Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.278
И јас велам дека поприродно ви лежи фашизмот, комунизмо не ве оставаше да прајте она шо стварно сакате.Б@Let 3 не е најасно, дека комунистическата партија тв'рдо е сакала да нема б'лгари в Благоевградска област.
Комунистическата идеологија како цело е полна со лаги и фалшификации. Се минава през комунистическата идеологија, во сите сфери, поне таков беше опитот.
А инаку ми наброја “бугарско„ декларирани кога не смееше ни можеше да се пиши некој Македонец.
Ги побрка вековите, условите... во време на турско ропство прва цел беше да се избориме со турци со османлии, да се ослободиме, и сите христијански народи ги гледавме како братски и како сојузници, и срби и бугари па и грци. Секој кој беше неприател на туција ни беше приател, и не беше тогаш ништо невообичаено ни да се побара помош ни заштита од христијански народи кои веќе се ослободија.
Немаше Македонија ни своја влада ни свои министерства ни свои фабрики ни дипломати, само желба за слобода, неписмени луѓе, тук таму некој образован кој мораше да заврши или во Београд или во Софија пошто тие беа најблиските христијански земји. И сега врз основ на таа ситуација тврдите дека не постои Македонски народ со македонска историја писмо и јазик.
Злоупотребувате и вие и браќата ви Срби тешкото ни минато. Али ко шо и тогаш народот неќеше ни османлиска ни бугарска ни српска окупација, не сака ни сега. Ко шо даде отпор на турски аскер, на српски жандар така даде и на бугарски фашист кој дојде овде како окупатор.
И денес имаме општа одбивност кон бугарштината, многу од мои приатели а и некои роднини зедоа бугарски државјанства кој ради фирма кој ради кола кој ради работа во германија али сите до еден пцујат бугарска мамка ко ќе дојде на таа тема муабетот, сите се против бугарската политика кон Македонија и стие се осеќаат како македонски народ. Јас барем не знам ни еден кој освен од корист зел бугарски пасош од друга причина.
Така нешто беше и во минатото кога од зорт од морање под присила, многумина бараа спас и заштита од бугарија а не од љубов и патриотизам