Vikings

  • Креатор на темата wot
  • Време на започнување

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Епизодава последна си беше врв. Ама од (полу)сезоната како целина сум поприлично разочаран. Всушност, не сум разочаран затоа што очекував, или барем се плашев од вакво нешто.

Најкриво ми е што серијата го изгуби тој полу-документарен карактер што го имаше на почетокот, кога поголемо внимание се посветуваше на историски приказ на секојдневниот живот на Викинзите. Ја сакав серијата затоа што и покрај креативната слобада беше историски доследна, колку што е можно повеќе. Сега стана каша-попара. Во IX век сред Скандинавија, ни помалку ни повеќе - кинеската царска ќерка! Уште не можам да го проголтам тоа. :sick:
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Отпрвин лажеше, демек татко и` бил некој трговец, ама на крај му призна на Рагнар. Таму негде 3-4 епизода.
Знам. Но, еднаш лажеше зошто да не пак :D
Kако и да е. Добро беше финалево. Немаше некој изненадувања бидејки историски Роло победува. Но, јака битка и добра сцена кога се врати во Париз како победник. Исто така, моќна беше сцената кога Рагнар се враќа во Категат. Сега највероатно ќе гледаме поход во Англија од следна сезона. Очекувам и Ватикан да изигра некој фактор.
 
Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Знам. Но, еднаш лажеше зошто да не пак :D
Сеедно дали е ќерка на цар или на говедар, попрво ќе најдеш Марсовец во Моноспитово денес отколку Кинезинка во Скандинавија во тоа време. Ептен ми го крши филмот.
 
Ф

Флеш

Гостин

Da,pogotovo Rolo koga doaga do kralot,pa se vrti celiot bumbar vo lice,a za nekoe cudo negrebnati citavi celi zabi i vika Car,Gospod neso taka bese.Se iznasmeav kako zaboravi ja,od cela sminka,perfekni zabi:LOL:
 
Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
Сеедно дали е ќерка на цар или на говедар, попрво ќе најдеш Марсовец во Моноспитово денес отколку Кинезинка во Скандинавија во тоа време. Ептен ми го крши филмот.
zaso da ne, ja sobraa od pariz kako rob...
 
Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
zaso da ne, ja sobraa od pariz kako rob...
Тоа е дури и повеќе за неверување. Поморскиот пат од Западна Европа до Азија преку Африка е откриен едно 700 години после настаните во серијата.

Од друга страна пак, Викинзи имало и во денешна Русија, од каде што остварувале контакти со трговци од Блискиот Исток и Централна Азија. Ако толку сакале да вметнат Азијатка можеле да и` дадат потекло од тука некаде. Ама не, неа пирати ја фатиле. Мижи Асан да ти баам.

Инаку, очекувам догодина приказната да се прошири токму во овој правец, а Брон да стигне до Цариград.
 
bjorn mi e iznenaduvanje mene od epten nefaca sezonava porasna u prav sin na ragnar i lagerta prav badass
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
бар поминаа неколку години, да се надеваме дека рагнар нема да биде наркоман и во наредните епизоди

иначе принцезата Aслуг(или како и да се чита) :drk:
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
бар поминаа неколку години, да се надеваме дека рагнар нема да биде наркоман и во наредните епизоди

иначе принцезата Aслуг(или како и да се чита) :drk:
поминаа време би требало да е сега ок..инаку последнава беше ептен добра :D Флоки главна фаца :D, сега треба да идат во Англија сигурно ќе бидат за тоа кога веќе разбраа дека Рагнар не им кажа и овој им ги уби сите само што си заминаа.
 
kelaviot

Prime Сasual Dating - Genuine Damsels
Член од
10 мај 2010
Мислења
547
Поени од реакции
328
Финалето супер, малиот психопат, инаку историски Рагнар умира во Англија, го буткаат во бунар со змии

Sent from my ALCATEL ONE TOUCH 5020X using Tapatalk
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Финалето супер, малиот психопат, инаку историски Рагнар умира во Англија, го буткаат во бунар со змии
Највероатно Рагнар така и ќе заврши. Имаше доста симболизам со змии.
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
Шо се деси со внука му на Рагнар, Сиги? Овој мртва ја најде у реката и толку? Реакцијата на Аслог под алкохол или ептен отиде таа?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom