Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Нормално дека не го гледаш... не гледај, верувај.
Да сакаше да видиш, немаше да сакаш да веруваш.

P.S. Откако ќе одговориш на тоа дали само твојата Црква е една соборна итн итн... а другите не - ќе го добиеш одговорот без да ти буричкам низ светата ти книга наречена нов завет, бидејќи стариот нели - кој не го разбира, ете му христијанство, баталете јудаизам.

Не гледал одговор... не ти чини, инаку и те како ќе го видеше... уште од првата буква го гледаш ама, што да правиш...? Ништо.

Хепта, дај да го поедноставиме твојов монолог: твојот одговор е:

1. Знаеш?
2. Не знаеш?
 
Зарем ги заборави духовните и световни поуки од Зоте, Миленко и Дејв, тројцата полимати на новото време и типични претставници на фундаменталистичките протестанти кои не знаат ни кога се гладни, не пак друго?
Ти поставив предходно прашање, не успеа да го одговориш. Каде видовте вие порака, потреба или дозвола да се толкува? И како да се толкува? Ти како одговор ми цитираше констатација дека Исус кажал многу нешта и ако истите биле напишани, ќе неможело да ги собере на овој свет. Тоа ако е порака да се толкува, тогаш јас сум Мојсеј.
Друга работа, од кога ставовите на Зоте или Миленко или Дејв се протестантски ставови?!
Немате ама баш ништо кое ве издвојува! Вашиот збор против нивниот, вашата верба, против нивната.
 
Доколку Светото Предание не беше валидно и не беше дозволено толкување на Светото Писмо, кажи ми како беше можно постоењето христијани во Првиот век, кога Новиот Завет сè уште не ни беше напишан.

Тие христијани го имаа само Стариот Завет преземен од Евреите, кои пак покрај него, си имаа и свое свето предание познато како Мишна и Гемара кои заедно го сочинуваат Талмудот.

И сега доаѓаме до ситуација каде Старозаветните Евреи смееле да ја толкуваат Тората преку своето свето предание, а нам христијаните, според тебе, ни требало дозвола да го толкуваме Светото Писмо преку своето Свето Предание.
 
Секоја христијанска деноминација си има свое толкување според кое другите се лажни а само тие се оние вистинските. Јас убаво те прашав: Што е доказот дека баш вие сте во право?! Ти ми ги мешаш Миленко и Зоте! Провидно до немајкаде.
 
Кога сум зборувал со православни христијани секогаш ми викале дека не смеам на само да си го толкувам светото писмо туку дека најдобро е да читаш книги за светии и да ги согледаш нивните ставови во врска со библијата, @MIKI1 зошто е тоа така, тие знаеле како да го сокријат срамот на стариот завет подобро? :)
 
Kaко прво, дај да ги видиме тие толкување и да продискутираме за нив колку се темелат врз Светото Писмо и колку се вистинити.

Како второ, протестантските деноминации кои имаат свој основач, вклучувајќи ги тука и Мормоните и Јеховините Сведоци, како и многу самопрогласени водачи на религиозни култови, кои себеси се сметаат за инкарнација или реинкарнација на Исус Христос, секој кој барем еднаш ги прочитал Четирите Евангелија (без да прочита ништо друго), ќе согледа дека нивните учења се во директна спротивност со она што го заповедал Господ Бог Исус Христос.

Ев. по Лука 12:16
Законот и Пророците беа до Јована; а оттогаш царството Божјо се благовестува и секој со усилие влегува во него.

Како Џозеф Смит, Мартин Лутер, Чарл Тејз Расел, Елен Вајт и другите самопрогласени „пророци“ влегуваат во овој стих? Но затоа совршено им одговараат овие стихови:

Eв. по Матеј 24:11
многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина;

Eв. по Матеј 24:24
Оти ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, избраните.

Oдиме понатаму:

Ев. по Матеј 24:26-27
И така, ако ви речат: »Ете, во пустината е Он« – не излегувајте;, Ете, во тајната соба е« – не верувајте!
Зашто, како молњата што излегува од исток и се гледа дури до запад, така ќе биде доаѓањето на Синот Човечки.

Како самопрогласените месии и водачи на религиозни култови кои себеси се сметаат за реинкарнација на Исус Христос кој дошол по втор пат на Земјата се вклопуваат во овој стих?

Но затоа наполно се вклопуваат во следниве стихови:

Eв. по Матеј 24:11
многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина;

Ев. по Матеј 24:24
Оти ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, избраните.

Сите овие отпаѓаат, а ќе ги разгледуваме само деноминациите кои имаат Апостолско преемство.

Апостолско преемство имаат само Источната Православна, Римокатоличката и Древноисточните Цркви.

Апостолско преемство (лат. successio =преемство, наследство, следење) – е начинот на кој Црквата ја чува единствената и постојана структура на апостолството на „Дванаесетмината” во својот историски континуитет. Црквата е создадена „на темелот на апостолите” (Еф. 2,20) во смисла дека „Дванаесетмината” образуваат единствен собор со единствена мисија во основањето на Црквата. Самиот Христос ја основа заедницата на Дванаесетмината Апостоли како вистински образец на Црквата, структура која го гарантира нејзиниот историски континуитет и нејзиното својство на Христово „телo”.

Апостолско преемство

Па така, кај Источното Православие имаме дека основач и прв патријарх на Константинополската Патријаршија е апостолот Св. Андреј Првоповиканиот во 33. година. Него го наследува Стахиј и оваа патријаршија има историски континуитет од апостолските времиња до денес.

http://orthodoxwiki.org/List_of_Patriarchs_of_Constantinople

Основач и прв патријарх на на Александриската Патријаршија е апостолот и евангелист Марко во 42. година. Него го наследува Анијан и оваа патријаршија има историски континуитет од апостолските времиња до денес.

http://orthodoxwiki.org/List_of_Patriarchs_of_Alexandria

Основач и прв патријарх на Антиохиската Патријаршија е апостолот Петар во 42. год. Него го наследува Евод и оваа патријаршија има историски континуитет од апостолските времиња до денес.

http://orthodoxwiki.org/List_of_Patriarchs_of_Antioch

Основач и прв патријарх на Ерусалимската Патријаршија е Јаков Праведниот во 63.год. Него го наследува Симеон Ерусалимски и оваа патријаршија има историски континуитет од апостолските времиња до денес.

http://orthodoxwiki.org/List_of_Patriarchs_of_Jerusalem

Апостолското преемство на Римокатоличката Црква почнува од апостолот Петар во 33. година. Него го наследува Лин и Римокатоличката црква има историски континуитет од апостолските времиња до денес.

https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_popes

Апостолското преемство на Несторијанската Црква започнува од апостолите Тома, Вартоломеј, Тадеј (еден од седумдесеттемината апостоли) кои ја основале во 33.година и Несторијанската Црква има историски континуитет од апостолските времиња до денес.

http://www.nestorian.org/nestorian_patriarchs.html

Апостолското преемство на Ерменската Апостолска Црква започнува од апостолот Јуда Тадеј кој ја основал во 43. година и Ерменската Црква има историски континуитет од апостолските времиња до денес.

https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_Catholicoi_of_Armenia

Апостолското преемство на Коптската древноисточна Црква започнува со апостолот и евангелист Марко во 42. година. Него го наследува Анијан и Коптската Древноисточна Црква има историски континуитет од апостолските времиња до денес.

https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_Coptic_Orthodox_Popes_of_Alexandria
 
Последно уредено:
Кога сум зборувал со православни христијани секогаш ми викале дека не смеам на само да си го толкувам светото писмо туку дека најдобро е да читаш книги за светии и да ги согледаш нивните ставови во врска со библијата, @MIKI1 зошто е тоа така, тие знаеле како да го сокријат срамот на стариот завет подобро? :)

Убо ти викале, ама твоето високомислие не ти допушта да ги послушаш, оти , нели, веќе го имаш „вистинскиот„ одговор...
 
Убо ти викале, ама твоето високомислие не ти допушта да ги послушаш, оти , нели, веќе го имаш „вистинскиот „одговор„...

Јас лично ќе бев среќен секој да имаше свое високо-мисление Мики. Дај ми сега одговор зошто ми го викале тоа? Се плашат сами да погледнат во библијата и да расудат што е правилно, а што не? Па мора секогаш некој друг да го покажува патот по кој твоето битие треба да оди?! Т.е ништо не ме чуди - христијанство! После сме имале високо-мисление.
 
Што, ова пак како со секој друг член што ќе ти каже дека не сте една Црква која само на еден начин го разбира, толкува и применува старо-еонскиот Закон од твојата светка книга - веднаш муабет почнуваш: а одговорот, а знаеш, а не знаеш?
Детско однесување за сериозни муабети: за валидноста на Црквите распространети како рак во новиот еон.
Но добро, причина да се пишува - за другите да читаат, не само вие...

Не е монолог ова нашево, ете да те поедноставам тебе малку - ти дотрчуваш и постојано велиш: одговор одговор и јас давам одговори ...

Не ви чини одговорот дека не сте една, не сте единствена ниту ќе бидете некогаш заради вашето философирање и непознавање на мистериите од каде што произлегоа вашите верувања, убедувања, ритуали...

Покажете дека сте една вистинска црква и која е таа и зошто е таа - нормално, а не само ЕДНА Е ЦРКВАТА без да кажете која е таа црква, која е таа организација кој најдобро и најточно оди по „вистинскиот“ старо-еонски пат, за да знаеме пак ние што да правиме.

Јас не би сакал цитати од новиот завет додека ми зборуваш за оправданоста како православната Црква е баш таа вистинската - бидејќи го сметам за обична лакрдија на грчки монаси кои врска немале од препишување во IV век, како и тотално непознавање на мистериите од минатото кое се тркалаат површно низ тој нов завет, така да - не знам што ќе постигнете ако ми цитирате од таа книга-кованица. Да не потсетите дека постои тоа чудо?

Немате една света црква, немате едно верување, немате еден ритуал ист за сите, немате една глава (rosh) кон која би се стремиле.

Вие сте исти како онаа страшна Хидра од грчките митови - со секое сечење на една глава, излегуваат 2 нови цркви со свое толкување, со своја омраза со свое незнаење. Го замрзнувате духот на човекот с'скајќи се едни против други заради вашите толкувања на работи кои никогаш не ги разбраа вашите свети отци, а со тоа ниту нивните слепи следбеници кои заблудени од моќта - уништија толку многу. Но таков беше еонот... не е за лутење.
Сега е за лутење што сеуште верувате дека гревот е нужна ствар во новиот еон.

„THE process of making Scripture history from the Egypto-gnostic remains, without the gnosis or science of the ancient wisdom, may be seen approaching its climax in the Book of Revelation attributed to John the divine.“

— Ancient Egypt: The Light of the World, Gerald Massey

П.С. Пак нема да ви чини одговорот, пак нема да потврдите поделба - но поделбата на Цркви ја потврдува мојата дијагноза - поделени сте во сржта и не сте „една апостолска црква“, не сте едно во вашиот Бог, исуса христа, што би рекол од дамнина, Спиро.
И да, не се обединувајте - туку побарајте уште поеќе во што се разликувате од другите. Така е најдобро.
 
Што бе ти па по два пати исти мислења ова преска го имаше напишано во страниците поназад, а сега пак! Ти веќе имаш спремано текстови само ги копираш?! Кога видов за Хидрата и овие египетските цитати како Deja Vu да ми беше хаха. Истото мислење ти беше напишано пред моето мислење, а сега е постирано тука? До форумот е или до тебе... :)
 
Го бранеше Мики, а сега на крај не можеш со него да испаднеш. А види јас како почнав да дискутирам по смирено, ама ми стигна ново темјанче па си го кадам сеа насабајле, по друго е! И престани да го користиш зборот ,,заморуваш" во дискусии, искрено ме заморуваш со тоа!
Излези сега.
Оди. :)

Оу и ти да не си од овие што се веруваат во влијание на меркуровата ретрограда? :)
 
Ама пак ли треба да ти кажам дека само те критикував тебе дека може подобро да напаѓаш, и луѓето да те сметаат за многу посериозен дискутант на овие теми, а не само со прости навредувања кон сите... со цел да се нервирале од твоите зборови тука?
Тоа беше моето писание, но ти запна да се расправаш и со мене со таков простачки тон... затоа паднаа зборови како детиште, неук, не заморувај итн итн...

П.С.
Не можам јас да бранам старо-еонски размисли, можам да ги студирам и да најдам врска пред нивното време , со моето...
Не смее да не се знае минатото и од каде дојдовме до сега. :)

Што ти е тоа меркуриова ретрограда? Од Астрологијата? :)
 
@Хептаграм XI чисто да знаеш дека не можам јас лесна мета да бидам на форумски егзорцизми во стилот ,,излези од животот на овие луѓе, излези сега, оди!" Такви работи на Мене, не! Ти реков ако сакаш да се истеруваме еден со друг дојди ќе правиме муабет ќе се дружиме ќе кадиме темјанче... нареден пат кога ќе ме критикуваш заборави на зборот детиште, никогаш не сум те нарекол старо-аро за да ме викаш детиште. :)

Не знам, ти го спомна Меркур, не знам со која цел, пак трипаш на некоја Меркурова енергија како резултат од неуспешна планетарна магика, или?
 
Ајде од крајот: Меркур, гласник на боговите, поврзан со интелектот, разумот... затоа го споменав во врска со Deja Vu-то :)

Тоа беше сарказам , @SpaceTraveler, како може да си заминеш бидејќи сум ти кажал оди, на форум? Па ти во твојата младост за инает спротивно ќе направиш ... ц ц ц ненормална работа... за што дискутираме сега... а што убаво почна подфорумов... :(

Ајде да се вратиме на темата, ПП има за вакви муабети ако сакаш да ми кажеш нешто +, да не расипуваме темиве...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom