За некој кај нас имаш диктатура, за некој демократија за секој различно.
ама
кај нас имаш само две опции
опција ВМРО
опција СДСМ
Е сега опцијата ВМРО си фати за оро 450 илјади (не е битно дали со сендвич ги купил или нешто друго) и тие 100% ќе гласаат за ВМРО, па ако сака и голи жени нека паѓаат.
Опцијата СДСМ си има некаде околу 250 илјади, кој што ги бодри своите дека ќе дојде на власт и тие конечно ќе си ја наплатат 10 годишната хибернација.
Значи опцијата ВМРО со пропаганда се обидува да си го задржи својот број,
ама опцијата СДСМ не прави ништо за да придобие дел од неопределените, туку постојано се глупира, фарбањето се и сешто не пали кај неопределените, изјавата дека ќе даде учење албански јазик исто така, протестиве со веење албански знамиња па ИЧ не ги привлекува неопределените, сума сумарум, мислам дека опцијава СДСМ сака да го привлече албанското гласачко тело, што од старт е осудено на катастрофа.