Колку има или нема врска со темава...ама има више него оние параноине од типот да прднеш у петок е по вина на сорос.
Поддршка за #Протестирам и во Лондон
„Ние, Македонската заедница и пријатели на Македонија во Велика Британија, организираме протест во знак на солидарност со граѓанските протести во Македонија за слобода, правда и еднаквост.
Најпрво, изразуваме загриженост за политичките случувања во Македонија. Второ, длабоко ја осудуваме одлуката на Претседателот за амнестија на политичарите кои се обвинети за измама, корупција и други сериозно криминални активности кои го повредуваат владеењето на правото во земјата. Трето, целосно ги поддржуваме демонстрантите и бараме:
- Итно повлекување на одлуката да се аболицира кој и да е кој е под истражна постапка или кривично гонење од страна на Специјалното јавно обвинителство.
- Неотповиклива оставка од Ѓорѓе Иванов од позицијата Претседател на Република Македонија.
- Итно произнесување на Уставниот суд за уставноста на Специјалното јавно обвинителство.
- Формирање на специјално одделение во Кривичниот суд за случаите покренати од СЈО.
- Итно повлекување на одлуката за организирање на парламентарни избори на 5.јуни.
- Итно вклучување на претставници на независното граѓанско општество во процесот за решавање на кризата.
- Формирање на преодна Влада која целосно ќе ги имплементра Итните реформски приоритети од Извештајот на Прибе.
Ги покануваме и релевантните меѓународни институции, особено Канцеларијата за надворешни на Велика Британија, Европската комисија, Американскиот Стејт Департмент, НАТО…за итно и одговорно вклучување во решавањето на политичката криза.
За мир, правда и демократски промени во Македонија“, се вели во повикот на организаторите.