Не знам кај виде нервоза.
Инаку твојот пост во делот со законот и УЈП, културно кажано - е глупост и нема врска!
Над 20 години се заебавам со инспекции, 1 ме казниле, 2 пати времено ми затворале објект ( еднаш баш УЈП ) и можам да кажам дека тоа што го викаш -не е така. Тоа може само ако некој мангуп инспектор да начека некој ропак па да го дупи. Тоа со роденденот на директорот и со мониторот, не го спомнувај друг пат - ке ти се смејат!
Кажав, се додека не постираш по кој закон и по кој член е тоа - тресеш зелени.
Друго, не ми одговори : дали ако стварно било така со неплатен данок. до сега немало Бобо да заврши со лисици ?
Не знам зашто ме поврзуваш со СДСМ ? Ваша матрица е дека ако сум против владата - автоматски сум СДСМ.
Во 2006 јас гласав за ВМРО, затоа што бев разочарам од СДСМ и мислев дека треба промена со нови лица. Исто како што мислем и сега !
Дури и не се кајам што со мој глас Грујо дошол на власт бидејки мојот став е дека за подобар напредок на државата треба да се казни секоја влада што ќе забега. Тогаш требаше да се казни СДС, сега е исто со ВМРО. Тоа што сега навивам за СДС е само поради тоа што никоја друга партија нема капацитет да ги бутне талибанците и заслужува да добие шанса да ја води државата! Утре кога СДС ќе забега - ке плукам и по нив.
Епа јбг тие од село дојдените НЕ клецаат а и ќе продолжат да НЕ клецаат, бидејќи дечките ЗНААТ КАКО,а и се ВРЕДНИ..
Да признаваш дека “те клецаат“ ама да не се побуниш бидејки “биле вредни и знаат како“ ми личи на мазохизам, ама ај, не сум стручњак за психички пореметувања. Чувајте си го кубурот за лошо време.....
Пошто темава е за
СЈО, јас сакам сите криминали што излегоа во јавност да се процесираат и сите одговорни да се казнат. Тоа што талибанциве биле “добри во клецање“ како што викаш, па го лустрирале претходниот судија и наместиле нов “од тефтерчето на Горде“ и таа “што пушела“ ќе му била “цел живот благодарна на началникот“ - за мене не е никакво оправдание за не-санкционирање на криминалот !
Ве заболе вас како се трошеле народните пари, ... Кире Наумов ќе кажува ... а НИКОГАШ нема работено приватно,...
Свесен дека тоа што му го замеруваш на Кире. важи за цела ВМРО врхушка ? Грујо, Горде, Миле.....
Инаку, да, ме заболе како се трошат народни пари. Посебно ако знам дека јас во болница морам на приватно да си купам антибиотик, а тие “способните даваат 250,000 за врби. Врби, бе....
ама затоа Началников е МАХЕР
.
Да го величаш началникот е на ниво што пубертетлииве го величаат Кристијан Голубовиќ. Никој не им оспорува “способност“ во нивна бранша, ама ниво на култура, начин на комуникација, манири во понашање, разбирање за демократска држава...како да кажам , не ми е баш за узор....
Нејсе, јас сум свесен дека има луѓе на кои им одговара сегашниов систем. Од мое искуство, тоа се луѓе, без исклучок, кои или се буџетари, или работат во приватни фирми што го цицаат буџетот. Тие луѓе ќе се борат од петни жили да не се смени ништо. Затоа што во нормално општество таков шљајм не може да просперира.
Ме радува сепак што не сме си ибале мајката до крај, па гледам дека има доста луѓе што размислуваат со своја глава, што не им треба штаП да им формира мислење, што се критични кон секоја влада, без разлика дали ВМРО или СДС.
Таквите луѓе даваат подршка на СЈО и ги величат Катица, Ленче и Фатиме како шанса за подобра иднина.