не биди дете, снимките колку и нелегални биле и незаконски снимени и од кои било странски служби, јасно покажуваат дека власта влијаела во заташкувања на криминал или потенцирала кој треба да се гони или затвори или отпушти...
За тоа беше СЈО формирано, да ги испита тие случаеви, по закон обвинител е должен да превземе истрага за било кое дело за кое има сознание, може да прочита во весник, слушне на телевизија, дури и неврзан разговор на улица кој наговестува некаков криминал е основ за обвинител да покрене истрага, побара одговори, испраша сведоци...
Во ова држава оа затајуваше, се избегнуваше не се превземаше ништо по тоа прашање. Зато е формирано СЈО како договор на позиција, опозиција и меѓународна заедница да се расчистат некои горливи теми и афери. И сега тоа било противуставно, и за сваки случај за случаи кои ги отвори СЈО, донесени се унапред мерки да се помилува, аболицира, ослободи од одговорност, прекине истрага, а сега треба и да се укини и СЈО пошто сепак и да се помилува некој, останува СЈО кој истражува така да би дошле до незгодна ситуација да СЈО обвинува, претседник помилува, СЈО обвинува, председник помилува, СЈО обвинува, претседник помилува... и така натаму и така натаму.
Јасно е како се поставени работите, меѓународната заедница не е слепа и будно прати и детално зане кој шо и како прави, бевме оставени сами да се справиме со случаеви со кризи со прашања, не можеме и сега не треба да се чудима ако не натераат, како шо ќе натераат Београд и Приштина да соработуваат или Босна да си остане цела или Турција да задржи мигранти... си има таа и механизми и цели как да спроведе она шо го договорила или препорачала.