Погоре во темава и јас пишав дека тоа е пропуст на СЈО да покажи дека е партиски независна и урамнотежена во истрагите. Ако ДПМНЕ со своите постапки ја губи веродостојноста, не значи дека СДС во целост ја добива. Од тие причини врз основа на оправданата критика на другиот и двете страни ќе имаат доволно голема маса. Така што и да се случи нема да биде пресечено како со нож и ќе имаме уште трзавици. Ама верувам дека како што ќе се одвиваат и искрснуваат нештата ќе се разбиструваат, како што ова тупава постапка со аболицијава донесена од очај искрсна и му помогна на народот да сфати дека некој овде раскрстил со здравиот разум.
пишував неколкупати како направија во Хрватска, не дека таа шема 100% ќе ни ја прифати ЕУ, но никој не ја ни разбра...Таму десната националистичка партија беше во континуитет на власт до пред 4 години. Кога дојде решавање на поглавијата за правото и решавање на корупцијата, извадија некој проформални закони за контрола на сите приватизации од 1991 навака. Формално и уапсија 3-4ца ( многу мал дел од тајкуните) а донесоа и одлуки за враќање на неоправдано стекнатите пари) . Потоа со фингирани процеси , со договор на самата ХДЗ е уапсен и сменет Санадер, а Косор ја внесе Хрватска во ЕУ. Санадер е држан неколку години во притвор само на база на лажни сведочења, а унгарскиот менаџер на МОЛ ги отфрли сите обвинувања за давање мито за приватизацијата на ИНА, дури понуди раскин на договорот ( да ја врати ИНА а да им ги вратат парите), а што хрватската влада не го прифаќа , не само што нема пари ( ги потрошила и се во поголема була од нас), туку за овиуе неколку години на берза дојде и пад на акциите. Е сега поради ова падна тоа обвинение, а во меѓувреме Санадер од слобода се брани за некој други работи за кој е обвинет, исто така на база на (лажни)сведочења. Во меѓувреме Колинда амнестира еден од тајкуните што беше во затвор има реакции, ама само по фејсбук, нема никаква званична критика од ЕУ !!
Така дека нашата работа
смрди на нешто друго. Ако навистина западот сака да направи нешто против корупцијата во РМ, прво нема самите тие да ја сопреа работата околу случајот Телеком, каде е зрело за судски пресуди. Што има СЈО да го бара случајот кога тој е јасен, има и кипарски сметки ? А зошто ЈО не го процесуира е исто така јасно, има забрана од Бејли кој ги штити рамковните. Се разбира голем фактор во ова е и Црна Гора, ако го отвори Западот Телеком треба да падне и власта во МНЕ, а со тоа да се загрози и влез во НАТО.
Што се однесува до другите работи, ако имаше нешто правно за некоја покрупна работа, самиот Запад ќе ја обелоденеше; б.т.в., имаше кај нас лаење и за автопатот што го праи АКТОР ( грчка ЕУ корупција), ама наеднаш замолнаа ... сега начув некој скандинавец од ЕУ
ја чепка таа работа ?
..Значи пак да повторам, не моткаат сите нас како будали, се праи куклен театар. Позадината е сосем друга, мигрантска криза, односите Грција/Турција, ние сме само спореден небитен колосек, па и за Русија. А коруција имало, има и ќе има. Со влез во ЕУ можеби се намалува, но многу се зголемуваат трошоци за ЕУ и НАТО бирократија, така дека ефектот е можеби и полош. А никако не може да ја спречиш озаконетата корупција кога ЕУ изведувач со европски пари изведува нешто 3х поскапо од реално, пример грчки и кинески автопат, и во двата случаја наши фирми изведуваат ама грчкиот е 3х поскап по километар...