Тие беа ставени за да работат на организирањето на изборите, не да вработуваат/унапредуваат свои луѓе (а на нивно место да отпуштаат/деградират други, односно да ги јадат живи). Штом нема да учествуваат на изборите, нема никаква причина зошто нивните одлуки би останале на сила.
Од ова ќе има две последици:
1. Си ги издадоа кои се нивни луѓе во институциите и сега ги чека „убава“ иднина.
2. На Зајко ќе му биде потешко да се предомисли да оди на избори, таква одлука би довела до раскол во партијата.
Затоа не не бива, сотрење и јадење живи луѓе.
Сега кога веќе ги издадоа и тие што останале несотрени, ќе биде жестоко, којзнае што зборуваат на телефон, ги носат во Брест и Танушевци да патролираат.
Замисли Дпмне што има инсталирано свои луѓе насекаде во државата, се плаши да оди на избори ако Сдсм именувале свои луѓе на неколку раководни места. (а министрите се повлечени). Значи Сдс нема донесено луѓе од улица, багабонди, туку поставиле луѓе кои веќе биле вработени, логички чим издржале 10 години а не бидат сотрени, би требало да се некој квалитет.
Не смее во клучни позиции на МВР да се постават партиски војници, зарем треба да набројам примери како постапиле таквите?
Опозицијата треба да ги остави овие избори да се одржат, едноставно ги губат, ја немаат подршката на граѓаните (избирачкиот список не им помага, нити медиумите ќе им помогнат нешто посебно за овие избори, за следните да), ... во следните години нека го научат својот народ, и према тоа нека кројат стратегии како да ги добијат изборите ... многумина веруваа дека веќе со првите бомби оваа власт ќе падне, епа извинете, ама не сме се знаеле ... овој народ имал јак желудник и трпел секакви ѓубра, сето тоа што го слушнаа не ги згади (а уште помалку да ги натера да повратат).
Народот бил плашлив? Охрабри го.
Народот грешел? Убеди го.
Не можеш да го охрабриш и убедиш? Менувај тим, донеси нови ликови, тргни ги од екраните тие истите што 25 години ги гледаме, ако имаат искуство со политика, користи ги за советување, но таму во вашето седиште.
Пак не пали? Не те бива тогаш, остај го народот, ќе дојде денот ќе им падне жетонот, можеби касно ќе биде, ама секако секоја власт го има својот крај, дај Боже народот да ја научил лекцијата и да не ви дозволат и вас да се закопате во фотелјите.