Кога има акција во Куманово може да почекаш некој ден недела и да кажеш дека се сомневаш во нешто а не истиот ден уште недовршена акцијата да викаш играат камај, местено и тн. Ова онака прво што ми текна.
Си кажа Стојанче не ден и недела после тоа него 4-5 недели пред тоа дека е местенка, и се надевам наскоро тоа и да се докаже, се е во рацете на специјалците, кога ќе престанат да молчат, веројатно кога ќе има притвори на функционери, ќе дишат послободно. Не за џабе она улавата вика пак да ви се деси Куманово освестете се кого браните, истите тие што ве втурнаа лани во масакр ги браните.
Мене само не ми е јасно како кога имавме протести за исфрлање пратеници, за хонорар, за студенти за било што во минатото, зашто тогаш немавме сценарија за војни, мајдани, полнење планини, напаѓање караули и населби? Дали е тоа што тогаш демонстрантите немаа никаков доказ за тоа што протестираа и никако не можеа да влијаат на власта?
Или сега кога почнаа бомби, протести одма приказни со Миленко и српски стручњаци, руски токови, мајдани, одма им загусти па ајде ќе има војна, па ќе си ја изрежираме за да изгледа верно.