Ве читам и не можам да поверувам колку сте забегани....
Во врска со интелигенцијата:
Не може да се прави муабет за тоа дали е добро да си претерано интелигентен, средно или ниско интелигентет без да се знае за што ќе ти користи таа интелигенција. Ако е 50.000-та пне не ти вреди да си Стивен Хокинг зашто тогаш човек што е многу способен и паментен, а не може да се помрдне е еднакво на мртов човек. Всушност, во поголемиот дел од човековата еволуција побитно било да си поубав, побрз, посилен отколку да си попаметен. Да не беше така ние денес ќе бевме каде-каде поинтелигентен вид.
Затоа мора да се разработи тоа прашање што е успех во животот.
Е сега ние не живееме во преисториско време туку денес каде не ти вреди да си брз или крупен туку способен да извршуваш работи што во економијата се вреднувани, а за тоа најчесто ти треба интелигенција. Ако си испод некое ниво и не можеш да научиш ништо повеќе од средно не се надевај на голем успех. Најчесто и во просек, повеќе заработуваат луѓето со факултет и тоа не со било каков туку со STEM струка.
Е сега тука е и другата страна на паричката, што ако си премногу интелигентен. Е и тоа е проблем зашто ќе бидеш сериозно несреќен. Ко прво опкружен си со ретарди. Немаш заеднички интереси со нив и не можеш да се вклопиш во друштво. Поради тоа може и да имаш лоши вештини за во друштво, што пак ќе ти одмогне за се во животот. Многу е полесно кога може да се вклопиш во скоро секое машко друштво со муабет за футбал или серии. Е сега, таков човек може воопшто да не го интересираат ни едното ни другото и ги смета за губење време. Наместо тоа тој си сака класична музика, филозофија, поезија итн. Тешко е да си најдеш и другар и партнер и работа и се.
Ко второ, многу повеќе се сомневаш во себе. Ја знаете таа поговорката: проблемот во светот е што паметните се полни со сомнежи додека будалите се полни со глупава храброст (во слободен превод)
. Ако си просечно интелигентен гледаш убава женска викаш сеа ќе одам и ќе направам се што е потребно за да ја клецнам. Ако си поинтелигентен може да почнеш да мислиш, па дали е тоа добро, дали е етично, дали е тоа она што јас всушност го сакам, дали тоа ќе ме исполни или всушност ме одалечува од она што вистински ми е потребно....
Ако си просечно интелигентен полесно се препушташ на и задоволуваш со тоа што животот го нуди. Ако земеш да го анализираш премногу длабоко ќе се разочараш.
Се со мера па дури и интелигенцијата.