Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
B

Bafra

Гостин
Да, стварно Бафра објасни кој е основот? Имаш три четири станови и ги даваш под кирија на сопствената фирма. Што е тука спорно?
Јас сум на страната на Бобо како приватник но :
УЈП има ПРАВО а и законски, износот на киријата треба да биде во рамките на пазарните цени. Значи ако во околината цената се движи 500-2000 еур УЈП може да ти направи налог на разликата од 2000-5000 еур да си платиш потребните давачки и да те казни (ако сакаат) бидејќи киријата си ја ставил како НЕРЕАЛЕН трошок со што си ја намалил добивката за оданочување. Плус од фирмата си вадиш чисти 3000 еур за кои да ги извадиш од фирмата треба да си платиш 10% данок, ја намлуваш основата на крај година за оданочување, има уште ама УЈП се праат слепи по нечија наредба :sneaky:

Да потенцирам: Јас сум за тоа приватниот бизнис да го остават на раат АМА ПРАВИЛАТА ДА ВАЖАТ ЗА СИТЕ .
А не мене да ме стрижат а Бобо не смее да го чепне инспекција.

Или МОСТ да не им дава документи на финансова полиција o_O
Финансова полиција кога доаѓа: Добар ден, ние сме од финансова полиција.Кој ви е управител и сопственик,кај ви е документацијата?
Ок
, Ви ја запленуваме целата документација еве ви потврда и си одат.
Крај на приказната, а со МОСТ преговарале :pos:

Затоа да живее сдс-дпмне :D
 
G

Goldie

Гостин
Јас сум на страната на Бобо како приватник но :
УЈП има ПРАВО а и законски, износот на киријата треба да биде во рамките на пазарните цени. Значи ако во околината цената се движи 500-2000 еур УЈП може да ти направи налог на разликата од 2000-5000 еур да си платиш потребните давачки и да те казни (ако сакаат) бидејќи киријата си ја ставил како НЕРЕАЛЕН трошок со што си ја намалил добивката за оданочување. Плус од фирмата си вадиш чисти 3000 еур за кои да ги извадиш од фирмата треба да си платиш 10% данок, ја намлуваш основата на крај година за оданочување, има уште ама УЈП се праат слепи по нечија наредба :sneaky:
Не се работи за наредба тука, поентата е дека на секој Бобо има по 5 најмалку сегашни функционери што го прават истото.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.529
Поени од реакции
23.038
Супер за врхушката на дпмне, тешко на Македонија што соголени бандити ќе ја водат. Интересно четиво за нашата историја.


Сега по мене Заев не смее да оди на избори. Ако оди на избори ни родена мајка нема да гласа за него. За СДСМ постојат две опции, или одложување на изборите додека не се исполни договореното или бојкот и вон-институционално дејствување.

Дпмне реално не исполни ништо од договореното и клучниот услов за реформа на медиумите не е исполнет. Од почетокот цело време одеа на саботажа на договореното од Пржино.
Како паралела би дошло тоа, кога со некој се договараш да купиш кола за 5 илјади евра, под услов тој да ја среди да смени делови итн. Сега тој ти ја носи колата целосно уништена без кочници и ламела и ти вика ете ја колата, ајде сега плати. Ако прифатиш да платиш тоа значи прифаќање на состојбата каква што е дека е во согласност со договореното.

Јас во ваква ситуација доколку нема остра интервенција од странците да сум Заев би одел со една цел, а тоа е што помалку луѓе да излезат на избори. Ова значи започнување на цела кампања. Реално они тука имаат добра основа бидејќи повеќе граѓани се спремни да бојкотираат отколку да гласаат за сдсм. Треба да се претстават изборите за обична партиска фарса, перење на криминал и пребројување на членови. Исто така во ваква ситуација кога ќе почне кампањата треба да се започне повторно со интензивно објавување на прислушкуваните разговори. Е сега вакво нешто бара јако теренско делување а незнам колку сдсм и Заев се кадарни за таква работа.

Како и да е има основа за вакво нешто. Полесно се убедуваат луѓе да не гласаат на избори отколку да гласаат за сдсм, и големата разочараност кај албанците може дополнително да помогне.

Ако излезат помалку од 50% на изборите, вадење луѓе на улица и продлабочување на кризата.

So drugi zborovi sdsm da prodolzi da pravi toa sto go pravese dosega - unistuvanje na drzavata namesto da zasukaat rakavi i napravat programa i strategija za pobeda
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.337
Поени од реакции
5.475
Најлесно сега се освојува пратеничко место, ќе земаат пари до март 2017-та, со 4000 гласови ќе се стане пратеник.
Добро би било и некоја албанска партија да излезе на избори, да се уверат дека без коалицирање на опозицијата ќе го јадат од Дуи.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Не верувам дека може да се одложат изборите.

Тоа што може е:
-Опозицијата да учествува на избори (а досега нема ниеден знак)
-Дпмне и Дуи сами да одат на избори, опозицијата да не ги признае, да организира протести, а во март 2017-та да се одржат нови избори заедно со локалните.

Ова втората ми е поверојатна.
Јас имам поинакво мислење од тебе,и моја проценка е дека уште еднаш ке се пролонгират.Ама кога веќе пиша, ајде да го разгледаме 2рото. Ако, цврсто се решат да.мават со глава у зид, и да излезат да гласат, сите знаеме во услови каде нема опозиција, излезеноста ќе е намалена, намалене ке биде и од страна на Дпмне. Логично ќе биде нели, нема опозиција ќе нема ни потреба од максимална подршка на дпмне.
Ајде вака да прокоментираме, ако излезат да глсат 200.000+ (не во максимален број) за дпмне, нели со таа бројка кај луѓето ствара матна слика за нестабилност и мал одзив кај народот за подршка на овај режим од тие "наводни" 500 000. Зошто да не се разгледа и другата страна дека можеби и ова е еден дел од таа политичка и долга игра на Сдсм, за да докаже дека не е толку гласачки јак режимот и да помогни во конечната одлука кај народот на локални.



-Сепак јас стојам на мојата проценка дека ќе има уште едно пролонгирајне и пропаѓајне на уште еден бетон став, кој ке резултира со огромно незадоволство и пад во партијата на Дпмне.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.411
Поени од реакции
36.344
So drugi zborovi sdsm da prodolzi da pravi toa sto go pravese dosega - unistuvanje na drzavata namesto da zasukaat rakavi i napravat programa i strategija za pobeda
За сдсм не постои друг избор. Потпишаа договор на кој вмро иште од почетокот му се исра и Груевски јавно кажа дека нема да ги исполни клучните услови од истиот (договор за медиумите).
Ова се избори по диктирани услови од дпмне а не според договореното.
Ја колку што знам така договор не функционира.
Ете нека си направат заедничка кампања со дуи и дпа и нека убедуваат зошто треба да се излезе на избори.[DOUBLEPOST=1460022441][/DOUBLEPOST]
Најлесно сега се освојува пратеничко место, ќе земаат пари до март 2017-та, со 4000 гласови ќе се стане пратеник.
Добро би било и некоја албанска партија да излезе на избори, да се уверат дека без коалицирање на опозицијата ќе го јадат од Дуи.
Мислам дека кај албанците одзивот ќе биде уште помал зошто разочараноста од двете албански партии кои што јавно сите гледаат дека се кукли на Груевски е многу поголема.
ДУИ едвај собра сто души на отварањето на орелот во Чаир
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.218
Поени од реакции
25.979
Супер за врхушката на дпмне, тешко на Македонија што соголени бандити ќе ја водат. Интересно четиво за нашата историја.


Сега по мене Заев не смее да оди на избори. Ако оди на избори ни родена мајка нема да гласа за него. За СДСМ постојат две опции, или одложување на изборите додека не се исполни договореното или бојкот и вон-институционално дејствување.

Дпмне реално не исполни ништо од договореното и клучниот услов за реформа на медиумите не е исполнет. Од почетокот цело време одеа на саботажа на договореното од Пржино.
Како паралела би дошло тоа, кога со некој се договараш да купиш кола за 5 илјади евра, под услов тој да ја среди да смени делови итн. Сега тој ти ја носи колата целосно уништена без кочници и ламела и ти вика ете ја колата, ајде сега плати. Ако прифатиш да платиш тоа значи прифаќање на состојбата каква што е дека е во согласност со договореното.

Јас во ваква ситуација доколку нема остра интервенција од странците да сум Заев би одел со една цел, а тоа е што помалку луѓе да излезат на избори. Ова значи започнување на цела кампања. Реално они тука имаат добра основа бидејќи повеќе граѓани се спремни да бојкотираат отколку да гласаат за сдсм. Треба да се претстават изборите за обична партиска фарса, перење на криминал и пребројување на членови. Исто така во ваква ситуација кога ќе почне кампањата треба да се започне повторно со интензивно објавување на прислушкуваните разговори. Е сега вакво нешто бара јако теренско делување а незнам колку сдсм и Заев се кадарни за таква работа.

Како и да е има основа за вакво нешто. Полесно се убедуваат луѓе да не гласаат на избори отколку да гласаат за сдсм, и големата разочараност кај албанците може дополнително да помогне.

Ако излезат помалку од 50% на изборите, вадење луѓе на улица и продлабочување на кризата.
Ако СДСМ не излезе на избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе има над 500.000 гласови на истите. Ако СДСМ излезе на избори, ќе има помалце. Нека бојкотираат, слободно. Му е гајле некому за излезноста кај Албанците.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
ДОМ останува принципиелна како и секогаш - не оди на избори.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.411
Поени од реакции
36.344
Ако СДСМ не излезе на избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе има над 500.000 гласови на истите. Ако СДСМ излезе на избори, ќе има помалце. Нека бојкотираат, слободно. Му е гајле некому за излезноста кај Албанците.
Како ќе ги извади пола милион гласови? Со полнење кутии, уцени за бркање од работа ако не се појават на избори.

Ова само ќе им даде дополнителен мотив на тие што не се за сдсм ни за вмро да не излезат на избори.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.337
Поени од реакции
5.475
ЈАко, цврсто се решат да.мават со глава у зид, и да излезат да гласат, сите знаеме во услови каде нема опозиција, излезеноста ќе е намалена, намалене ке биде и од страна на Дпмне. Логично ќе биде нели, нема опозиција ќе нема ни потреба од максимална подршка на дпмне.
Ајде вака да прокоментираме, ако излезат да глсат 200.000+ (не во максимален број) за дпмне, нели со таа бројка кај луѓето ствара матна слика за нестабилност и мал одзив кај народот за подршка на овај режим од тие "наводни" 500 000. Зошто да не се разгледа и другата страна дека можеби и ова е еден дел од таа политичка и долга игра на Сдсм, за да докаже дека не е толку гласачки јак режимот и да помогни во конечната одлука кај народот на локални.



-Сепак јас стојам на мојата проценка дека ќе има уште едно пролонгирајне и пропаѓајне на уште еден бетон став, кој ке резултира со огромно незадоволство и пад во партијата на Дпмне.
Се чини дека одамна се знаело дека Дпмне и Дуи ќе одат на избори сами. Ти текнува ли во февруари кога Груевски рече дека ќе имало Референдумско гласање.
Епа тоа е, Дпмне организира референдум, дали да останат тие на власт или не. И тие не смеат да паднат испод 400.000 гласа, ако паднат испод тоа, тогаш тоа е нивен крај.

Стварно ли мислиш дека излегувањето на изборите на 5 јуни ќе биде по слободна волја? Па тоа е прашање на живот или смрт за Дпмне ... ако досега барале списоци со 5-10 гласачи, сега ќе бараат над 10 ... ќе има притисоци, расфрлање со пари, жестока медиумска пропаганда, филмови во висок формат, ќе ангажираат странски тимови за правење кампања, спотови, сценографија...
На денот на изборите ќе има јавувања на телефон на вработени во администрација, посета на врата со специјализирани тимови, превоз до гласачко место итн
Кој тоа ќе ги контролира и запре?

Во вакви случаи гласачите само треба да отворат уста и да побарат нешто, речено-сторени ќе биде работата ... сега на Косово имаше избор на претседател (таму пратениците го бираат) ... кога виде мнозинството дека не успеваат да соберат гласови... давале боли глава понуди, оделе на посета кај пратениците дома, и работата била: Кажи што ти фали, твое ќе биде, само дај ни го гласот.

Мислиш немаат пари да го остварат тоа?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.218
Поени од реакции
25.979
Како ќе ги извади пола милион гласови? Со полнење кутии, уцени за бркање од работа ако не се појават на избори.

Ова само ќе им даде дополнителен мотив на тие што не се за сдсм ни за вмро да не излезат на избори.
ВМРО-ДПМНЕ има редовна комуникација со 550.000 граѓани кои тврдат дека ја поддржуваат партијата. Дел од нив, излегуваат на избори и гласаат за друга партија. Во случај СДСМ да не излезе на избори, тоа нема да биде опција. СДСМ нема никаков механизам да ги натера граѓаните да останат дома. ВМРО-ДПМНЕ ги има сите можни да ги натера да излезат.

Надевањето дека на избори без СДСМ, ВМРО нема да префрли 350.000-400.000 гласа, е понаивно од надевањето во договорот од Пржино.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.299
Поени од реакции
81.490
LoL, сеа Груевски сам ќе си праи избори? :vozbud:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.299
Поени од реакции
81.490
Редно беше више да ја чуеме бомбата за Смилковско.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.529
Поени од реакции
23.038
За сдсм не постои друг избор. Потпишаа договор на кој вмро иште од почетокот му се исра и Груевски јавно кажа дека нема да ги исполни клучните услови од истиот (договор за медиумите).
Ова се избори по диктирани услови од дпмне а не според договореното.
Ја колку што знам така договор не функционира.
Ете нека си направат заедничка кампања со дуи и дпа и нека убедуваат зошто треба да се излезе на избори.[DOUBLEPOST=1460022441][/DOUBLEPOST]

Мислам дека кај албанците одзивот ќе биде уште помал зошто разочараноста од двете албански партии кои што јавно сите гледаат дека се кукли на Груевски е многу поголема.
ДУИ едвај собра сто души на отварањето на орелот во Чаир

Naprotiv, vmro ponudi sdsm da odberi zakon za mediumi od bilo koja evropska drzava. Ova sto sdsm go nudi e diktatorski zakon kade zaev ke odlicuva sto i kako da se pisuva vo mediumite
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom