Хорор филмови

Dead of Night класичиште :sneaky:
Многу урнеци се поставени со филмов, а сниман 45та...
 
ако некој некогаш има време нека го погледне The Boy (2016) добро освежување од филм е, од поновиве филмови. :)
 
Препорака за The Boy и од мене. Отсекогаш ми нуделе посебно доживување хорорите со кукли, толку језиви и загадочни. Атмосферата е морничава, приказната повеќе од солидна, а глумата е одлична, посебно мерак ми направи Лорен Коан од The Walking Dead ( гром е девојката ). Сега, не е дека ќе се преплашите од филмов, ама е вреден да се изгледа.

Сега го чекам The Witch да излезе на добра снимка, осеќам дека е правата ствар - чистокрвен хорор после кој нема спиење вечерта.
 
Изгубив чекор со хорорчињава... Како е има нешто добро последниве години или слабо?
 
Тhe VVitch некако комплетно ме разочара а толку време го чекав. Сеуште не можам да најдам добар торент од The Boy, пуштете ако сте нашле.
 
The Awakening.
Разочаран ептен во смисла на хорор филм. Дали 4-5 страшни сцени имаше:facepalm:. А ми го препорачаа ко добар хорор филм и 1 месец се мислев да го симнам да не е ептен страшен:pos:
Иначе како трилер добар испадна на крај.
П.С The boy добар е?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom