Game of Thrones

Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Мислам дека "баба" е великодушен комплимент за тоа што го видовме.
Ништо од нашата теорија за убиството на Џон. Барем како објасни Торн зошто го направил тоа, а не ми изгледа дека лаже, Торн ако ништо друго, стварно е чесен во тој поглед и искрено се грижи за братството.

Што не значи дека индиректно Болтони немаат удел во неговата постапка, не случајно презема акција ист момент кога се враќа Мелисадре, сама, и со вести за пораз на Станис. Знаејќи дека го нема Сем,и без подршката и заштитата на Станис, а имајќи предвид дека Болтон сигурно ќе сакаат да го одстранат еден од последните живи Старкови, проценил дека било момент за дејствување.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
Искрено, си ги имав зауздано очекувањето оти последната епизода од ланската сезона ептен ме разочара, ама признавам дека солидна премиера беше. Уште се влече по некој проблем од лани, ама ако ги споредам тие две епизоди, премиерата беше стопати поарна од финалето.

Баш кога си реков не е можно да има нешто поидитоско во серијата, продоложија со Дорн. Еларија беше кога=тогаш интересен лик дури беше со Оберин, ама после тоа ја посраа цела работа. А за тие змиите па немам коментар. Никако не можам да разберам зошто ги испоубија сите. Така ќе ги одмаздат Оберин и сестра му, со тоа шо сите од фамилијата шо останаа живи ќе ги убијат? И нормално, да не го заборавиме grrrrrl power делот, така се имунизираат од критики. Ми се чини најпаметно ќе е ако скрос се откажат од приказната. Од другата недела нека нема ништо од Дорн и ќе глумам како никогаш да немало.

Освен ова, генерално солидна беше епизодата. Посебен ќеф ми направија Болтонци и шеткањето низ Мирин на Варис и Тирион. Можда ако не се фокусираат на Денерис и лошата глума на Емилија Кларк и таму пак ќе стане интересна приказната. Плус, сер Ализер е одличен негативец на Ѕидот. Тој е дефинитивно е еден од најдобро развиените споредни ликови, се надевам подолго ќе се врти.

Најмалку очекував да има акција во бегството на Санса и Теон, ама од нигде се појави Бриен како Бетмен во Вестерос. Добро, уште од лани се знаеше дека кога-тогаш ќе се сретнат, ама некако вештачки и исфорсирано ми беше како се појави како синхронизирана со луѓето на Болтон. Ама добро, тепачката па беше интересна така да не се замарам многу со ова.

Арија и сите во Кингс Лендинг некако ми беа неискористени. Таа сцената со Марџери беше само потсетник дека е в затвор, а на Арија дека е слепа. Ич немаше да ми смета ако воопшто ги немаше тие сцени.

Давос беше добар, само не ми текнува дали во финалето разбра за поразот на Станис или уште ништо не знае. Ова второто би било многу голем пропуст, ама не се сеќавам шо се слули лани, така да немам коментар.

Генерално океј, вака нека тераат, само се надевам дека набрзинка ќе ги решат работите во Дорн за да не мора веќе да ни вршат тортура со тие глупости.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.721
Поени од реакции
27.694
Последните 2 минути беа 5 пати поголем хорор од хорор филмот што го гледав вчера.
Само мене ме беше очаен обидот за хумор во сцената со Дотраките, гледам никој за тоа не пишал :ROFLMAO:
Не, ова беше мизерно:
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ништо од нашата теорија за убиството на Џон. Барем како објасни Торн зошто го направил тоа, а не ми изгледа дека лаже, Торн ако ништо друго, стварно е чесен во тој поглед и искрено се грижи за братството.

Што не значи дека индиректно Болтони немаат удел во неговата постапка, не случајно презема акција ист момент кога се враќа Мелисадре, сама, и со вести за пораз на Станис. Знаејќи дека го нема Сем,и без подршката и заштитата на Станис, а имајќи предвид дека Болтон сигурно ќе сакаат да го одстранат еден од последните живи Старкови, проценил дека било момент за дејствување.
Мислам дека треба време да видиме дали теоријата е точна, а им ауште простор за докажување. Во право си дека Торн објасни зошто го направил тоа (убиството), ама може му дошло како две муви со еден удар работа. Мислам дека не даде јасна причина зошто го бара телото, а тука негде лежи зајакот. Плус, му верувам на инстинктите на Давос, он намириса нешто уште овој кога прв пат отвори уста :D.

Ќе биде интересна сезона дефинитивно. Болтонси ги немаат ни Санса ни Теон, што значи опасност за нив голем број куќи да дезертираат и отидат на страната на Старкс, ако дознаат дека Санса е жива и не е во нивно поседништво. Грејџојс некако млитаво се однесуваа последната сезона, но мислам дека нејвеќе затоа што Теон ја одјеба сестра му (или она може така им кажа на нејзините за да се отераат од таму што побрзо, и Грејџојс не ги напаѓаат овие затоа што Теон е се уште со нив. Тоест беше. Сега Болтонси ризикуваат многу, отцепување на Старкс лојални куќи (можеби и Дивјаците), гнев од Грејџојс, Ланистерси исто така. Ланистерси па треба да водам војна на два фронта (плус внатрешни немири), една со Болтонс една со Дорн ....

ХАОС брат.
 

Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Кога сме кај Грејџој, нели таа сестра му тргна по Тион да го спасува уште во 4 сезона ако не се лажам.. Колку време патува до Винтерфел жити се? Тирион од Кингс лендинг до Мирин стигна во една епизода, оваа две сезони патува :LOL:
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.040
Поени од реакции
25.006
Кога сме кај Грејџој, нели таа сестра му тргна по Тион да го спасува уште во 4 сезона ако не се лажам.. Колку време патува до Винтерфел жити се? Тирион од Кингс лендинг до Мирин стигна во една епизода, оваа две сезони патува :LOL:
Да не си утнал некоја епизода ти или не памтиш?
Дојде, проба да го спаси, успеа, овој нејќеше, си отиде дома. :)
 

Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Да не си утнал некоја епизода ти или не памтиш?
Дојде, проба да го спаси, успеа, овој нејќеше, си отиде дома. :)
Имам дупка во меморијата изгледа, мој пропуст се изинувам.. :oops::D
Тоа се дешава кога ги оставаат ликовите и приказните по цели сезони, заборава чоек.. Наместо да им даваат минути на Сем и Гили како се потискаат, можат да ги вметнат клучните приказни пример :cautious::noze:
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.592
Поени од реакции
7.717
Не се надевав дека Мирсела ќе умре , теоријата дека некако го имаат противотровот не ми се исполна ...
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Не ми се верува како од маестрални дијалози и во најбаналните сцени во првите 4 сезони, серијава дојде до дереџе на teenage movie дијалозиве од иритантниве Sand snakes.

Али тоа е, пишувањето на Џорџ е врвна класа, а пишувањето на D&D e... Лешоски...

SHAME SHAME SHAME!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Не се надевав дека Мирсела ќе умре , теоријата дека некако го имаат противотровот не ми се исполна ...
среде отворено море? :)
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.592
Поени од реакции
7.717
среде отворено море? :)
Па противотровот што му го дадоа на Брон додека беше заробен , си направив филм дека тој зема уште еден од гадните sand snakes и дека е подготвен . :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom