Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде од крајот: Меркур, гласник на боговите, поврзан со интелектот, разумот... затоа го споменав во врска со Deja Vu-то :)

Тоа беше сарказам , @SpaceTraveler, како може да си заминеш бидејќи сум ти кажал оди, на форум? Па ти во твојата младост за инает спротивно ќе направиш ... ц ц ц ненормална работа... за што дискутираме сега... а што убаво почна подфорумов... :(

Ајде да се вратиме на темата, ПП има за вакви муабети ако сакаш да ми кажеш нешто +, да не расипуваме темиве...

Како маче си, како знаеш да се умилкуваш пред модераторот, дека ги расипуваме темите и слично! Вакви во средно и основно еден куп ги имаше, не ми се вади со ПП, ти имам испратено 30 пораки, немаш видено ниту една! Како маче си, они коа направат некоја белја прават таков наивен поглед да им простиш! :)
 
Немате една света црква, немате едно верување, немате еден ритуал ист за сите, немате една глава (rosh) кон која би се стремиле.

Навистина?

Символ на верата

Православна Црква (Источна)

Верувам...
Во едната, света, соборна и апостолска Црква;

http://mk.orthodoxwiki.org/Символ_на_верата

Оригинал

Πιστεύομεν...
Εἰς μίαν, Ἁγίαν, Καθολικὴν καὶ Ἀποστολικὴν Ἐκκλησίαν.

http://orthodoxwiki.org/Nicene-Constantinopolitan_Creed

Римокатоличка Црква

Credo ...
Et unam, sanctam, catholicam et apostolicam Ecclesiam.

http://www.vatican.va/archive/catechism_lt/p1s1c3a2_lt.htm

Асирска Црква на Истокот (Несторијанска)

We believe...
And in one Holy, Apostolic, Catholic Church.

http://www.nestorian.org/the_nicene_creed_in_syriac.html

Сириска Древноисточна Црква

And we believe in One, Holy, Universal and Apostolic Church

http://www.soc-wus.org/ourchurch/Nicene Creed.htm

Eрменска Апостолска Црква

We believe also in the only One Catholic and Apostolic Holy Church.

http://www.armenianchurch.org/index.jsp?sid=1&id=2430&pid=5&lng=en

Коптска Древноисточна Црква

We believe...
And in one holy, catholic and apostolic church.

http://www.copt.org/2010/04/15/the-coptic-orthodox-statement-of-faith-the-nicene-creed/
 
Последно уредено:
Навистина?
Да, навистина - сите го пишуваат тоа и секоја смета дека таа е вистинската ЕДНА ЦРКВА.
Но не сте една црква, сите цркви веруваат дека другите се лажни и дека само нивната Црква е таа вистинската во која веруваат дека има врска со божествениот поредок на нештата. Сите овие цкрви едни на други се само секти, еретици итн итн...

И јас можам да го користам ова - и да создадам Црква, една апостолска.

Вие намерно по се изгледа не сакате да разберете што ви зборувам во врска со таа една апостолска црква :)
 
Одбери Црква по своја желба и јас ќе ти изнесам не верување, туку аргументи зошто таа Црква е лажна и каде нејзиното учење е контрадикторно на апостолското учење предадено преку Новиот Завет.
 
Знам знам, зборуваа за тебе и аргументите...

Новиот завет е кованица со површнен обид да добие кредибилитет преку спомнување на уште постари мистерии од страна на неуки препишувачи од IV век... колку пати да повторам.. во ова време се е лажно од стариот еон...
И ти сакаш да ми проповедаш тука „аргументи“?
Не, благодарам. За гревот нема место денес меѓу луѓето. Тоа го оставаме на стариот еон и неговите плашила.

Симболот на верата ги разедини сите и никогаш нема да има една Црква, а со тоа стариот еон падна да се соедини со божесвеното и човекот тапкаше во кал полн со надеж...

П.С. Гледаш дека самиот потврди дека можеш со аргументи (ами како) да покажеш како било која црква, освен твојата во која припаѓаш е лажна во однос на тој универзален (демек) симбол на верата!
Wait, what?
 
Kaко прво, дај да ги видиме тие толкување и да продискутираме за нив колку се темелат врз Светото Писмо и колку се вистинити.

Како второ, протестантските деноминации кои имаат свој основач, вклучувајќи ги тука и Мормоните и Јеховините Сведоци, како и многу самопрогласени водачи на религиозни култови, кои себеси се сметаат за инкарнација или реинкарнација на Исус Христос, секој кој барем еднаш ги прочитал Четирите Евангелија (без да прочита ништо друго), ќе согледа дека нивните учења се во директна спротивност со она што го заповедал Господ Бог Исус Христос.

Ев. по Лука 12:16
Законот и Пророците беа до Јована; а оттогаш царството Божјо се благовестува и секој со усилие влегува во него.

Како Џозеф Смит, Мартин Лутер, Чарл Тејз Расел, Елен Вајт и другите самопрогласени „пророци“ влегуваат во овој стих? Но затоа совршено им одговараат овие стихови:

Eв. по Матеј 24:11
многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина;

Eв. по Матеј 24:24
Оти ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, избраните.

Oдиме понатаму:

Ев. по Матеј 24:26-27
И така, ако ви речат: »Ете, во пустината е Он« – не излегувајте;, Ете, во тајната соба е« – не верувајте!
Зашто, како молњата што излегува од исток и се гледа дури до запад, така ќе биде доаѓањето на Синот Човечки.

Како самопрогласените месии и водачи на религиозни култови кои себеси се сметаат за реинкарнација на Исус Христос кој дошол по втор пат на Земјата се вклопуваат во овој стих?

Но затоа наполно се вклопуваат во следниве стихови:

Eв. по Матеј 24:11
многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина;

Ев. по Матеј 24:24
Оти ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, избраните.

Сите овие отпаѓаат, а ќе ги разгледуваме само деноминациите кои имаат Апостолско преемство.

Апостолско преемство имаат само Источната Православна, Римокатоличката и Древноисточните Цркви.

Апостолско преемство (лат. successio =преемство, наследство, следење) – е начинот на кој Црквата ја чува единствената и постојана структура на апостолството на „Дванаесетмината” во својот историски континуитет. Црквата е создадена „на темелот на апостолите” (Еф. 2,20) во смисла дека „Дванаесетмината” образуваат единствен собор со единствена мисија во основањето на Црквата. Самиот Христос ја основа заедницата на Дванаесетмината Апостоли како вистински образец на Црквата, структура која го гарантира нејзиниот историски континуитет и нејзиното својство на Христово „телo”.

Апостолско преемство

Па така, кај Источното Православие имаме дека основач и прв патријарх на Константинополската Патријаршија е апостолот Св. Андреј Првоповиканиот во 33. година. Него го наследува Стахиј и оваа патријаршија има историски континуитет од апостолските времиња до денес.

http://orthodoxwiki.org/List_of_Patriarchs_of_Constantinople

Основач и прв патријарх на на Александриската Патријаршија е апостолот и евангелист Марко во 42. година. Него го наследува Анијан и оваа патријаршија има историски континуитет од апостолските времиња до денес.

http://orthodoxwiki.org/List_of_Patriarchs_of_Alexandria

Основач и прв патријарх на Антиохиската Патријаршија е апостолот Петар во 42. год. Него го наследува Евод и оваа патријаршија има историски континуитет од апостолските времиња до денес.

http://orthodoxwiki.org/List_of_Patriarchs_of_Antioch

Основач и прв патријарх на Ерусалимската Патријаршија е Јаков Праведниот во 63.год. Него го наследува Симеон Ерусалимски и оваа патријаршија има историски континуитет од апостолските времиња до денес.

http://orthodoxwiki.org/List_of_Patriarchs_of_Jerusalem

Апостолското преемство на Римокатоличката Црква почнува од апостолот Петар во 33. година. Него го наследува Лин и Римокатоличката црква има историски континуитет од апостолските времиња до денес.

https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_popes

Апостолското преемство на Несторијанската Црква започнува од апостолите Тома, Вартоломеј, Тадеј (еден од седумдесеттемината апостоли) кои ја основале во 33.година и Несторијанската Црква има историски континуитет од апостолските времиња до денес.

http://www.nestorian.org/nestorian_patriarchs.html

Апостолското преемство на Ерменската Апостолска Црква започнува од апостолот Јуда Тадеј кој ја основал во 43. година и Ерменската Црква има историски континуитет од апостолските времиња до денес.

https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_Catholicoi_of_Armenia

Апостолското преемство на Коптската древноисточна Црква започнува со апостолот и евангелист Марко во 42. година. Него го наследува Анијан и Коптската Древноисточна Црква има историски континуитет од апостолските времиња до денес.

https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_Coptic_Orthodox_Popes_of_Alexandria
Одбираш тоа што ти одговара, игнорираш тоа што не ти одговара. Има над 30 000 христијански деноминации, од нив, на прсти да ги броиш се оние што тврдат дека имаат пророк или основач. Католиците имаат основач? За нив Петар е она што Исус му го кажал - Камен на кој ќе ја основам мојата црква! А и за тие што ги наброи, сигурен сум дека имаат одговор и причина зошто веруваат дека се во право и зошто не се во конфликт. Се ви се сведува на вашиот збор против нивниот, колку и да сакаш да докажеш дека баш вие сте "вистинските" залудно ти е. Се повикуваш на библијата кога ти треба да ги негираш другите христијански деноминации, а ги толкуваш оние делови што не ви одговараат! Само пред некоја страна имаше таков пример. И потоа испаѓа дека тоа што не ви одговара мора да се толкува, арно ама, интерпретацијата на другите не важи, затоа што на вас така ви текнало. Демек само вие имате ексклузивно право на светии, преданија, житија и што уште не, другите немаат.
Имате купишта примери каде во библијата пишува едно а вие правите сосем петнаесто! Не прави слика или идол на она што е на небото! Влези во православна црква, целата е токму со тоа - со слики. Бесплатно добивте, бесплатно давајте - православен ценовник! Ќе ми требаат пет страни ако продолжам! Ама тогаш јас не сум разбирал, требало да се толкува тоа.
И пак се се сведува на прашањето - кој е критериумот за вистинското толкување? Некој што е неутрален, како од страна ќе одлучи дека ете ова толкување држи вода а другите се погрешни? Одговор нема, останува само вашиот збор против нивниот!
 
Последно уредено:
Без инаетење и празнословење. Почни ако смееш!
Почнав... повели демантирај ги сите Цркви и на крај кажи која е твојата вистинска апостолска итн итн Црква.
Би било убаво да има и католици и протестанти и тие да кажат за нивната вистинска апостолска црква... да демантираат и тие уште некоја друга Црква каде што греши тука на Земјата...
Знам јас дека ти и другите сакате да ми покажете како вашата света книга вели дека Црквата за која се зборува таму е таа „вистинска“ Црква, вистинското уредување на универзумот, па важи и тука на Земјата...
Не можам да се сложам со тоа, не пак да верувам во тоа... сета таа идеја за Црква (со голема буква) доаѓа од книга чија површност на мистериите од дамнина ги узурпирала за да си нафрли мистичност и светост пред лаичкиот свет во тоа време, па и денес, ако ме прашувате мене...

П.С. И какви ти се овие изрази „празнословење“... ? Не сум христијанин, јас не можам да празнословувам во однос на вашата света книга... :cautious:
Вие припазувајте каде и со кого ја валкате вашата света книга за да не згрешите во вашата гордост пред богот ви. ;)
 
Одбери Црква по своја желба и јас ќе ти изнесам не верување, туку аргументи зошто таа Црква е лажна и каде нејзиното учење е контрадикторно на апостолското учење предадено преку Новиот Завет.
И ти одбери црква, и таа ќе има аргументи зошто вие сте лажни. Тоа што на нив им е контрадикторно, за вас е неопходно да се толкува и тоа што за нив мора да се толкува, за вас е контрадикторно.
 
Одбираш тоа што ти одговара, игнорираш тоа што не ти одговара. Има над 30 000 христијански деноминации, од нив, на прсти да ги броиш се оние што тврдат дека имаат пророк или основач. Католиците имаат основач? За нив Петар е она што Исус му го кажал - Камен на кој ќе ја основам мојата црква.

Aко е така, одговори тогаш зошто Благодетниот Оган не им се појави на римокатолиците во 1104 година.

http://www.bastabalkana.com/2015/04/zasto-blagodatni-oganj-silazi-samo-pravoslavnima/

Одговори зошто Благодетниот Оган не му се појави на ерменскиот монофизитски патријарх во 1549, туку му се појави на Православниот патријарх Софрониј кој се наоѓал надвор од црквата, поред столбот.

http://www.holyfire.org/file/Serb_Horvat_PojavaSvOgnja.htm

Одговори зошто во Црквата на Светиот Гроб во Ерусалим во исчекување на Благодатниот Оган се наоѓаат само двајца патријарха, кои се тие и зошто баш тие, а не некои други.

Одговори зошто на Православниот патријарх пред да започне молитвата за Слегување на Благодетниот Оган му бацуваат рака претставниците на ерменските, коптските и етиопските монофизити, како и на другите христијански деноминации.

http://holylight.gr/the-holy-fire/

Потем, одговори и на овие образложувања на твоите хвалоспеви за Римокатоличката Црква и протестантските заедници.

Oбразложи го филиокве, папското првенство, безгрешното зачнување на Дева Марија, бесквасниот леб, папската непогрешливост, чистилиштето, индулгенциите, бесквасниот леб, хостијата, инквизицијата итн.

ИДЕНТИТЕТ АУТЕНТИЧНЕ ХРИШЋАНСКЕ ЦРКВЕ

https://svetosavlje.org/sr/odgovor-ljudima-koji-su-blagonakloni-prema-latinskoj-crkvi/

Одговори и образложи ги овие погрешни учења на Адвентистите и Јеховините Сведоци.

Sektolomac - Adventizam

Jehovini Svedoci - Sektolomac

Кога ќе го одговориш сето ова, ќе можеме да продолжиме со дискусијава, а не вака да постојано да повторуваш демек тие биле вистински, а ние (Источната православна Црква) сме биле лажни, повикувајќи се на тврдењето на овие секташи, кои немаат никаква основа и втемеленост ниту за своето учење во Светото Писмо, а камоли пак да нè клеветат нас дека нашето учење е лажно, немајќи притоа никаков доказ за своите клевети на кој можат да се повикаат на Светото Писмо.
 
Бидејќи сите други цркви немаат ништо со светата апостолска Црква, туку само правоаславната која е расцепкана по нации и држави, кои пак имаат не мала омраза едни кон други, со примеси на земска политика?
Така?
Таа е таа вистинска православна апостолска црква слика на небото и земјата, за која никој не сакаше да и каже името?
 
Последно уредено:
Aко е така, одговори тогаш зошто Благодетниот Оган не им се појави на римокатолиците во 1104 година.

http://www.bastabalkana.com/2015/04/zasto-blagodatni-oganj-silazi-samo-pravoslavnima/

Одговори зошто Благодетниот Оган не му се појави на ерменскиот монофизитски патријарх во 1549, туку му се појави на Православниот патријарх Софрониј кој се наоѓал надвор од црквата, поред столбот.

http://www.holyfire.org/file/Serb_Horvat_PojavaSvOgnja.htm

Одговори зошто во Црквата на Светиот Гроб во Ерусалим во исчекување на Благодатниот Оган се наоѓаат само двајца патријарха, кои се тие и зошто баш тие, а не некои други.

Одговори зошто на Православниот патријарх пред да започне молитвата за Слегување на Благодетниот Оган му бацуваат рака претставниците на ерменските, коптските и етиопските монофизити, како и на другите христијански деноминации.

http://holylight.gr/the-holy-fire/

Потем, одговори и на овие образложувања на твоите хвалоспеви за Римокатоличката Црква и протестантските заедници.

Oбразложи го филиокве, папското првенство, безгрешното зачнување на Дева Марија, бесквасниот леб, папската непогрешливост, чистилиштето, индулгенциите, бесквасниот леб, хостијата, инквизицијата итн.

ИДЕНТИТЕТ АУТЕНТИЧНЕ ХРИШЋАНСКЕ ЦРКВЕ

https://svetosavlje.org/sr/odgovor-ljudima-koji-su-blagonakloni-prema-latinskoj-crkvi/

Одговори и образложи ги овие погрешни учења на Адвентистите и Јеховините Сведоци.

Sektolomac - Adventizam

Jehovini Svedoci - Sektolomac

Кога ќе го одговориш сето ова, ќе можеме да продолжиме со дискусијава, а не вака да постојано да повторуваш демек тие биле вистински, а ние (Источната православна Црква) сме биле лажни, повикувајќи се на тврдењето на овие секташи, кои немаат никаква основа и втемеленост ниту за своето учење во Светото Писмо, а камоли пак да нè клеветат нас дека нашето учење е лажно, немајќи притоа никаков доказ за своите клевети на кој можат да се повикаат на Светото Писмо.
Прво. Токму тој "благодатен оган" другите го користат како аргумент против вас, еве што се вели во:

Откровение 13:
13.Притоа, тој ќе извршува и големи чуда; ќе направи дури и оган од небото да паѓа, пред очите на луѓето.

Значи ова се однесува за ѕверот од откровението.
Втора работа. Тој оган никогаш не е проверен и потврден од независни извори и со научни методи.
За се останато, веќе ти кажав, се сведува на вашиот збор против нивниот. Бесквасни лебови, хостии и остали тракатанци, сето тоа едноставно можат да го оправдаат со потреба за толкување кое тие ја разбираат а вие не ја разбирате.
 
Јас лично ќе бев среќен секој да имаше свое високо-мисление Мики. Дај ми сега одговор зошто ми го викале тоа? Се плашат сами да погледнат во библијата и да расудат што е правилно, а што не? Па мора секогаш некој друг да го покажува патот по кој твоето битие треба да оди?! Т.е ништо не ме чуди - христијанство! После сме имале високо-мисление.

SpaceTraveler,

масата од зборови не го прикрива твоето незнаење.

Што, ова пак како со секој друг член што ќе ти каже дека не сте една Црква која само на еден начин го разбира, толкува и применува старо-еонскиот Закон од твојата светка книга - веднаш муабет почнуваш: а одговорот, а знаеш, а не знаеш?
Детско однесување за сериозни муабети: за валидноста на Црквите распространети како рак во новиот еон.
Но добро, причина да се пишува - за другите да читаат, не само вие...

Не е монолог ова нашево, ете да те поедноставам тебе малку - ти дотрчуваш и постојано велиш: одговор одговор и јас давам одговори ...

Не ви чини одговорот дека не сте една, не сте единствена ниту ќе бидете некогаш заради вашето философирање и непознавање на мистериите од каде што произлегоа вашите верувања, убедувања, ритуали...

Покажете дека сте една вистинска црква и која е таа и зошто е таа - нормално, а не само ЕДНА Е ЦРКВАТА без да кажете која е таа црква, која е таа организација кој најдобро и најточно оди по „вистинскиот“ старо-еонски пат, за да знаеме пак ние што да правиме.

Јас не би сакал цитати од новиот завет додека ми зборуваш за оправданоста како православната Црква е баш таа вистинската - бидејќи го сметам за обична лакрдија на грчки монаси кои врска немале од препишување во IV век, како и тотално непознавање на мистериите од минатото кое се тркалаат површно низ тој нов завет, така да - не знам што ќе постигнете ако ми цитирате од таа книга-кованица. Да не потсетите дека постои тоа чудо?

Немате една света црква, немате едно верување, немате еден ритуал ист за сите, немате една глава (rosh) кон која би се стремиле.

Вие сте исти како онаа страшна Хидра од грчките митови - со секое сечење на една глава, излегуваат 2 нови цркви со свое толкување, со своја омраза со свое незнаење. Го замрзнувате духот на човекот с'скајќи се едни против други заради вашите толкувања на работи кои никогаш не ги разбраа вашите свети отци, а со тоа ниту нивните слепи следбеници кои заблудени од моќта - уништија толку многу. Но таков беше еонот... не е за лутење.
Сега е за лутење што сеуште верувате дека гревот е нужна ствар во новиот еон.

„THE process of making Scripture history from the Egypto-gnostic remains, without the gnosis or science of the ancient wisdom, may be seen approaching its climax in the Book of Revelation attributed to John the divine.“

— Ancient Egypt: The Light of the World, Gerald Massey

П.С. Пак нема да ви чини одговорот, пак нема да потврдите поделба - но поделбата на Цркви ја потврдува мојата дијагноза - поделени сте во сржта и не сте „една апостолска црква“, не сте едно во вашиот Бог, исуса христа, што би рекол од дамнина, Спиро.
И да, не се обединувајте - туку побарајте уште поеќе во што се разликувате од другите. Така е најдобро.

Види мој пост троа погоре...[DOUBLEPOST=1460819576][/DOUBLEPOST]
Прво. Токму тој "благодатен оган" другите го користат како аргумент против вас, еве што се вели во:

Откровение 13:
13.Притоа, тој ќе извршува и големи чуда; ќе направи дури и оган од небото да паѓа, пред очите на луѓето.

Значи ова се однесува за ѕверот од откровението.
Втора работа. Тој оган никогаш не е проверен и потврден од независни извори и со научни методи.
За се останато, веќе ти кажав, се сведува на вашиот збор против нивниот. Бесквасни лебови, хостии и остали тракатанци, сето тоа едноставно можат да го оправдаат со потреба за толкување кое тие ја разбираат а вие не ја разбирате.

Ова е типично протестантско толкување на Писмото, по оној нашироко познат адвентистички принцип, дека ѓоамити „...Писмото се толкувало самото себе...„.

Огнот кој е наведен во цитираниот стих нема блага врска со благодатниот Великденски оган, а ти продолжуваш да изненадуваш со своето незнаење...
 
Последно уредено:
Види мој пост троа погоре...

Препрочитај ги повторно моите излагања тука во врска со твојата „една црква“ ... нема да ти се допадне, но што да правиме...
Сепак прочитај пак.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom