Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
ne znaev kade da go pisham prashanjevo..:kesa: Kako se brojat svetlosnite godini ? Kolku bi imale 1 svetlosna godina vo nashi godini?:kesa:
Светлосна година ти е вака...1 година без престанување да патуваш со брзината на светлината(300 000 км во секунда).Тоа се мисли за патување во меѓузвездениот простор ама сеуште нема таква технологија.Таа мерка(брзина на светлината) е земена,зошто тоа е најголемата можна брзина во нашиот универзум.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.246
Поени од реакции
4.850
Руската компанија Orbital Technologies најави дека ќе направи хотел на комерцијална вселенска станица во орбитата околу Земјата. :vozbud:

Оваа московска компанија се надева дека комерцијалната вселенска станица покрај местото за богатите туристи ќе понуди и работно место за научни проекти.
Колку е цената за едно ноќевање? Всушност една ноќ таму горе не трае подолго од 1 час...
 
B

boki10messi

Гостин
Мислам дека ова е соодветно место за да поставам едно прашање.
Многу често слушаме информации од типот 'Абрамович и купи плац на Месечината на својата жена', 'Том Круз си купи плац на Месечината' ........ итн итн.
Па, ние нафта пиеме??? Чија е Месечината луѓе??? Кој е газда? Од кој купуваат плацови????
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Мислам дека ова е соодветно место за да поставам едно прашање.
Многу често слушаме информации од типот 'Абрамович и купи плац на Месечината на својата жена', 'Том Круз си купи плац на Месечината' ........ итн итн.
Па, ние нафта пиеме??? Чија е Месечината луѓе??? Кој е газда? Од кој купуваат плацови????
хехехе Убаво прашање ! Епа на никој не е колку што знам.Ама кога имаш пари,нема мое е или твое-ТВОЕ Е :) Имаше пример во Русија каде богаташи си купувале делови од небото...:nesvest: Па после нема летање на негов простор !
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Мислам дека ова е соодветно место за да поставам едно прашање.
Многу често слушаме информации од типот 'Абрамович и купи плац на Месечината на својата жена', 'Том Круз си купи плац на Месечината' ........ итн итн.
Па, ние нафта пиеме??? Чија е Месечината луѓе??? Кој е газда? Од кој купуваат плацови????
The Outer Space Treaty states that outer space, including the Moon and other celestial bodies is not subject to national appropriation by claim of sovereignty, by means of use or occupation, or by any other means. The Treaty establishes the exploration and use of outer space as the "province of all mankind." The Moon Agreement expands on these provisions by stating that neither the surface nor the subsurface of the Moon, nor any part thereof, or natural resources in place, shall become property of any State, international intergovernmental or non-governmental organization, national organization or non-governmental entity or of any natural person.
http://www.lunarregistry.com/info/embassy.shtml
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.246
Поени од реакции
4.850
Мислам дека ова е соодветно место за да поставам едно прашање.
Многу често слушаме информации од типот 'Абрамович и купи плац на Месечината на својата жена', 'Том Круз си купи плац на Месечината' ........ итн итн.
Па, ние нафта пиеме??? Чија е Месечината луѓе??? Кој е газда? Од кој купуваат плацови????
Вака значи.... има таму некој си закон во ООН каде што е забранета купопродажба на земјиште на Месечината. Но ете постојат некои компании кои прават профит на тоа, иако не знам кој им го продал тоа земјиште нив.

А и онака, кој прв што ќе си појди таму и ќе си зафати земјиште тоа ќе си биде негово.:toe:

--- надополнето ---

^ Ете погоре објаснето од Иписисмус. :)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Инаку "трговецот" со вселенски објекти се вика Dennis Hope, во 1980 им испратил соопштение во ООН дека доколку не се појави сопственик на месечината тој ќе си ја присвои! :pos2: И од тогаш им продава плацеви на наивни и богати снобови.
http://en.wikipedia.org/wiki/Dennis_Hope

 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.246
Поени од реакции
4.850
НАСА одобри мисија во износ од 438 милиони долари, раководена од Универзитетот во Колорадо-Боулдер, која ќе го истражи Марс и да проучи дали таму некогаш имало живот.
Тим експерти ги одобрил плановите и буџетот на проектот, соопштија од НАСА. Мисијата ќе биде раководена од Лабораторијата за атмосферска и вселенска физика на универзитетот.
Таа ќе обезбеди апаратурата за истражување на атмосферата на Црвената планета и нејзиното заемно дејствие со Сонцето.
Лабораторијата ќе изврши научната подготовка и ќе ги разработи неопходните уреди.
Компанијата „Локхид Мартин“ ќе изгради вселенски брод, а Лабораторијата за реактивно движење на НАСА во Пасадена ќе обезбеди навигациска поддршка.
Стартот на мисијата е предвиден за ноември 2013-та година

Извор
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.246
Поени од реакции
4.850
Руската вселенска ракета Сојуз со тројца космонаути полета денес од космодромот во Бајконур, Казакстан, кон Меѓународната всенска станциа (ISS).

„Ракетата полета според планот, во 3.11 часот по московско време“, изјави портпаролот на рускиот вселенски програм.
Сојуз би требало да пристигне на ISS во недела во 4.02 часот.
Новата дигитализирана Сојуз ТМА-М ракета е првото руско вселенско летало кое има потполна дигитална навигација и системи за контрола на летањето, кои ги заменуваат добрите, но застарени аналогни телеметриски системи.
Во леталото има двајца руски космонаути - Александер Калери и Олег Скрипошка, како и Американецот Скот Кели.
Калери е еден од руските астронаути кој има најголемо искуство - 610 дена поминати во вселената и четири космички летови пред оваа мисија (првата во март 1992, а претходната во 2003. година).Американецот Скот Кели веќе два пати бил во вселената, додека за Скрипошка ова е прво вакво искуство.
Овој екипаж на ISS ќе биде дел од историјата бидејќи ќе ги прими последните 2 шатл мисии на НАСА - Дисковери во ноември 2010. и Ендевур во март 2011.

Кајгана

 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.246
Поени од реакции
4.850
Енцеладус на млазен погон
06.10.2010


Сатурновата месечина Енцеладус долго време го привлекува вниманието на научниците со интересни појави кои се случуваат на неговата површина. Силните млазеви од воден мраз кои се исфрлаат високо над неговата површина се вистинска геолошка загатка. Леталото на НАСА, Касини (Cassini), неодамна направи интересен кадар од ова не толку големо небесно тело, на кој, со помош на малку фантазија, се забележува како самото да има “ракетни мотори” кои го движат низ Вселената. Се смета дека оваа појава со необичните млазеви се појавува поради геолошките процеси под дебелата ледена кора на самиот Енцеладус, до кои доаѓа поради дејството на силните гравитациски сили од матичната планета – Сатурн.

Млазевите на Енцеладус навистина изгледат како млазеви од некоја ракета.

Енцеладус ја има откриено Вилијам Хершел (William Herschel) во 1789 год. Со дијаметар од околу 500 km, тој е само десет пати помал од најголемиот Сатурнов сателит - Титан. Покриен со бел мраз, тој ја рефлектира речиси целата светлина која до него допира од Сонцето. Ја носи титулата на најсјаен објект во Сончевиот систем, кога би ги гледале апсолутните односи помеѓу упадната и рефлектираната светлина од еден објект.

Уште една слика од сондата Касини на преубавата месечина Енцеладус

Исфрлањата на водениот мраз и гас за прв пат беа воочени во 2005 год. Досегашните истражувања и сознанија за механизмот на нивното појавување ни говори за можноста под километрите леден мраз да постои океан со течна вода. Ова отвора простор за нови вселенски роботизирани мисии за пронаоѓање на потенцијални облици на живот.
П.И.

Извор
 
L

Liberation

Гостин
Денес астероид со големина колку катен автобус поминa покрај земјата на оддалеченост од 45.000 километри.
Од НАСА соопштија дека нема никакви шанси астероидот да удри во нашата планета, пренесува „Телеграф“.

Џиновскиот камен со ширина од преку шест метри, негде предпладне беше најблиску до Земјата.
Експертите, кои на астероидот му дадоа име 2010 ТД54, рекоа дека и покрај тоа што небесното тело поминува блиску до Земјата нема да влезе во нејзината атмосфера, па дури и да влезе ќе согори пред евентуалното паѓање на тлото.


Kako se brojat svetlosnite godini ? Kolku bi imale 1 svetlosna godina vo nashi godini?:kesa:
Кој прашува, знае.

Светлосна година е мерка за растојание, не за време.
Тоа е растојание кое го поминува светлината за една година (365х24х60х60х300000=9.460.800.000.000 км)
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.246
Поени од реакции
4.850
Снимена аурората на Сатурн
Природниот феномен на планетата Сатурн, познат како аурора, беше снимен во досега најдобра резолуција. Фотографиите и видеото беа направени во текот на два дена со инструментот што ја регистрира инфрацрвената светлина на сателитот „Касини“.
Феноменот аурора се менува во текот на еден ден, кој на Сатурн трае 10 часа и 47 минути.
- Аурорите на Сатурн се екстремно сложени и допрва почнуваме да ги разбираме факторите што ги предизвикуваат. Оваа студија овозможува да сфатиме што ги контролира промените во нивниот изглед - изјави Том Сталард, научник што го предводи истражувањето.
Аурората настанува кога бранови од Сончевиот ветер поминуваат низ магнетното поле на Сатурн и се движат кон половите на планетата, каде што гасовите (плазмата) во атмосферата емитуваат светлина.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2142&ArticleID=149953
 

Vej

Член од
11 октомври 2010
Мислења
12
Поени од реакции
3
ПЛУТОН е најоддалечената планета од Сонцето. Откриен е во 1930 година од американскиот астроном Клајд Томбо. На конгресот на Меѓународнaтa астрономскa унија одржан на 24 август 2006 за прв пат беше дефиниран терминот планета. Според оваа дефиниција Плутон не претставува планета и од тогаш официјално се вбројува во групата на планети-џуџиња- ПЛАНЕТОИД. Со оваа одлука Соларниот систем во моментов има само 8 планети. По големината Плутон е помал од седум природни сателити кои орбитираат околу други планети во Сончевиот систем.
Во нашите учебници има погрешен податок за 9-тте планети. Постојат 8.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Па постари се учебниците.Али работата со Плутон стално ја вртат те планета те не планета али мање битно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom