Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување
Член од
7 јули 2010
Мислења
32
Поени од реакции
0
Дали може некој да ми каже то се случи со и што беше откриено со набљудувањето на џиновската црна дупка која научниците ја набњудуваа?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Земјата можеби е помлада и настанала трипати подоцна отколку што се сметаше досега, покажа новата анкета на научници од универзитетот Кембриџ.
Истражувачите пресметаа дека нашата планета најверојатно настанала по доста долго време од раѓањето на Сончевиот систем пред 4,567 милијарди години, отколку научниците веруваа досега, пренесе Бгнес.
Споредувајќи изотоп од земјената обвивка со изотоп од метеорити, геолози од универзитет Кембриџ дошле до заклучок дека Земјата ги достигнала сегашните димензии пред околу 4,467 милијарди години.
До сега научниците тврдеа дека процесот на создавање на нашата планета е траел 30 милиони години.
Според новата студија сепак, се верува дека Земјата настанала 100 милиони години подоцна, пренесе Бгнес.
Научниците, чие истражување е објавено во весникот "Nature Geoscience", велат дека додека Земјата, најверојатно 60% од сегашниот износ го достигнала релативно брзо но потоа процесот бил забавен.
Истражувачите го измериле нивото на изотопи формирани при создавањето на Земјата, правејќи нешто како геолошки часовник. Потоа нивоата изотоп на Земјата биле споредени со примероците земени од метеорити кои удриле во планетата во современата историја.
Овие метеорити се како временски капсули кои имаат ниво на изотопи, слични на оние од оригиналната материја кои се формирале при создавањето на Сончевиот систем.
Разликите во изотопните вредности на волфрам во земјината кора и оние земени од метеоритите им овозможиле на научниците да откријат пред колку време е формирана Земјата.
Така научниците пресметаа дека Земјата достигнала две третини од овој својата големина пред 10 до 40 милијарди години.
Потоа процесот на создавањето бил забавен и бил завршен по 70 милијарди години. Тоа значи дека нашата планета стара 4467 милијарди година, доста помлада од тоа што до сега го сметаа научниците, а тоа е 4,537 милијарди години.

извор
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Сателит на американската вселенска агенција NASA за кусо време бил заслепен снимајќи ја досега најсјајната забележана експлозија на ѕвезда, соопшти агенцијата


Како што пренесува интернет страницата на NASA, прво имало експлозија на гама па следела и експлозија на икс зраците а дошле од ѕвездата која згаснала пред пет милиони години и која се наоѓала најверојатно на огромна оддалеченост од Земјата. Научниците велат дека по толку многу години патување низ Вселената експлозијата дури сега станала видлива за сателитот Swift, кој извесен период бил заслепен од силната. Случајот бил регистриран на 21 јуни годинава, а стручњаците велат дека проблемот што дури сега откриле што било причината за прекинот на работата на сателитот лежи во тоа што софтверот ова го регистрирал како обична грешка.
„Интензитетот на тие икс зраци бил сосема неочекуван и досега незабележан“ изјавил за Reuters, Нејл Гехрелс, познат научник и истражувач на NASA од научниот центар Годард.
Гехрелс додава дека тој блесок на икс зраците регистриран како GRB 100621A најсветлиот извор на икс зраци кои Swift ги забележал откако од 2005 г. е лансиран во орбитата.
„Токму кога сметавме дека видовме се’ што гама зраците може да го упатат кон нас, се случи ова и ги измести нашите претпоставки за силата на икс зраците“, рекол Гехрелс.
Фил Еванс од универзитетот во Лечестер објаснил дека софтверот за анализа на добиените податоци едноставно се исклучил заради количеството проток од податоците. Имено, програмата била наместена да мери проток на фотони, кој би одговарал на нормален дожд, но всушност во блесокот го погодил вистински цунами од фотони и едноставно тој се изгаснал од преоптоварување, пластично објаснува Еванс.
Односно станува збор за појава при која кога ѕвезда ќе експлодира, радијацијата патува со брзина на светлината о сите правци. Првиот бран го сочинуваат гама зраците, а вториот е составен од икс зраци. NASA нагласува дека овој блескот бил 140 пати посјаен од најсјајниот константен извор на икс зраци во Вселената од најблиската неутронска ѕвезда до Земјата.

извор
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Свифт е најчувствителниот телескоп што постои. Доколку биде насочен кон некоја посјајна ѕвезда неговите инструменти ќе прегорат.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Путин: Русија ќе гради нов космодром


Рускиот премиер Владимир Путин најавил изградба на нов космодром вреден 810 милиони долари. Намерата е земјата да го одбрани и дуплира уделот во се поконкурентниот пазар на лансирање на ракети.
Путин имал намера да ја обнови моќта на Москва како во советското време, кога СССР доминирал со ансирањата во светот. Тој во понеделникот изјавил дека центарот Васточни во регионот Амур ќе биде изграден за три години.
На неговата средба со претставници од вселенската индустрија истакнал дека новиот центар ќе стане првиот руски национален космодром за цивилни потреби, пренесуваат руските медиуми.

Нетпрес
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Откриена најголемата ѕвезда


Британските астрономи ја воочиле најголемата ѕвезда досега видена во универзумот.

Според пресметките ѕвездата е два пати поголема од било која до сега, а масата и е преку 250 пати поголема од масата на Сонцето од кое е посветла повеќе милиони пати.

Нетпрес

:vozbud:
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Откриена најголемата ѕвезда


Британските астрономи ја воочиле најголемата ѕвезда досега видена во универзумот.

Според пресметките ѕвездата е два пати поголема од било која до сега, а масата и е преку 250 пати поголема од масата на Сонцето од кое е посветла повеќе милиони пати.

Нетпрес

:vozbud:
Име на ѕвездата?
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
NGC 3603 :)

Еве и едно видео, споредба на големината на ѕвездата:

Вика дека тоа е отворена групација на звезди, а не една ѕвезда :)

Anyway, anybody up for a discussion about the plausibility of red dwarfs harboring Earth-like planets? :D
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Вика дека тоа е отворена групација на звезди, а не една ѕвезда :)

Anyway, anybody up for a discussion about the plausibility of red dwarfs harboring Earth-like planets? :D
Моја грешка, не е NGC 3603, туку е R136a1. :)
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Постои можност жителите ширум светот во текот на ноќта и наредните денови да ја видат поларната светлост, соопштува Американскиот центар за прогноза на времето во вселената во Боулдер, Колорадо, пренесува АП.

Причината за овој природен феномен се помалите бури на Сонцето кои беснееја во неделата, испраќајќи илјадници тони сончева плазма кон Земјата.

Според научниците жителите на американските држави од Мејн до Мичиген и подалеку на север можат да ја видат необичната ноќна светлост во северниот дел на небото.

Вообичаено поларната светлост аурора бореалис може да се види само во областите близу Северниот пол, а изгледа како променлив сноп на црвена и зелена боја преку небото.


 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
National Geographic-Journey To The Edge Of The Universe
За сите што ја сакаат вселената симнете си ја емисијава во HD и уживајте.Патување од нашата планета па се до крајот на вселената.Прекрасно изведено
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
МВС: Поправка на пумпата за ладење


Двајца астронаути од Меѓународната вселенска станица (МВС) напуштија станицата при првото од две излегува во откритија вселена за да ги поправаат оштетена пумпа за ладење, која се расипала минатата недела, пренесува АФП.
Тие ќе мора да излезат најмалку два пати, за да ги отстранат расипаниот дел од пумпата и да го заменат со нов.
Во среда треба да биде направен вториот дел од поправката.
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
Сепак нема вода на Месечината:

The inside of the moon might not be all wet after all. A new study suggests that, contrary to recent work, the lunar interior is as bone-dry as scientists thought 40 years ago, when NASA astronauts lugged home the first moon rocks.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom