Garelli-то носи Minarelli машина која е копија од Aerox. Па исто како и на Аеrox, фабрички доаѓа најмногу лимитирано со ауспухот, едноставно таа работа го кочи моторчето да вади луди перформанси. Фабричко Garelli после вадење на блокажите одеше 75км/х и влечеше слабо. Со промена на ауспухот, ставивме црвен од оние од баотиан што се + опруги,ролни и голем федер добивме крајна од 92km/h со поспоро убрзување, а со полесни ролни (3,5г) убрзава ЕКСТРА и идеше 83km/h.
(Брзините се мерени со GPS.)
Значи со минимален трошок ( околу 50 евра ) ќе возиш моторче што ќе иде рамо до рамо со стандард априлија ср50 па дури и би ја поминал при забрзување во вожња. Е сега ако сакаш да одиш чекор напред можеш да ставиш спортски ауспух од типот Giannelli Extra i ќе лепи 90, а ќе убрзава уште појако само ќе имаш послаб старт до 30кмх после го полни ауспухот и едноставно влече до степен да ти вади насмевка шеска до шеска

... Е сега кинез како кинез, некои од Garelli имаат мана со електрониката.. Исто со светлата знаат да рикнат, а резервни тешко се наоѓаат. Си има водено ладење па треба да си водиш сметка за течност и да го одржаваш.. Најискрено како и за секое друго, колку ќе си чуваш толку ќе си имаш.. И битно е да се погоди.. Кинез ако е од старт усран, што сакаш прави му таков си останува..