@Spiegel
Али ова е проблемот. Не е тоа праење образован со сила, билдање на его или потреба да кажеш збор со цел никој да не го разбере. Не на секој, намерата кога употребува такви зборови, му е никој да не го разбере или да се курчи. На мене лично на пример, ми се дешава да кажам по некој таков збор у моментот пошто така ми доаѓа.
На пример: „ти априорно веруваш дека ова е точно“ наместо „ти прво си почнал да веруеш дека ова е точно пред да“. И сеа поентата е дека „априрорно“ не е попаметно зборче од изразот „ти првенствено веруваш дека ова е точно,“не постои апсолутен критериум за тоа кој збор е попаметен од друг, ама постои семантичко правило за тоа кој збор повише одговара у реченицата.
Така што пак се сведуе на истиот муабет. Ако зборам така пошто така ми доаѓа да го кажам, не е исто ко да форсирам намерно некој речник за да се курчам. Нормално е дека колку побогат речник имаш, толку повеќе ќе користиш различни зборови кои ти доаѓаат природно ко соодветни у ситуацијата. И пошто има различни зборови кои се соодветни во дадениот муабет, имаш поголем избор од зборови кои можеш да ги употребиш за да доловиш поента. На пример „контемплирање“ е едно, „сфаќање“ е друго. И ако у ситуацијата, контемплирање подобро ја доловува поентата, подобро тоа да го искористиш отколку сфаќање. Поради тоа што јазикот е средство за комуникација, побогат речник покажува поголема шанса подобро да го кажеш тоа што треба. Наравно, ако некој не го знае зборот или слично, ќе му го објасниш со други зборови ако не ти е намерата да се курчиш.
Тоа не значи дека нема луѓе кои форсираат со таков муабет за да се курчат или да билдаат его, само значи дека не секој којшто употребуе таков речник, сака да се курчи.
И се приметуе кога некој форсира со таков речник, а кога на некој му иде така да го каже според контекстот на муабетот што го праите и дали тоа што го праи, му иде флуентно и спонтано или го форсира.