- Член од
- 22 јули 2010
- Мислења
- 32.528
- Поени од реакции
- 81.967
Бреј, четиво.Океј, ај малку на страна тролање и заебанции. Искрен муабет.
Да, се слагам. Да ти одговорам зошто не е опција - доколку СЈО не беше алатка туку независен орган, ќе ги гонеше и двете страни подеднакво. До сега имаме еднодимензионално дејствување од нивна страна. И како после да не го користат тоа како аргумент про-владини и ВМРО-симпатизери. Кажав претходно, ќе кажам повторно, и ќе повторам илјада пати ако треба - СДС сами си се криви, се упукаа у нога уште пред година ипол, и сите следни потези им се истото. Тоа е абсурдот, ВМРО не мораат ни да прават нешто посебно со таква опозициска стратегија.
Не е владата најлошото нешто. Уопште. Туку тоа што нема солидна трета опција која нема толку керефеки да прави, и не само да собере нивни гласачи (од двете најголеми партии), него да активира и неутрални и вечито-негласачки-тела. Тоа мене знаеш на што ми укажува? Дека народот на големо не гледа потреба за трета опција, ги сака едниве или другиве, или божемно членови на друга партија која е пак во официјална или неофицијална коалиција со власта или со опозицијата. Божемната трета опција како Стојанче, ене каде се прибра, во меѓуножјето на Зајко Канибалко. Која дноќа треба да ја искусиш како битие за таков потег не знам, не сакам да си претпоставувам.
Не само што нема граѓани кои ќе гласаат за трета опција (очигледно со поларизацијава политичка), туку нема ни луѓе кои би граделе кариери како такви политичари репрезенти на една солидна трета опција. И останавме заглавени во Лимбо. Да, од нужда би гласал за ВМРО. Не ги сакам лебаркиве на власт. Доволно стар сум да знам како беше во нивно време, и не сакам репризи. А тие муабети за криминал и корупција треба да се двосмерни, ако некој навистина го заболело ташак за државава, и да не ги заборавиме и двете албански партии кога сме кај тоа. И нека ми посочи некој политичар кој е со долга кариера на власт и е чист како солза, да нема ни казна за пребрзо возење или пешачки поминал улица од погрешна страна. Не постои. Разликата е кој колкав криминал има направено, како дополнение на резимето и какво наследство оставил во текот на своето владеење. За нијасна тука подобро котираат кај мене ВМРО според моја проценка а тоа доста се изостри последниве две години откога ја почна новата стратегија СДС.
Сепак е прогрес направен, за воља на вистината. Од еднопартиски прогресиравме на двопартиски систем. Сега најновиот предизвик ни е дали може да излеземе од двобојноста со повеќе вариетет или ова ни е максимумот. Времето ќе покаже.
Како? Па лесно! Спасовски не е ебана опозиција. Туку е влада. И треба да се однесува на ист начин, а не како тоа да му е привремена работа па може да ротира помеѓу анти-владина подршка и глава на министерство. Истото и за Ременски и остала "техничка" багра. Се однесуваат како да играат tug of war, и затоа не идеме напред него тапкаме во место. А истово важи и за другине, што чат-пат се појавуваат исто така на контра-протести. За однесувањево на техничариве, не знам дали е нус-појава од тоа што заборавиле како треба некој кој е во власт да се однесува затоа што повеќе од десет години седат на клупа, или едноставно толку им сече - не знам. Една од мистериите на универзумот е како Tемната Eнергија. Веројатно никогаш нема да добиеме одговор.
А опозицијата, слободно нека протестира, само тоа не беше мојот муабет, малку несмасно ми спинуваш (порано боље ти идеше). И протестите ако се они претставници на демократијата, слободата, и човековите права, нити ќе вандализираат се наоколу, нити ќе се закануваат со тегнење на уши, палење на институции, јадење живи луѓе, крвишта, насилства, украински сценарија или посакување на смрт како таа на 8те бранители во Куманово. Дефинитивно не носење на секири. Не сме во викиншко време. Или ова е обид да се вратиме во таа доба? Тогаш е гнасно што статутите кои нивната политичка партија наводно застапува на тој начин е кењано врз нив.
Демократија преку избори. Правото и слободата да гласам за кого сакам не смее една повражаница од политичка партија да ми го скрати. Сакаат демократија, човекови права, и слобода - нека го прекинат циркузот и нека појават присуство на избори. Улична демократија таму во Африка нека тераат.
Ај полека.
Кое тролање, јас сум мртов сериозен. Треба да си или глуп или да се правиш глуп ако мислиш дека опозиционери не треба да штрајкуваат, без разлика дали тоа го мисли оној кој е за властта или за опозицијата.
есдеес не се упукани у нога, тие се упукани у череп. 10 ебани години да слушаш исти муабети, како „сега му е мајката“ и „готово се патриотиве“ и пак ништо да непраиш, треба да си дно од партија на секое поле. Да не му дојдеше преку кур на граѓанинот, вечита опозиција ќе станеа, ќе ги пишуваа по Гинис. Она што беше Лион у француска лига пред 10 години, она што е сега ПСЖ, тоа е вемероу на политичка сцена тука, се додека еве, доаѓа полека револтот кој тлее и тлее и на граѓанинот му доаѓа преку кур па сака да запали сфе што е поврзано со дпмне зошто му е едноставно преку кур од секојдневна тортура и измачување зошто не е со нив.
Не ми збори за трета опција. Ти како поддржувач на опозицијата НЕМАШ ПРАВО да збориш за трета опција и да го бараш тоа. Ти си ја имаш зацртано твојата една и единствена. Затоа тој пасус ќе го прескокнам. Детално реплицирање на истиот ќе биде матење слама.
Во врска со спасовски. Добро, толку си неупатен бе? Толку си слеп при очи? Па тој е во ТЕХНИЧКА влада, не е во позиција, ставен е таму. Него никој не го изгласал, не добил мандат на избори. спасовски НЕ Е ВО ПОЗИЦИЈА, туку е во техничка влада. Во позиција е оној кој е дел од дпмне и нивната коалиција. есдеес мртвите не се дел од коалицијата.
Зошто техничка го ставаш во наводници? Демек, не се техничка? Каква се?
Ете го, пак тоа што чат пат се појавуваат го пишуваш со потсмев, со деградирање а 3 реда после тоа демек рационално „па треба да одат на протести, нека одат, опозицијата слободно нека протестира“. Кој ти е проблемот што имаш различни ставови во еден пост. Да не си жизофрен?
Се сложувам дека не треба да се вандализира, дека не треба да се напаѓа полицијата, да исчезнат од планетава земја оние две гниди кои рекоа дека треба да им се врати Куманово, мајката да им ја заебам.
Кои избори бе? Во Ѓорче снема струја на последните општински во 15 до 7 и немаше до 7 и 10, во Мирче Ацев и старо Моша Пијаде, по ново Димитар Поп Георгиев Беровски. Кои ти се тие избори? Како можеш да кажеш „нека победат на избори“ кога овие стоки на власт ги јебат изборите?
Тоа ти е исто како да ти кажам јас на тебе. Еве ти пар ракавици, да се пробаме во ринг со тоа што јас би се натпреварувал во К1 дисциплина, ти во Кик Лајт. Прогуглај, ќе ја разбереш разликата во дисциплините.
кога некој што е за дпмне ќе ми каже „фер и демократски на избори“ ми доаѓа да си пресечам грклан.