,celo vreme.
nekogas mi se slucilo da se javam vo menuvacnica da prasam kolku e kurs vo 13h i da bide polos nego toj vo bankata
valutata ripnala od 8am koga bankata go objavila do 13h koga menuvacnicata proveruva na www.xe.com
taka da, sekogas prasuvajte si i vo banki i vo menuvacnici
ova vazi za site valuti osven evro. dolar,funta,itn itn....
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.092
Поени од реакции
11.497
.. ај тоа не е многу, се сеќавам пред 20 години купував модем, го огласила фирмата 60 уса долари, ама не може со долари никако да платиш, туку го рачунаа доларот 20% над цена по која може да го купиш и се вади демек доларот бил потценет...Јас сакав да го пријавам во инспекција за ИЗМАМА, т.е рекламира цена во долари наместо во денари ... сега барем кај ТА кај сите е исто, еврото го рачунаат сите 62...
И што има ова врска со девалвација? :cautious:
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
и ТА одамно се прават на Тошо, ја кажува цената во евра, не може да платиш во евра а еврото го рачуна 62
.. ај тоа не е многу, се сеќавам пред 20 години купував модем, го огласила фирмата 60 уса долари, ама не може со долари никако да платиш, туку го рачунаа доларот 20% над цена по која може да го купиш и се вади демек доларот бил потценет...Јас сакав да го пријавам во инспекција за ИЗМАМА, т.е рекламира цена во долари наместо во денари ... сега барем кај ТА кај сите е исто, еврото го рачунаат сите 62...
Во банка за правни лица евра да купиш по 62 денари ги плаќаш а да продадеш по 61.5 ти ги плаќаат
 
Член од
19 мај 2014
Мислења
140
Поени од реакции
59
За да биде фиксен денарот за секој денар во оптек НБРМ мора да чува девизи во оптек срамезно на курсот на којшто е фиксирана домашната валута со странската. Е сега дали има толку девизи во НБРМ колку што има во оптек денари и дали се девизите на НБРМ или ги рачуна и тие на граганите што се депозити во банките?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Во банките нема поголеми износи на пари што може да се повлечат одеднаш, а во менувачниците, граѓаните невообичаено менуваат денари за евра. Такава е состојбата во последниве неколку дена, откако се заостри политичката криза, а од Европската унија стигнуваат најави за можни санкции.

- Во последниве неколку денови имаме повеќе работа. Граѓани со поголеми суми денари доаѓаат и ги заменуваат во евра - велат во една менувачница.

Во друга менувачница, пак, објаснуваат дека завчера почувствувале паника кај населението и затоа се одлучиле да ги лимитираат износите на евра што ги продаваат, за да може да одговорат на оние свои клиенти кои вообичаено доаѓааат да сменат одредена сума.
Поголема раздвиженост можевме да збележиме и во банките. Во една од поголемите банки, на шалтерот ни кажаа дека во моментот не би имале одеднаш да ни дадат 360.000 денари, но дека во текот на денот би можеле да ја соберат таа сума, па затоа ни побараа телефон за контакт.

Во економската теорија, зголемената побарувачка на евра би требала да доведе до девалвација, или пак, најавата за девалвација на денарот, треба да предизвика заштитничко однесување на граѓаните кон своите пари и купување на поголеми износи евра.
Ситуацијата дополнително се подгрева и со тоа што во овој сензибилен период Народната банка ја спроведува постапката за издавање на нова банкнота од 2.000 денари, иако, на пазарот е проблематично и раситнување на 1.000 денари. Новата двеилјадарка, како што веќе пишуваше „Слободен печат“, повикувајќи се на изјави на економски аналитичари, би можела да биде одговор или на евентуална девалвација, или, пак, на предвидена инфлација во наредниот период.

Сепак, за универзитетскиот професор Трајко Славески во моментов е апсурдно да зборуваме за девалвација на денарот.

- Веројатно во наредните денови централната банка ќе влијае со многу мали износи кај банките. Девизните резерви се над 2 милијaрди евра и со мала интервенција може да се реши сегашната ситуација на поголема побарувачка на денари во банките и нивно менување во евра. Вакви ситуации имало и во минатото, луѓето многу лесно и бурно реагираат на секоја информација за парите во банките. Но, да потсетам, сме имале и поопасни ситуации, како онаа во 1999 со кризата на Косово, потоа со нашата криза во 2001 година, или со глобалната криза од 2008, а девалвација не се случила – вели Славески.

Тој објаснува дека во Кривичниот законик се предвидени санкции против оние кои со шпелкулации предизвикуваат нарушување на пазарот на пари.

Во банките, од граѓаните и од фирмите има речиси 5 милијарди евра. Притоа, граѓаните главно штедат во денари. Недовербата во актуелниот политички момент ги тера заштитнички да се однеуваат кон својата заштеда и да ги повлекуваат парите, независно дали некој зборува за девалвација или не, и независно од убедувањата на банкарите за големата ликвидност на банките.
Народната банка, пред една недела одржа седница на Комитетот за оперативна монетрна политика на која заклучи дека „НБРМ и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата и доколку е потребно, ќе направи соодветни промени во монетарната политика за успешно остварување на целите на монетарната политика“.
 
Т

Триптико

Гостин
Која е разликата помеѓу девалвација и инфлација? Не по дефиниција, туку во пракса.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom