Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.287
Поени од реакции
17.029
А1 тогаш беше институција за Телма и СЈО заедно денес. СДСМ тогаш беше институција за СДСМ денес. Фуере тогаш, беше дипломатиште, споредено со Ван Хојте денес. Има некои со подобро памтење, што знаат како било.
Сепак, ВМРО - ДПМНЕ е во прилично понезавидна позиција од времето кога ја затвори А1 и го апсеше Велија, а тоа секако се рефлектира на нивната моќ во моментов. Уште повеќе што како товар ги имаат бомбите, Специјалното Јавно Обвинителство, реториката на Европјаните и Американците. Не е баш за споредба тежината на таа и оваа битка, без разлика дали во тоа време СДСМ биле институција или не. А јас никако не би го потценувал СЈО и фото-сесијата на Катица во амбасадата на САД.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Реалноста е дека Заев има најголеми муда од сите опозиционери до сега, да беше Бранко веројатно ќе преќутеше за овие снимки или ќе се испазареше со вас па затоа сега го величате демек многу подобра била таа Сдсм со него отколку сега со Заев. Вака ви ги бутнаа засекогаш маските кои добро ги носевте
Па бранко заедно со помош на верушевски и прислушкувани раззговори 2001 направи војна во која успеа да изнуди техничка влада и победи на избори.
Очигледно дека овој пат планот на црпнатиот ќе биде неуспешен
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Па бранко заедно со помош на верушевски и прислушкувани раззговори 2001 направи војна во која успеа да изнуди техничка влада и победи на избори.
Очигледно дека овој пат планот на црпнатиот ќе биде неуспешен
За се е крив Бранко у пм. Ете сега дознавме дека он стои позади буткањето на А1, позади политичкото убиство на Пенов и Трифун, сега кај и да е ќе се дознае дека он стои и позади Груевски. :ROFLMAO:

Ако на некој му гори под ноги тоа е ВМРО. И они се подготвени на СЕ само да победат на избори. А тоа СЕ може да биде и бетер од 2001.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.181
Поени од реакции
10.968
хахахахах Бранко ја напраил војната у 2001, се надминуваат овие од штаб
Смртно ме занима која е процентот на разводи у вмро откако Бранко се повлече и има повеќе слободно време

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Избори на 5ти Јуни.

Помаранџестите, ладни ко шприцер.
Плавите некако ко да им згасна ентузијазмот последниве денови...
Дали дека не успеаа да го задржат повеќе од 2 дена у притвор, не знам....

After all, кратка е раката на сдсм...
 
B

Bafra

Гостин
http://off.net.mk/zhivot-i-zabava/mediumi/protest-pred-cnn-zaradi-neizbalansirano-izvestuvanje
И во САД да ти имало неизбалансирано известување :oops:

Како што ни го пратија оној со мачките да им го пратиме Миленко со шарпланинците :pos: .

Почнаа да го спомнуваат и спорот со Името.
Не ми е проблем само нека кажат бе ЗАШТО .
Бејли биди маж и кажи ЗАШТОоооооо :cuc:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.227
Поени од реакции
26.014
Почнаа да го спомнуваат и спорот со Името.
Не ми е проблем само нека кажат бе ЗАШТО .
Бејли биди маж и кажи ЗАШТОоооооо :cuc:
Затоа што влезот во ЕУ и НАТО се наши стратешки определби. Кога изби политичката криза и тие самите се почувствуваа виновни, затоа што нивната пасивност довела до ситуација на апатија и безнадежност, кои ги креирале проблемите со кои се соочуваме. Па сега како прави другарчиња, сакаат да ни помогнат. :cenzura:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.227
Поени од реакции
26.014
Токму така, ваши стратешки определби.
Едвај чекам референдум за во НАТО да има.
За евентуален влез во НАТО би имало два референдума. Првиот за спорот со името, па ако успее тој за приклучување.

Сем ако не ја притиснат Грција да не става блокада на влез по референцата, во тој случај би се случил само вториот.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.553
Поени од реакции
36.513

Како ли ќе го спреми Груевски говорот кога ќе треба да им соопшти дека треба името да се мења :D
Гледајќи го народов, ќе пушти некоја екстра субвенција, нови два лета со визер и ќе помине и името глатко и слатко.
 
Нема да дојде до тоа, Грција ќе блокира било какво решение пак. Ама ако дојде, Груевски не смее да води кампања. Треба само да распише референдум.
 
Грујо ќе си го викне Заев до него ќе си се гушнат и ќе речат: народе дојде време да ја оставиме историјата назад и да идеме во иднината (ако не направат така частам пиво )

Туку ЗАШТОооо МАКЕДОНИЈА е толку болно :toe:
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
За евентуален влез во НАТО би имало два референдума. Првиот за спорот со името, па ако успее тој за приклучување.

Сем ако не ја притиснат Грција да не става блокада на влез по референцата, во тој случај би се случил само вториот.
побрзајте со референдумо дур уше има луѓе во државата
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.553
Поени од реакции
36.513
Нема да дојде до тоа, Грција ќе блокира било какво решение пак. Ама ако дојде, Груевски не смее да води кампања. Треба само да распише референдум.
Ако грците конечно прифатат некакво решение за името што би можеле да го голтнеме американците и еу на Груевски ќе му дојдат со булдожери на врата, по секоја цена да го помине тој референдум. Не само кај Груевски туку кај сдсм исто. Ќе поделат политичка одговорност колку толку, иако вмро поголем удар би истрпила, зашто знаеш патриоти се едно друго.

И после преку медиуми ќе го убедите народот дека вмро била притисната од мрачни сили, немала избор, соросоидите лобирале многу јако, и пак ќе си останете патриоти.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.227
Поени од реакции
26.014
побрзајте со референдумо дур уше има луѓе во државата
За тоа треба да побрзаат и нашите меѓународни пријатели, и да ја притиснат Грција да прифати решение.
Ако грците конечно прифатат некакво решение за името што би можеле да го голтнеме американците и еу на Груевски ќе му дојдат со булдожери на врата, по секоја цена да го помине тој референдум. Не само кај Груевски туку кај сдсм исто. Ќе поделат политичка одговорност колку толку, иако вмро поголем удар би истрпила, зашто знаеш патриоти се едно друго.

И после преку медиуми ќе го убедите народот дека вмро била притисната од мрачни сили, немала избор, соросоидите лобирале многу јако, и пак ќе си останете патриоти.
Ако дојде до референдум за името, единствено што треба да направи ВМРО-ДПМНЕ е целосно да го презентира решението на јавноста, не само името, туку и сите точки што би ги содржел договорот и да распише референдум. Во совршени услови, не треба да води кампања, ама ако биде приморан да води, во ниеден случај не смее да ја води со цел капацитет.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom