Kaко прво, дај да ги видиме тие толкување и да продискутираме за нив колку се темелат врз Светото Писмо и колку се вистинити.
Како второ, протестантските деноминации кои имаат свој основач, вклучувајќи ги тука и Мормоните и Јеховините Сведоци, како и многу самопрогласени водачи на религиозни култови, кои себеси се сметаат за инкарнација или реинкарнација на Исус Христос, секој кој барем еднаш ги прочитал Четирите Евангелија (без да прочита ништо друго), ќе согледа дека нивните учења се во директна спротивност со она што го заповедал Господ Бог Исус Христос.
Ев. по Лука 12:16
Законот и Пророците беа до Јована; а оттогаш царството Божјо се благовестува и секој со усилие влегува во него.
Како Џозеф Смит, Мартин Лутер, Чарл Тејз Расел, Елен Вајт и другите самопрогласени „пророци“ влегуваат во овој стих? Но затоа совршено им одговараат овие стихови:
Eв. по Матеј 24:11
многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина;
Eв. по Матеј 24:24
Оти ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, избраните.
Oдиме понатаму:
Ев. по Матеј 24:26-27
И така, ако ви речат: »Ете, во пустината е Он« – не излегувајте;, Ете, во тајната соба е« – не верувајте!
Зашто,
како молњата што излегува од исток и се гледа дури до запад, така ќе биде доаѓањето на Синот Човечки.
Како самопрогласените месии и водачи на религиозни култови кои себеси се сметаат за реинкарнација на Исус Христос кој дошол по втор пат на Земјата се вклопуваат во овој стих?
Но затоа наполно се вклопуваат во следниве стихови:
Eв. по Матеј 24:11
многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина;
Ев. по Матеј 24:24
Оти ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, избраните.
Сите овие отпаѓаат, а ќе ги разгледуваме само деноминациите кои имаат Апостолско преемство.
Апостолско преемство имаат само Источната Православна, Римокатоличката и Древноисточните Цркви.
Апостолско преемство (лат. successio =преемство, наследство, следење) – е начинот на кој Црквата ја чува единствената и постојана структура на апостолството на „Дванаесетмината” во својот историски континуитет. Црквата е создадена „на темелот на апостолите” (Еф. 2,20) во смисла дека „Дванаесетмината” образуваат единствен собор со единствена мисија во основањето на Црквата. Самиот Христос ја основа заедницата на Дванаесетмината Апостоли како вистински образец на Црквата, структура која го гарантира нејзиниот историски континуитет и нејзиното својство на Христово „телo”.
Апостолско преемство
Па така, кај Источното Православие имаме дека основач и прв патријарх на Константинополската Патријаршија е апостолот Св. Андреј Првоповиканиот во 33. година. Него го наследува Стахиј и оваа патријаршија има историски континуитет од апостолските времиња до денес.
http://orthodoxwiki.org/List_of_Patriarchs_of_Constantinople
Основач и прв патријарх на на Александриската Патријаршија е апостолот и евангелист Марко во 42. година. Него го наследува Анијан и оваа патријаршија има историски континуитет од апостолските времиња до денес.
http://orthodoxwiki.org/List_of_Patriarchs_of_Alexandria
Основач и прв патријарх на Антиохиската Патријаршија е апостолот Петар во 42. год. Него го наследува Евод и оваа патријаршија има историски континуитет од апостолските времиња до денес.
http://orthodoxwiki.org/List_of_Patriarchs_of_Antioch
Основач и прв патријарх на Ерусалимската Патријаршија е Јаков Праведниот во 63.год. Него го наследува Симеон Ерусалимски и оваа патријаршија има историски континуитет од апостолските времиња до денес.
http://orthodoxwiki.org/List_of_Patriarchs_of_Jerusalem
Апостолското преемство на Римокатоличката Црква почнува од апостолот Петар во 33. година. Него го наследува Лин и Римокатоличката црква има историски континуитет од апостолските времиња до денес.
https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_popes
Апостолското преемство на Несторијанската Црква започнува од апостолите Тома, Вартоломеј, Тадеј (еден од седумдесеттемината апостоли) кои ја основале во 33.година и Несторијанската Црква има историски континуитет од апостолските времиња до денес.
http://www.nestorian.org/nestorian_patriarchs.html
Апостолското преемство на Ерменската Апостолска Црква започнува од апостолот Јуда Тадеј кој ја основал во 43. година и Ерменската Црква има историски континуитет од апостолските времиња до денес.
https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_Catholicoi_of_Armenia
Апостолското преемство на Коптската древноисточна Црква започнува со апостолот и евангелист Марко во 42. година. Него го наследува Анијан и Коптската Древноисточна Црква има историски континуитет од апостолските времиња до денес.
https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_Coptic_Orthodox_Popes_of_Alexandria