Prema toa za mene GREE si ostanuva kinez vo rang so MIDEA, GALANZ, AUX........ znaci ne mu pripadjaat site falbi ovde na forumov, tuku se raboti za brend koj uste dolgo ce lapa muvi i ce sluguva na nekoi kako DAIKIN...
Злате.
Прво уште еднаш да нагласам дека го ценам твојот придонес на темава. Но понатаму морам да приметам дека не ги разбираш сосема некои работи.
Дозволи ми да се обидам да објаснам:
- Гри се Кинези, тоа не е спорно
- Гри најверојатно и немаат желба да „застанат на врвот“
- Гри не се најдобри
Сето тоа погоре е вистина, но вистина е и ова:
- Гри се најдобар избор во нивниот ценовен ранг
Значи едноставно е. Ако имаш пари, и сакаш да вложиш во подобра и подоста
поскапа клима - одлично, купи подобра и поскапа клима!
Но ако немаш пари (или не сакаш да ги дадеш) за поскапа подобра клима... Епа си пукаш сам себе во нога, ако продолжиш да користиш некои решенија како електрично парно, греалки, итн. Во тој случај Гри е неверојатно добра алтернатива, која самата себе ќе исплати за 2-3 години (а гаранцијата е 5).
Јас на пример како примарна клима користам Тошиба. Задоволен сум од неа. Но ете брат ми (на пример), не можеше да си дозволи Тошиба (или друг Јапонец). Си пазари Гри, и еве трета сезона задоволен го користи. На сервис се има јавено еднаш, лани, му „течело вода“ од внатрешната единица... Да ја скратам приказната, кога го прашале кога последен пат го исчистил филтерот - брат ми прашал „зарем има филтер кој се чисти“ (ова и покрај тоа што јас лично му кажав барем еднаш месечно да го чисти филтерот. ПОТОА ИЗВАДИЛ ЕДЕН
МАЛ ТЕПИХ ОД ВНАТРЕШНАТА ЕДИНИЦА!!!
GREE si ostanuva kinez vo rang so MIDEA, GALANZ, AUX
Ова е веќе
целосно неточно!
MIDEA, GALANZ, AUX... не заслужуваат да бидат во иста реченица со Гри. Ама ти можда од свое искуство зборуваш, па ќе ни (по)кажеш колку се добри MIDEA, GALANZ, AUX?
На форумов подоста луѓе користат Гри, еве јас имам една во спална и една кај родителите, покрај мене барем две дузини други членови користат Гри. Понекоја поплака има, далеку се Гри од најдобри. Но секако не се најлоши.
Од друга страна, кога веќе зборуваме за лошите клими, подоста луѓе се имаат жалено од разни мидеи и галанци (таквите како НЕО, ич да не ги коментираме). Некои од нив дури и прашуваа кој им приклучил чешми на надворешните единици...