Извор Вечер. Реално и објективно, на ниво на Курир.
Ај гледај од каде е преземена веста
Албанската дијаспора и дел од опозицијата за различни протести
21 April, 2016 - 15:50
Протестот што го подготвувааат организации на поранешни борци на ОНА, на политички осуденици, невладини организации и партиите Движењето за реформи на ДПА и НДП планирано е да започна во 14 часот на Битпазар во Скопје,а да заврши пред Собранието на Македонија. Ќе го кажеме тоа за што постојано се залагаме, Албанците да бидат целосно рамноправни со Македонците и според Уставот и законите, во држава која мора да биде бинационална, рече лидерот на Движењето за реформи на ДПА Зијадин Села.
- Да ја вратиме демократијата, но и нашата, не само на Македонцитe чија, сега исто така е манипулирана. Кај Албанците демократијата недостасува 25 години, демократија не е само излегување на избори, зашто потоа има надлгасување, рече Села.
Тој вели дека Алијансата на Албанците, која ја сочинуваат неговата партија и НДП на Весел Мемеди, се залагаат за предвремени избори, но според сите стандарди, затоа, нагласува, во моментов се против избори на 5 јуни.
-Фактот што не учествува опозицијата, сега никој не е наивен да учествува со ДУИ и ДПА и со ВМРО-ДПМНЕ на такви избори, нагласи Села.
Доколку ДУИ, ДПА и ВМРО-ДПМНЕ учествуваат на избори на 5 јуни, ке има масовен бојкот и нови протести, рече Села.
Албанската дијаспора за Македонија ги поддржува антивладините граѓански протести и повикува да не се попушти пред заплашувањата со украинско сценарио. Дијаспората смета на протестите има и демагогија и порачува дека затоа е подобро сите етнички заедници да протестираат под едно знаме – македонското. Муса Љамалари – Тим Шкупи, претставник на Дијаспората од Лондон, имал средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев.
-Ние имаме барања, но ние сме Дијаспора и не може да одлучуваме, сите знаат дека јас сум за федерализација, се разбира, тоа не го кријам, имав средба со Заев, му ја искажав поддршката, а гледајте потоа, овие новите албански партии се приклучија на протестите, рече Љамалари.
Дијаспората е против на 5 јуни да има избори, затоа, што, вели Љамалари, треба да се создадат целосни услови, но треба и да се дознае целата Вистина за Македонија со непречена работа на Специјалното обвинителство, меѓу другото и да се спроведе Попис на населението.
Панта Џамбазоски
http://telma.com.mk/vesti/albanskata-dijaspora-i-del-od-opozicijata-za-razlichni-protesti